Според извештајот на болницата во Ковид центарот се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на 46 им е потребна кислородна поддршка.
Во меѓувреме штипскиот Затвор го има вториот бран на заразени од почетокот на пандемијата. Петмина осудени лица и двајца вработени се позитивни на корона вирусот.
Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека тројца од осудените лица се спроведени на Инфективното одделение да им се напарави крвна слика и снимка на белите дробови.
-Петмината осуденици се во добра здравствена состојба и се изолирани во две посебни простории, нашиот лекар е во комуникација со инфектолозите и во текот на денот им се прави и мерење на телесната температура и сатурација, информира тој.
Директорот не го открива индентитетот на осудените лица, но неофицијално меѓу заразените се и Митко Чавков поранешен директор на БЈБ и Митко Пешов началник на специјалните полициски сили. Ова е втор бран, со што досега се заразени седумина осуденицици, а заразата ја поминале претходно 15 вработени.