Пет години од членството во НАТО- Муцунски одржа средба со амбасадорите на земјите членки - Канал 5

Пет години од членството во НАТО- Муцунски одржа средба со амбасадорите на земјите членки

На 27 март во 2020 Македонија стана триесетта членка на НАТО Алијансата, со која се исполни стратешката определба на земјава која беше зацртана уште во собраниската резолуција донесена 1993 година.. 

Пет години од членството во НАТО- Муцунски одржа средба со амбасадорите на земјите членки

Денеска повеќе од било кога, потребна е јасна стратегија за остварливи европски и евроатлантски перспективи кои ќе бидат преточени во интеграција - порача шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски на одбележувањето на пет годишнината од членството на Македонија во Алијансата. Пред амбасадорите на земјите-членки на НАТО, Муцунски истакна земјава е свесна за тежината на предизвиците со кои се соочува, но и одлучна да ги оствари стратешките цели. Муцунски нагласи и дека македонската надворешна политика има три константи, членството во НАТО, усогласеноста со надворешната политика на ЕУ и партнерството со САД кои како што кажа, целосно кореспондираат со македонските национални интереси.

„Потребна е јасна и одржлива стратегија за остварливи европски и евро-атлантски перспективи кои ќе бидат преточени во интеграција. Процесот на интеграција се докажа како најдобра алатка за подобрување на безбедноста, постигнување на одржлива стабилност и затворање на вакумот за дестабилизирачки влијанија. Ние од наша страна целосно сме посветени заедно да работиме со нашите партнери за зајакнување на отпорноста на нашето општество.“

Муцунски во обраќањето се заблагодари и за дадената и понудената помош од земјите-членки на Алијансата за итното згрижување на настраданите од трагедијата во Кочани. Солидарноста како што кажа тој, е главна карактеристика на НАТО, а таа според него, била целосно демонстрирана изминатиот период.

„Вашиот брз одговор ја покажа силата на солидарноста, која е главната карактеристика на нашиот сојуз, а која во овој случај беше демонстрирана од се срце. Овој случај уште еднаш ја покажа важноста на солидарноста која треба целосно и заеднички да ја негуваме како наш главен столб во меѓусебните односи. Ви благодариме уште еднаш за сета поддршка и изразите на сочувство за еден од најтешките моменти за нашата земја.“

Македонија и официјално стана триесеттата земја- членка на НАТО на 27 март 2020 година откако преку македонската амбасада во американскиот Стејт Департмент беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Српската пејачка Јелена Карлеуша го обвини својот екс сопруг , поранешниот фудбалер Душко Тошиќ дека ја нападнал неа и нејзиното момче! Таа откри и дали неговата нова девојка Нора е сè уште во брак.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Јелена Карлеуша се огласи на својот X профил, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за прв пат објави фотографија со својата нова девојка Нора.

Контроверзната Карлеуша не штедеше зборови за својот поранешен сопруг, а откри и дека Нора е сè уште во брак.

- Никогаш физички не би го нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка на начинот на кој тој нè нападна мене и моето момче иако долго време бевме разведени (претпоставувам дека ќе го стори тоа и нејзиниот сопруг).

Ако сакав да тепам проститутки, ќе почнев од Турција. Но, ги сакам новинарите кои се тркаат наоколу, ги фалат моите бивши, а воедно имаат амнезија за годините злоупотреба. Поради ова, ниту еден новинар нема да добие изјава од мене повторно. Сега нека ви ја дадат Карлеуш од Тему - напиша ЈК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Една од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. 

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите.

Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент.

Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот.

Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел.

Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца.

Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце.

На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден.

Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат.

„Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата.

Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година.

За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година.

Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер