ЕвропаПетер Маѓар сака да го забрани враќањето на Орбан во политиката: Одлуката ќе важи ретроактивно Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, се обрати до јавноста еден ден по неговата победа на парламентарните избори на кои неговата партија „Тиса“ ја победи „Фидес“ на Виктор Орбан.Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, се обрати до јавноста еден ден по неговата победа на парламентарните избори на кои неговата партија „Тиса“ ја победи „Фидес“ на Виктор Орбан и најави можност за ограничување на премиерскиот стаж на два мандата, објавува британскиот весник „Гардијан“. За време на кампањата, тој рече дека би сакал да воведе ограничување од два мандата за премиерот и да се обврзе на тоа во уставот. Денес, тој рече дека ова ќе се применува и ретроактивно, што би го оневозможило Виктор Орбан повторно да стане премиер. Да потсетиме дека Виктор Орбан бил премиер во два наврати - од 1998 до 2002 година и од 2010 до 2026 година - тој поминал вкупно 20 години на власт во Унгарија. За време на изборната кампања, унгарската „Тиса“ не штедела на ветувањата. Меѓу другото, тие најавија враќање на дел од „украдениот“ имот, зголемување на пензиите и детските додатоци, како и деблокирање на европските фондови. Со оглед на двотретинското мнозинство што го освоија, тие најавија дека ќе го изменат уставот, законите за финансирање на партиите и изборниот закон, како и медиумските регулативи. Иако е под знак прашалник што всушност ќе се постигне, првите чекори на новата влада веројатно ќе вклучуваат антикорупциски мерки и одлуки за социјалните бенефиции.Тагови: Виктор Орбан Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКос: Доаѓам во Скопјe за да охрабрам прогрес во преговорите за пристапувањеВо пресрет на утрешната посета на Македонија, Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија има историска можност да го заврши процесот на проширување.Во пресрет на утрешната посета на Македонија, Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија има историска можност да го заврши процесот на проширување кое е високо на агендата на Брисел, но дека напредокот на Македонија зависи од исполнувањето на преземените обврски. Во интервју за МИА, Кос ја пофали земјава за спроведувањето ан реформската агенда но и порачува дека истата решителност е потребна за пристапните преговори. - Македонија покажа дека може да испорача резултати кога има политичка волја. Ова јасно го гледаме во нејзините силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Ќе дојдам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во преговорите за пристапување. Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување. - Марта Кос – Еврокомесар за проширување на ЕУ. Како примери за исполнети обврски таа ги посочува Албанија и Црна Гора, но и додава дека оние што не ги исполнуваат обврските заостануваат, одговарајќи на прашањето дали има предви нова иницијатива за деблокада на македонската евроинтеграција. Довербата меѓу земјите кандидати и членките на Унијата е клучно за напредок во преговорите, вели Кос, укажувајќи на добрососедските односи. Но и посочува дека нема случај на давање гаранции на земја кандидат дека нема да се појави друг спор додека траат преговорите. -Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога последната земја-членка ќе го ратификува договорот за пристапување,- - Марта Кос – Еврокомесар за проширување на ЕУ. За време на посетата на земјава, Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. Во фокусот на разговорите ќе биде патот на земјата кон ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда во рамките на Планот за раст за Западен Балкан Тагови: Марта Кос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законикСекоја партија со свoj услов за Изборниот законик, консензусот се понедостижен по денешната средба во Собранието која кратко траеше. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе прифатат сѐ што ќе се договорат опозициските партии за изборниот законик, а единствен нивен услов е дијаспората да може да гласа. Пратеникот Бојан Стојаноски ги повика СДСМ, ДУИ, Левица и другите опозициски партии меѓусебно да постигнат договор за четири клучни прашања – една изборна единица, моделот на финансирање, поплаките и начинот на нивно разгледување, како и моделот за гласање на дијаспората, а ВМРО-ДПМНЕ, како што рече ќе даде бланко поддршка. Координаторот на ПГ на СДСМ Оливер Спасовски денеска не одговараше на повиците и пораките од новинарите, за нивниот став за средбата и повикот од власта. Од неговата партија преку соопштение утринава повторија дека тие не се против гласање на дијаспората, туку против модел кој, како што велат, отвора врата за изборен грабеж. - Власта категорично одбива ДИК со консензус да ги регулира овие процедури. Ако целта им е фер избори, зошто бегаат од механизми за контрола и доверба во процесот? СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, власта треба да се повлече од овие намери и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би да го регулира гласањето на дијаспората. – велат од СДСМ. Истото барање за подзаконските акти во ДИК да се носат со консензус, наместо со мнозинство гласови, го имаат и од ДУИ од каде денеска оценија дека пропаднале меѓупартиските преговори за Изборниот законик и ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека се повлекле и од првично договореното електронско гласање на дијаспората. Единствено позитивно изненадени од денешната средба беа од Левица поради, како што истакна пратеникот Крмов, прифаќањето од ВМРО-ДПМНЕ на нивното компромисно решение за гласање на дијаспората преку пошта само за претседателските избори, во замена за една изборна единица. Сепак, тој не е оптимист дека намерите на власта се искрени, како и тоа дека е можно усогласување на опозицијата. Со став за Изборниот законик се изјасни и Зијадин Села со неговата Албанска лига. Тој бара наместо една, да има 8 изборни единици и отворени листи, додека дијаспората да гласа електронски не само за претседателски, туку и за парламентарни и локални. Во спротивно, вели, ќе продолжат со блокада во комисијата. Од владејачката Вреди, пак, порачаа дека за нив е важно дијаспората да може да гласа, без разлика дали тоа ќе биде електронски или по пошта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотАпокалиптични сцени од Кина: Силно торнадо носеше сè пред себе, најмалку 11 загинатиСилно невреме проследено со грмежи и торнадо ја погоди кинеската провинција Хубеи, при што загинаа најмалку 11 лица, а 331 беа повредени.Најмалку 11 лица загинаа, а 331 се повредени во силна грмотевици што ја погоди кинеската покраина Хубеи. Пет лица ги загубија животите само во градот Еџо, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен. Од понеделник до вторник, силни ветрови придружени со грмотевици ги погодија градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјанинг. Според Синхуа, налети на ветер од осум до 13 степени по Бофортовата скала се регистрирани во 53 општини, што погоди околу 14.600 жители. Ветрови од 13 степени беа измерени во две општини, додека торнада беа регистрирани во некои области. Властите објавија дека обемот на материјалната штета сè уште се проценува, а досега се евакуирани 246 лица. Метеоролошката служба на Хубеи објави дека до 11 часот наутро во вторник, издала голем број предупредувања за лоши временски услови во текот на претходните 18 часа. Иако некои претходни предупредувања истекоа, 86 остануваат на сила, главно поради обилни врнежи од дожд, силни грмотевици и силни ветрови. На граѓаните им беше препорачано да ги следат предупредувањата и состојбата на водотеците, како и да преземат заштитни мерки. Откако помина бурата, речиси 3.000 лица од различни служби беа распоредени во Хуангганг за да учествуваат во операциите за спасување и помош. Во округот Хуангџоу, 103 жители од 81 домаќинство кои живееја во дотраени или високоризични згради беа евакуирани и безбедно згрижени, објавува CCTV News. Според истиот извор, бурните ветрови во округот Хуангџоу собориле голем број дрвја, предизвикале човечки жртви во станбените области и оштетиле возила и деловни објекти. Градот Еџоу активирал црвено предупредување за опасно конвективно време во понеделник во 19:00 часот. Прелиминарните податоци до 5:10 часот наутро во вторник покажуваат дека 428 лица биле погодени, пет лица загинале, а 178 биле евакуирани на безбедни локации. 155 домаќинства, или 378 станбени единици, биле оштетени, објави CCTV News, повикувајќи се на Бирото за управување со вонредни состојби во Еџоу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter