3Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции
ЕвропаБудимпешта слави, Орбан призна пораз по 16 години властСтотици илјади граѓани ја преплавија Будимпешта славејќи ја убедливата победа на новиот премиер Петер Маѓар и неговата партија „Тиса“. Вака синоќа изгледаше главниот град на Унгарија – стотици илјади граѓани ги преплавија улиците на Будимпешта и со знамиња, факели и музика ја прославуваа убедливата победа на сега веќе и официјално идниот премиер на Унгарија – Петер Маѓар. Тој и неговата партија Тиса добија двотретинско мнозинство во Парламентот. Во победничкиот говор Маѓар најави враќање на Унгарија на Евроатлантскиот пат, не исклучи и преговори со Рускиот претседател Владимир Путин за енергетските ресурси, но како што нагласи, без да станат пријатели. „Тиса и Унгарија победија на овие избори. Не за малку, туку за многу. Ви благодариме за приближно 3,3 милиони гласови со кои ни дадовте историски авторитет да владееме. Унгарија повторно ќе стане силен и сигурен сојузник во рамките на ЕУ и НАТО. Праведното место на Унгарија секогаш било и ќе остане во Европа.“ По 16 годишното владеење на премиерот во заминување Виктор Орбан и неговата партија Фидез, тој го призна поразот и најави дека никогаш нема да се откаже од активно учество во опозициските редови. Наспроти 138 те пратеници на Тиса, Фидез доби 55 пратеници. „Ние ќе им служиме на нашата земја и на унгарската нација од опозицијата. Два и пол милиони гласачи ни веруваа и сакаме да им ја пренесеме оваа порака - никогаш нема да ве разочараме. Но, има едно нешто што сите треба да го знаат, тука и во целата оваа земја - никогаш нема да се откажеме. Никогаш.“ Честитки за победата Маѓар доби и од претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен, лидерите на Франција и Германија, од соседна Србија како и од украинскиот претседател Володимир Зеленски, чијашто држава веднаш по победата на Маѓар го отстрани досегашното предупредување за украинските државјани да се воздржат од патувања во Унгарија. „Унгарија ја избра Европа. Европа отсекогаш ја бирала Унгарија. Земјата го враќа својот европски пат. Унијата станува посилна.“ „Украина отсекогаш се стремела кон добрососедски односи со сите во Европа и ние сме подготвени да ја унапредиме нашата соработка со Унгарија. Подготвени сме за состаноци и заедничка конструктивна работа во корист на двата народа, како и за мир, безбедност и стабилност во Европа.“ „Честитки до Петер Маѓар за неговата изборна победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да расте. Исто така, му сум благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат ваквите односи.“ Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков рече дека Руската Федерација го почитува изборот на унгарците и дека е отворена за продолжување на контактите со новото Унгарско раководство, особено во делот за нивното понатамошно користење на нафтопроводот Дружба. Излезеноста на овие избори во Унгарија се бележи како рекордна – 77,80% од избирачите го оствариле своето демократско право. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДржавните компании со план за задржување на цената на струјата, конечниот збор кај ЕВН и МЕПСОВладата нема да бара покачување на цената на електричната енергија и покрај алармантната состојба на светските берзи, но дали и колку таа ќе се зголеми ќе зависи и од ЕВН и МЕПСО.Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните од 1 јануари ќе плаќаат поскапа струја. Тој посочи дека е договорено АД ЕСМ на јавниот повик на ЕВН Хоум да достави понуда со иста цена како минатата година. – Што се однесува до државата ние ќе се обидеме да останеме на нула, односно да нема поскапување. Направивме еден бизнис план со кој што нема да бараме покачување на цената на струјата, производот ќе биде со иста цена, зборувам како државни компании, државна компанија е АД ЕСМ и на крајот од 2027 година ќе целиме на профит, кој што би го остварила оваа компанија, таков е овој бизнис модел што го креиравме и да видиме сега дали ќе функционира,- изјави премиерот Христијан Мицкоски. За разлика од струјата, кај парното поскапувањето ќе биде неизбежно. Мицкоски рече дека барањето за покачување на цената е значително, особено поради трикратно повисоката цена на гасот во однос на истиот период лани, но дека Владата ќе се обиде поскапувањето да го сведе на минимум. - Што се однесува до топлификација, тука се бара поскапување, многу големо. Цената на гас е трипати поголема од минатогодишната цена за ист период, но и тука ќе се бориме да нема алармантно зголемување на цената, односно да биде во рамките на нешто што максимум, односно минимум . може да се издржи и со тоа ќе бидеме земја со убедливо најниски цени на дизел и безоловниот бензин горивата и електричната енергија и затоплувањето во Европа,- ,- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот кажа и дека го добиле одговорот на студентите за промена на моделот на финансирање на студентскиот оброк. Најави дека повисок износ ќе добиваат од следната учебна година, а во тек е и активирањето на онлајн платформата М-Услуги, преку која ќе го остваруваат ова право. Дополнително, студентите ќе можат да користат и попусти во одредени угостителски објекти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоНатпросечно високи температури – од утре големо заладувањеНевообичаено високите температури за овој период од годината и честите временски промени сè повеќе се одразуваат врз секојдневието на граѓаните. Иако сме во средината на ноември, Температурите повеќе наликуваат на пролетни. Граѓаните, посебно повозрасните велат дека ваквите температурни осцилации им прават здравствени проблеми. Дополнително, наглите температурни разлики можат да предизвикаат тегоби, особено кај хронично болните, повозрасните и лицата со кардиоваскуларни проблеми. Главоболки, вртоглавици и промени во крвниот притисок се дел од тегобите што можат да се појават при температурни осцилации. Лекарите предупредуваат дека ваквите промени можат да ги погодат и помладите, а не само повозрасните граѓани. „Сведоци сме дека изминатиот период имаме доста варијации на температурата...Вчера,денешниот ден, утре се очекува и пад на температурите. 00:48 Секоја популација е засегната од ваква разлика на температурите , најчесто е популацијата којашто се во оние ризични години од 40 до 60, но засегнати се и помладите.Кога имаме промена на температурите најчести симптоми се вртоглавици, главоболката може да се јави и поспаност, губење на концентрација,Но. Бидејќи периодов е сезона на грип кадешто имаме доста вируси , доста се испреплетени симптомите покрај главоболка, може да се јави и покачена температура, болка во грлото“-– докторка, Итна медицинска помош. Но, топлото време среде ноември нема долго да се задржи. Метеоролозите најавуваат голем пресврт. Веќе од утре ни следува заладување. Инаку, силниот ветер, кој синоќа на места беше над 80 километри на час, предизвика помали штети. Во близина на црквата „Св. Богородица“ во скопје, голема гранка падна врз автобуска постојка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции7,16 милијарди евра планира да потроши државата во следната 2027 година.. Според предлог буџетот кој влезе во собраниска процедура, планирани се приходи од 6,43 милијарди евра, што значи дека буџетскиот дефицит е проектиран на 731,7 милиони евра.. Капиталните инвестиции се за околу 70 милиони евра помалку, односно предвидени се 663,4 милиони евра. Министерката за фианснии Кочоска, во своеото експозе кажа дека очекува ваквиот буџет да го продолжи трендот на раст на економијата, што се бележи во претходните две години. -Во 2027 година се очекува продолжување на позитивните економски движења и реален раст на БДП од 3,8 проценти. Главен двигател на растот повторно ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто-инвестициите се проектирани да забележат раст од 6,8 проценти, поддржан од продолжувањето на големите инфраструктурни проекти, инвестициите во енергетиката, обновливите извори на енергија, здравството, образованието и земјоделството. Се очекува продолжување на инвестициската активност на домашните претпријатија, како и прилив на нови странски директни инвестиции и проширување на капацитетите на постојните инвеститори. Приватната потрошувачка се очекува да бележи раст од 2,5 проценти, поддржана од растот на расположливиот доход, зголемувањето на вработеноста и платите, редовното усогласување на пензиите и растот на кредитирањето на населението,- Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии. Од Фискалниот совет предупредуваат дека и покрај проектираното подобрување на буџетското салдо, остварувањето на планираниот дефицит останува изложено на ризици. Во 2027 година државата треба да сервисира долгови во вкупен износ од околу 2 милијарди евра, меѓу нив е и еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година, која доспева во март следната година. -Предлог-буџетот за 2027 година предвидува номинално намалување на дефицитот, а неговото остварување останува изложено на значајни ризици. Тековната буџетска година нè упатува да бидеме претпазливи кон овој ризик. Имено, согласно проекциите, приходите растат побрзо од расходите и се планира подобрување на примарното салдо,- Абдулменаф Беџети – претседател на Фискален совет. Од опозицијата, пак, критикуваат дека буџетот не е доволно развоен и дека најголемиот дел од средствата се наменети за тековно функционирање на системот, наместо за капитални инвестиции. - 91 процент од расходите се наменети за тековно функционирање на системот, додека 9,3 проценти непосредно се издвојуваат за капитални вложувања. Државата издвојува огромни средства за да ја одржува економијата каква што е, додека развојниот маневарски простор останува намален. Додека Владата се обидува да нè увери во постоење на фискална стабилност, јавниот долг достигна 10,93 милијарди евра. На крајот на 2023 година изнесуваше 8,5 милијарди евра. Тоа се дополнителни 2,5 милијарди евра долг,- Фатмир Битиќи – СДСМ. Најголем дел од расходите во буџетот, односно околу 3,6 милијарди евра, ќе бидат наменети за социјални трансфери. За пензии се предвидени околу 2 милијарда евра, додека за плати во јавниот сектор околу 930 милиони евра. Тагови: Предлог буџетот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20