Пет случаи на семејно насилство за еден ден- претепани четири сопруги и една мајка - Канал 5

Пет случаи на семејно насилство за еден ден- претепани четири сопруги и една мајка

Три лишени лица од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие.

Пет случаи на семејно насилство за еден ден- претепани четири сопруги и една мајка

На 22.05.2026 околу 22:25 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријави дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг.

На 22.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(50) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 08:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал.

На 23.05.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.А.(18) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36 годишна мајка, дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неа и на неговиот малолетен брат. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.

На 22.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот, нејзиниот сопруг, со кого не живеат заедно и имаат нарушени односи, физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка.

На 22.05.2026 во 23:35 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Н.П.(37) од виничко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со неговата мајка физички ја нападнале неговата 22-годишна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проблеми со Фејсбук и Инстаграм

Корисниците ширум светот се жалат на падот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Проблеми со Фејсбук и Инстаграм

Проблемите се различни, од тоа што луѓето не можат да се најават на своите сметки, не можат да испраќаат пораки, до тоа што не можат да го освежат својот фид.

Се чини дека проблемот трае веќе некое време, во зависност од територијата каде што се наоѓаат корисниците.

Исто така, се чини дека проблемите не се ограничени само на десктоп или апликации, туку се појавуваат без никакви посебни правила на обете.

Мета сè уште не објавила, па се претпоставува дека проблемот наскоро ќе биде решен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. 

Пет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

На 11.06.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син, а потоа со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка.

На 11.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.П.(35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34 -годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди.

На 11.06.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.С.(28) од Велес. Според пријавеното од неговата 48-годишна мајка, тој дошол во домот, се заканувал, оштетил дел од инвентарот и предизвикал страв и кај другите членови од фамилијата и на тој начин дека не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со неговите родители, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето. За настанот е известен јавен обвинител.

На 11.06.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Н.(39) од Куманово затоа што околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка. Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син.

На 11.06.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А..

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за правда: Разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа  осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

Министерство за правда: Разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство

На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои беа потребни дополнителни појаснувања. Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување.

Веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки.

Министерството за правда изразува благодарност до сите членови на Работната група, претставниците на институциите и политичките субјекти за нивниот активен придонес во процесот на подготовка на реформите во изборното законодавство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер