Периодичната работа во странство, сè уште го крепи животот во делчевското село Град - Канал 5

Периодичната работа во странство, сè уште го крепи животот во делчевското село Град

Периодичната работа во странство, сè уште го крепи животот во делчевското село Град. Горан Анастасов, жител на селото вели дека бројот на млади луѓе во селото од ден на ден се намалува. 

Периодичната работа во странство, сè уште го крепи животот во делчевското село Град

За преживување и самиот како што вели неколку месеци во годината заминува на привремена печалба во западно-европските земји. Селото во моментот како што дополни брои повеќе од 200 жители, од кои повеќето се ергени кои имаат потреба од вработување за сопствена егзистенција.

-Во селото повеќето се по странство, нема веќе млади, нема егзистенција. Останаа над 150-200 жители, ама повеќето се неженети, бараат работа за да можат да опстанат. Жителите кои се овде, во главно се занимаваат со овоштарство и земјоделие, но слабо има народ, нема пари, сиромаштија е. Јас периодично работам, по 2,3 месеци во странство, па пак си доаѓам и така преживуваме. Среќа што синот оди на работа, инаку тешко е да се бориме за опстанок, истакна Анастасов.

За барем малку да се олесни животот на оние кои останале во селото, во тек се активности за подобрување на патната инфраструктура. Анастасов додаде дека во тој поглед се реконструира и селската чешма, а се градат и неколку улички, кои наскоро ќе бидат асфалтирани. Во тој поглед Анастасов изрази задоволство што некој се сетил по 40 години да направи нешто за жителите.

-Сакаме да ја санираме чешмата имавме проблеми со некои спојки. Ние, 3,4 луѓе од селото се собравме заедно со работниците да направиме нешто да ископаме, да ја реновираме чешмата. Во однос на уличките, во моментот како што е планот, ако се направи се како што е замислено, ќе сме благодарни што после 30,40 години се прави нешто за жителите, додава Анастасов.

Градежните активности за изградба на неколку крака од улиците во село Град, како што додаде градоначалникот на општината Горан Трајковски ќе финишираат деновиве. Додаде дека освен во село Град ќе се градат улици и во останатите селски населби.

-Крај на февруари е, се отпочна со градежните работи, со инфраструктурните работи продолжуваме интензивно за да се завршат овие улички во село Град. Општината за оваа година има изготвено 29 проекти за 29 улички кои ќе се градат на територијата на општина Делчево, рече Трајковски.

Со реализирањето на овие активности од општината очекуваат над 90 посто да бидат решени проблемите со инфраструктурата во селските населби. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. 

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика.

Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд.

Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“, во паркот „Ѓорче Петров“, осомничениот телесно повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе.

Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен, соопштија од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено е: Си на средба со Трамп

 Кина потврди дека претседателот Си Џинпинг ќе оствари државна посета на Соединетите Држави, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. 

Потврдено е: Си на средба со Трамп

Кинескиот лидер ќе престојува во САД од 23 до 25 септември, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Првиот човек на САД, Трамп го покани Си во Белата куќа на 24 септември, за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај.

Оваа посета ќе биде прва посета на Си Џинпинг на САД од 2023 година, кога тој отпатува во Калифорнија за состанокот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) и се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер