Пешевска: Шахпаска ветуваше неодложно реагирање на институциите во случај на насилство - Канал 5

Пешевска: Шахпаска ветуваше неодложно реагирање на институциите во случај на насилство

Неспособноста на власта резултира со нова група Јавна соба на Телеграм. Една ваква група во минатото беше затворена, рече Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. 

Пешевска: Шахпаска ветуваше неодложно реагирање на институциите во случај на насилство

Власта со својата неодговорност и незаинтересираност за ништо друго, освен за своите лични интереси дозволи да се појави повторно таква група.

И замислете – власта не презема ништо!

Нема никакви активности, уште помалку резултати. Кога станува збор за оваа власт или конкретно надлежните за овој случај Оливер Спасовки, Јагода Шахпаска ги нема никаде.

Каде е Шахпаска да реагира?

До вчера ветуваа заштита на човекови права, заштита на жени и девојчиња, спречување на дискриминација, а денес целосен молк!

Секојдневно се појавуваат жртви од оваа монструозна група, сведоштвата на жртвите се брутални, а институциите се без реакција.

Едно е јасно, власта не е способна да се справи со случајот Јавна соба.

Групата функционира со месеци, јавноста е вознемирена од исказите на жртвите и се поприсутен е стравот за безбедноста на нашата младина, а конкретни чекори од надлежните институции нема ни во најава.

На површина испливаа лажните заложби на оваа Власт, иако пред само неколку дена во собранието се изгласа законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, каде министерката Шахпаска повторно ветуваше итно и неодложно постапување на институциите во случај на насилство, а сега во пракса нема никаков чекор за заштита на лицата иако содржините во групата јавна соба се најава за насилство.

Како Унија на жени изразуваме силна осуда за злоупотребата и вознемирувањето на жени и девојчиња преку групата Јавна соба.

Бараме институциите на системот, да се разбудат од зимскиот сон и да реагираат час поскоро, за да се спречи понатамошна злоупотреба и создавање на нови жртви.

Упатуваме уште еден апел до министерката Шахпаска и министерот Спасовски, веднаш да им помогнат на жртвите и да им излезат во пресрет за идните чекори кои се последица од оваа злоупотреба.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер