Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотПештера Убавица: Заспаната убавица во средиштето на планината Буковиќ се разбудиПомислата на пештера, кај обичниот човек наведува на мистерија и се поврзува со митови околу кои се плетат разни приказни и верувања. Таквите верувања доскоро владееја и кај луѓето кои живеат во близина на пештерата Убавица во гостиварското село Горна Ѓоновица. Сега се знае дека оваа пештера крие богатство, секако не како она во приказната за пештерата на Али Баба. Во средиштето на планината Буковиќ се наоѓа убавина од која застанува здивот. Не се потребни магичните зборови „Сезаме отвори се" за влез во пештерата на Али Баба. Отскоро тоа е многу полесно и секако побезбедно. Со најава на Фејсбук или телефон. Специјалисти водичи со заштитна опрема ќе ве внесат во внатрешноста на една од најраскошните пештери во Македонија. Природата со илјадници години љубоморно ја чувала заспаната убавица од погледите на луѓето. Во пештерата до пред некоја година влегувале авантуристи, трагачи по возбуди и научници. Оставена без заштита и грижа, таа била изложена на вандализирање и уништување на пештерските украси. МИА ќе ви претстави уште една од македонските природни убавини. Една од најдолгите пештери во Македонија Убавица" или Ѓоноичка пештера се наоѓа во непосредна близина на гостиварското село Горна Ѓоновица. За да се дојде до неа, треба да се минат петнаесетина километри по стариот макадамски пат Гостивар – Кичево, а потоа педесетина метри над патот е влезот на овој бисер на подземните убавини. Универзитетскиот професор Ивица Милевски од Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во еден текст дава еден мал историјат за пештерата која на пошироката јавност и станала позната кон средината на минатиот век. -Во почетокот на шеесеттите години на минатиот век (1962 – 1966) д-р Душан Манаковиќ, професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет од Скопје, со група вљубеници во подземните убавини и авантури, вршел испитувања на оваа дарба на природата. Резултатите од истражувањата подоцна ги претставил пред пошироката јавност, предизвикувајќи голем интерес. Инаку, името „Убавица" е дадено поради изразитиот сталагмит во форма на женска силуета, но и поради големото богатство од разновидни подземни природни украси. Во пештерата има богат пештерски живот, лилјаци и пештерски штурци и други форми на флора и фауна. Професорот Милевски наведува дека пештерата „Убавица" е ретка и единствена со својот раскош, со безбројните фигури од сталактити и сталагмити создавани со илјадници години, неколку галерии, столбови, исшарани тавани, разновиден пештерски накит, канал со вода, езерца, пет врела. Особено впечатлив е извонредниот водопад висок седум метри на крајот од големата сала до кој може да се оди без специјална опрема. Во август 2005 година пештерата ја истражуваше заедничка спелеолошки екипа составена од искусни спелеолози на спелеолошкото друштво Пеони од Скопје, француска спелеолошки-нуркачка експедиција и спелеолошкото друштво Инфериум од Кичево. По двомесечни секојдневни истражувања, открија нови подземни канали богати со разновиден пештерски накит. Спелеолозите претпоставуваат дека излезот на оваа пештера е од другата страна на планината Буковиќ, кај кичевското село Зајас. Заедно со претходно откриените 500 метри и новите 800 метри, „Убавица" стана меѓу најдолгите пештери во Македонија. Половина век мета на вандали И покрај тоа што оваа пештера е откриена пред пет децении доскоро ништо не е преземено за уредување на просторот и таа да биде достапна за љубителите на чудата што ги има создавано природата со илјадници години. Таа остана незаштитена на милост и немилост и недостапна за туристички посети. Научната јавност предупредуваше дека е регистрирано уништување на формите од несовесни поединци. Локалните жители често сведочеа дека има луѓе кои влегуваат во пештерата со цел да ги искршат и извадат дел од украсите што се создавани со години. Општина Гостивар заспаната убавица ја буди од заборав и наоѓа начин да таа да биде заштитена и од неа да се направи туристичка атракција. Пред речиси шест години (2015 година), локалната власт поведува иницијатива. Подоцна во 2018 година, се реализира проектот „Зајакнување на локалните актери за истражување и конзервација на природното наследство на пештерата Убавица". Со пари од ЕУ преку Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, што ја спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина се дојде до посакуваната цел. Пештерата „Убавица" стана видлива и достапна. Тоа дојде како производ на долгогодишната соработка со италијанските спелеолози и локалниот спелеолошки клуб „Кораби". Следуваа истражувања што ги спроведоа светски познати експерти од областа, беше уреден влезот на пештерата за посетители, обучени 12 локални спелеолози, комплет опрема за шест лица и беше направено снимање на внатрешноста. Единствена македоска пештера со три-де визуелизација Дека пештерите не бездруго се загадочни и носат неизвеснот го потврдуваат и спелеолозите. Тие препорачуваат: Посета на пештерите без стручен водич е опасна. Затоа од голема важност да контактираат со надлежни стручни лица, но и да обезбедат опрема да имаат вештини при посета на пештера. Иако важи за една од најдостапните, пештерата „Убавица" поради хоризонталната ориентација, не може да се посети во секој период од годината поради зголемување на протокот на водата, која се наоѓа речиси во текот на целиот предел на пештерата. Заинтересираните можат да се јават во СК „Кораби". Доколку имате страв или едноставно не сте во можност да ја посетите во живо, можете преку овој линк на еден „побезбеден" начин да ја задоволите љубопитноста http://www.studiotecnicomt.it/Virtual_tour/Ubavica_Cave/05-Tour/Ubavica_2018.html Преку виртуелната тура, наменета за пошироката јавност не мора да влезете во внатрешноста. Три де (3 D) е создадена по топографското скенирање на пештерата и дава извонреден приказ на оваа природна убавина. Летово, заради ограниченото движење и забраните за патување во странство, пештерата ја посетија многу туристи и беа организирани повеќе тури. Меѓу последните беше и Рејчел Халовеј амбасадорката на кралството Велика Британија. Таа во ноември ја посети и ја разгледа внатрешноста. Кога сме веќе кај пештерите, во Македонија се претпоставува дека има над 500 пештери. Ние ќе ви понудиме еден мал водич: Во Македонија се истражени 346 пештери и 12 јами и понори. За најдлабок објект се смета Солунска Глава, со длабочина од 450 метри. Овој објект е и најголем на Балканот, а во него има извонредни украси од зелен мраз и сталагмити високи до два метра. Посебна е пештерата Змејовец за која според легендата на Марко Цепенков, во оваа пештера доаѓале луѓе од секаде, поради лековитата вода што се наоѓала во пештерата. За најдолга хоризонтална пештера се смета Бела Вода, во близината на Демир Капија, со должина од 955 метри. За најубава се смета Слатински Извор. Со Законот за заштита на природните реткости се опфатени следниве пештери: Горна Слатинска Пештера (единствената пештера во Македонија со влез и со излез), Млечник, Убава и Пешна. Угледниот американски весник „Њујорк тајмс" пишува дека пештерата Пешна кај Македонски Брод е идентична со измислените волшебни пештери кои биле специјално направени за снимањето на најпопуларниот филм на магијата и волшебството – Господарот на прстените. Сепак, најпозната и најдлабока пештера во Македонија е Врело./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28