Пет земји од ЕУ се противат на предлогот на САД за укинување патент на ковид-вакцините

Пет членки на Европската унија се дистанцираа од идејата за откажување од патент за вакцините против коронавирус, велејќи дека клучот за крајна победа против пандемијата е во брзото производство на вакцината.

Лидерите на ЕУ дискутираат за суспендирање на патентот, идеја поддржана од американскиот претседател Џо Бајден, на дводневниот самит што започна денеска во португалскиот град Порто, но се поделени околу придобивките од предлогот.

"Никој нема да биде сигурен сè додека не бидеме сите. Ако се вакцинираме само во развиените земји, нашата победа против ковид-19 ќе трае кратко. Сведоци сме колку брзо вирусот мутира, создавајќи нови варијанти кои носат нови предизвици", рекоа лидерите на Белгија, Шведска,Франција, Данска и Шпанија во заедничко писмо до Европската комисија.

"Вакцините станаа клучна безбедносна политика, а ЕУ не може да си дозволи да доцни. Затоа, зголемувањето на европскиот производствен капацитет е клучен приоритет", се вели во писмото.

Експертите сметаат дека за укинување на патентите ќе се преговара со години и дека нема да се допираат клучните прашања за зголемување на производството на вакцини, пишува Ројтерс.

„Кое е моменталното прашање? Не е тоа интелектуалната сопственост. Можете ли да ја дадете вашата интелектуална сопственост на лаборатории кои не знаат како да произведуваат и нема утре да произведат?“ рече францускиот претседател Емануел Макрон во воведот на самитот.

„Главното прашање е солидарноста во распределбата на дозите“, нагласи Макрон, додавајќи дека Франција соработува со Германија за ова прашање. Берлин исто така вчера се спротивстави на идејата за суспендирање на патентите.

Во средата, Бајден го прифати повикот на Индија и Јужна Африка да се откажат од патентите, одговарајќи на притисокот од пратениците и стотици други држави, но исто така ги разбесни фармацевтските компании.

Некои официјални претставници на ЕУ изјавија дека ќе бидат потребни две години да се постигне согласност за суспензија на патентите во Светската трговска организација (СТО), сè додека вакцините не станат ирелевантни за сегашната пандемија.

Лидерите на ЕУ во Португалија најверојатно ќе ја слушнат препораката на Европската комисија дека суспензијата на патентите нема да го забрза производството, особено во посиромашните земји, бидејќи за производствениот процес се потребни напредна технологија и постројки, пишува Ројтерс.

Германија, каде е седиштето на BioNTech, која ја разви вакцината mRNA против covid-19 со американски Pfizer, се спротивставува на откажувањето од патентот, додека Италија го поддржува, откриваат официјални претставници на ЕУ.

Вучиќ утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на резолуцијата за Сребреница

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе отпатува за Њујорк, каде со делегацијата ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која наредната недела е на дневен ред на Генералното собрание на ОН, а амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата ги нарече „валкана игра“.

„Утре одиме во Њујорк, четири до пет дена ќе поминеме во Њујорк, ќе имам голем број средби, а во четврток сите заедно ќе се бориме“, истакна денеска Вучиќ во телевизиско интервју.

Тој рече дека со него во делегацијата треба да одат само оние кои се „подготвени за борба на секој можен начин“.

Предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за кој ќе расправа Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 23 мај, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за злосторството геноцид е индивидуализирана“.

Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора.

Осврнувајќи се на амандманите што Црна Гора ги достави на резолуцијата за Сребреница, а кои главно беа прифатени, Вучиќ тоа го нарече „валкана игра“.

„Тоа е валкана игра и перфиден трик. Тие намерно оставаат простор за јасен заклучок за морална и политичка одговорност“, рече Вучиќ и додаде дека по враќањето од Њујорк ќе каже со кого за тоа преговарата Црна Гора. /МИА

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж утре ќе дознае дали е изгубена неговата 13-годишна правна битка против екстрадицијата од Велика Британија во САД, каде што е обвинет за шпионажа.

Двајца судии на Високиот суд во Лондон утре ќе одлучат дали британскиот суд ги прифаќа гаранциите од Вашингтон дека Асанж (52) нема да се соочи со смртна казна за време на судењето за шпионажа во САД и ќе може да се повика на правото на слобода на говорот од првиот амандман.

Адвокатскиот тим на Асанж вели дека опциите се отворени - тој би можел да се најде во авион за Америка во рок од 24 часа, би можел да биде ослободен или неговиот случај да оди во нова, повеќемесечна правна процедура.

„Имам чувство дека се може да се случи во оваа фаза. Може да биде екстрадиран или да биде ослободен“, изјави сопругата на Асанж, Стела минатата недела.

Викиликс објави стотици илјади доверливи американски воени документи за американските војни во Авганистан и Ирак, како и голем број дипломатски телеграми, поради што американското обвинителство го товари Асанж за кршење на Законот за шпионажа. /МИА

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

притисни ентер