3Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
ЗдравјеПет здравствени проблеми што се јавуваат како последица на апстиненција Вака недостигот на интимни односи влијае на вашето тело и психа!Животот во целибат може негативно да се одрази на комплетната состојба на организмот. Трејси Кокс е стручњак за интимни односи и вели дека редовното водење љубов може да има позитивно влијание врз здравјето, додека животот во целибат има негативно влијание на здравјето и ја загрозува емотивната врска. 1. Инконтиненција и атак на ткивото на вагината Кога жената доживува оргазам, се јавуваат контракции на карличното дно, а мускулите се зајакнуваат и ја подобруваат функцијата на мочниот меур, со тоа се намалува можноста за инконтиненција. Слабото карлично дно не само што го прави оргазмот помалку пријатен, туку влијае и на способноста на жената да го доживее истиот за време на сексуалниот однос. Колку помалку ги користите мускулите, толку контракциите стануваат послаби. Редовните интимни односи исто така ја зацврстуваат вагината. Недостатокот на интимни односи влијае врз вагиналното ткиво така што тоа станува потенко и поподложно на кинење. Покрај тоа, доколку немате редовни интимни односи, клиторисот привремено се намалува и ја губи сензитивноста. Атрофијата на клиторисот се јавува како резултат на намалената циркулација во овој дел од женското тело. 2. Главоболки и полошо здравје на срцето Интимните односи може да бидат и природен лек за болка, бидејќи ендорфинот што го преплавува телото за време на водењето љубов може да помогнат во ублажување на менструалните болки и главоболките. Акцијата во креветот го зголемува пулсот, го зголемува протокот на крв и придонесува за општото здравје на срцето. Исто така, редовните интимни односи се добри и за трошење на калории - согоруваат од 150 до 200 калории на час. 3. Анксиозност и стрес Интимните односи ги ублажуваат анксиозноста и стресот така што ги активираат хормоните окситоцин и допамин. Овие хормони го опуштаат нашето тело, го зголемуваат нашето расположение и ја зајакнуваат врската со партнерот. Исто така, интимните односи го намалуваат нивото на кортизол и адреналин, а тоа, пак, го намалува чувството на анксиозност. 4. Проблеми со спиење и депресивни состојби Ако одлучите да живеете во целибат, може да имате проблеми со спиењето. Доживувањето оргазам го подобрува квалитетот на сонот и прави да заспиете побрзо. Покрај зголемениот стрес и анксиозност, апстиненцијата ја зголемува веројатноста за депресија, чувство на неприпадност и недостаток на самодоверба. Интимниот однос еднаш неделно ја подобрува комуникацијата со партнерот, блискоста и поврзаноста, и влијае позитивно на вашето расположение, пишува Дејли Мејл. 5. Слаб имунитет Луѓето кои имаат редовни интимни односи имаат и појак имунолошки систем. Витаминот Ц е достапен во различни форми и може да биде добра заштита од вируси, но водењето љубов е секако позабавно. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook