Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје - Канал 5

Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје

-Синоќа во 19 часот и 40 минути голем број членови на Роса упаднаа во населбата Колонија во Звечан. Еден час подоцна Свечија објави дека е пронајден автомобил со одредено количество оружје и експлозив. 

Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје

Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на вонредна прес конференција изјави дека „српските служби ги откриле намерите на институциите на Приштина“, дека во тек е „општа информативна војна“ со намера да и се наштети на Србија, да се спречи какво било продолжување на дијалогот и најави „интензивни средби на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и војската“, и обраќање на Вучиќ на јавноста во рок од 24 часа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Синоќа во 19 часот и 40 минути голем број членови на Роса упаднаа во населбата Колонија во Звечан. Еден час подоцна Свечија објави дека е пронајден автомобил со регистарска табличка BG955ЈW и објави дека е пронајдено одредено количество оружје и експлозив и дека Белград стои зад плановите за терористички напади врз граѓаните и институциите на Косово, рече Петковиќ и додаде дека Свечија го нападнал Белград без никакви докази.

„Нашите служби утврдија кои се вистинските намери на Приштина и за тоа информиравме одредени разузнавачки служби и најголемата сила во светот. Ова е доказ кој покажува дека планот на Албин Курти и Приштина бил оружјето што го собрале од луѓе кои немале дозволи, да го подметнат на Србите за да тоа биде причина за нови апсења„, рече Петковиќ.

„БИА (Безбедносно-инфоративната агенција), многу пред синоќешната акција во Звечан, ја информираше најважната разузнавачка служба во светот дека властите во Приштина се подготвуваат претходно запленетото оружје пред Видовден да го подметнат како изговор за нови апсења и напади врз Србите на северот на Косово“ додаде тој.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во рок од 24 часа ќе и се обрати на јавноста во врска со последните настани на Косово, а во тек се интензивни средби меѓу Вучиќ и воениот врв и дека натамошните одлуки ќе бидат донесени во согласност со развојот на ситуацијата.

-Ќе се бориме да го зачуваме мирот и ќе направиме апсолутно се за да и покажеме на светот и на домашната јавност со какви измами се соочуваме, кои имаат за цел да ја ослабнат Србија и да предизвикаат нови инциденти и да создадат простор за неоправдани апсења на северот на Косово, создавајќи нови кризи и воведувајќи нови конфликти. Зад ова секако стојат големи сили кои им помагаат на Курти и на Приштина, рече Петковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер