ЕвропаМерц: Целосно е неприфатливо за иднината на Украина да се расправа без Украина Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија мора да покаже дека е сериозна во врска со прекинот на огнот и мировниот договор на разговорите во Абу Даби следната недела. Мерц го изјави ова денес во Берлин, каде што беше домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мерц рече дека новата рунда преговори меѓу преговарачите од Украина, Соединетите Американски Држави и Русија е „вистински чекор“ кон прекин на борбите и дека е клучно Европа да учествува во тој процес. „Но, би рекол и дека е важно Русија конечно да се вклучи во сериозни преговори за прекин на огнот и последователен мировен договор. Досега не сум видел никакви знаци за тоа“, изјави тој пред новинарите. Средбата во Абу Даби на 10 и 11 ноември, првите директни разговори меѓу Украина и Русија од февруари, треба да вклучи дискусија за безбедносни гаранции, „енергетски прекин на огнот“ и прекин на огнот на Црното Море за да се гарантира извозот на храна, рече Зеленски. „Сосема е неприфатливо да се дискутира за иднината на Украина без Украина“ Мерц нагласи дека секој траен договор би морал да ги вклучи европските земји, кои досега беа во голема мера исклучени од напорите предводени од емисарите на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Осврнувајќи се на состанокот на лидерите на Г20 во Мајами во декември, Мерц рече дека Зеленски треба да биде присутен и ако Трамп го покани рускиот претседател Владимир Путин. „Според мене, сосема е неприфатливо трети земји да разговараат за иднината на Украина без учество на самата Украина“, рече тој. Зеленски се надева дека ќе се сретне со Путин „Но, овие преговори навистина мора да доведат до прекин на непријателствата“, додаде тој. Мерц нагласи дека Германија, земјата што во моментов дава најголема поддршка на Украина, ќе продолжи да обезбедува воена помош. „Го правиме ова во наш интерес, во интерес на Европа и во интерес на стабилен политички поредок во Европа“, рече тој. Зеленски, исто така, рече дека се надева дека претстојните разговори меѓу руските и украинските преговарачи, со американско посредништво, ќе доведат до средба со неговиот руски колега, Владимир Путин.Тагови: украина Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отстоГлавните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг. Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“.. Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со студено утроВремето денеска според УХМР ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -10 Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -5 Крушево, Берово, -3 Лазарополе, -2 Виница, -1 Струмица, Штип, Прилеп, 1 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Скопје-Петровец, Битола, Велес, 3 Кавадарци, Демир Капија, 5 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 20 Лазарополе, 12 Пожаране, 11 Крушево, 10 Попова Шапка, Охрид, 7 Претор, 6 Крива Паланка, Тетово, 3 Прилеп, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 1 Велес, Штип, Виница, Берово, Демир Капија, Тополчани. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook