Перински во Ново Село и Василево: Инвестираме за еднакви можности за развој - Канал 5

Перински во Ново Село и Василево: Инвестираме за еднакви можности за развој

Инвестираме за еднакви можности за развој и во руралните средини.

Перински во Ново Село и Василево: Инвестираме за еднакви можности за развој

Општините Ново Село и Василево денеска беа домаќини на теренските посети „Каде што срцето е дома“, во чии рамки министерот за локална самоуправа, Златко Перински одржа средби со градоначалниците Ѓорѓе Божинов и Славе Андонов и разменија идеи и сугестии за напредок на локалните заедници, а разговараа и за одредени предизвици со кои тие се соочуваат. На средбите, сите беа согласни дека владините јавни повици за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти, во голема мера ќе создадат услови за реализирање на долгогодишни барања и потреби на локалното население.

Токму изградбата на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево е едно такво барање, проект кој веќе се реализира со средства од првиот владин јавен повик, како и изградба на фекален канализационен систем за село Василево.Министерот Перински, заедно со градоначалниците и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, извршија увид на двата проекта чија реализација е во тек.

Градоначалникот на Ново Село, информираше дека вкупната должина на пешачката и рекреативна патека е 5 км, а во првата фаза ќе се изградат 2,7 km.

„Патеката е особено значајна за поврзување на овие две населени места како едни од поголемите во општината. Поддршката на Владата на инфраструктурни проекти значајно ќе помогне да го подобриме работењето на нашите локални самоуправи, кои сме рурални и немаме доволно средства за финансирање на капитални проекти со што ќе решиме многу инфраструктурни проблеми“, истакна градоначалникот Божинов.

Неговиот колега од Василево, потенцираше дека благодарение на владината поддршка, ќе се исполни тридецениското барање на граѓаните за изградба на канализација.

„Овој проект го ветивме и денес сме сведоци дека неговата реализација станува реалност. Прелевањето на септичките јами и загадувањето на животната средина, станува минато“, истакна градоначалникот Андонов, кој појасни дека проектот предвидува изградба на фекален канализациски систем во должина од 4 км.

Министерот Перински и премиерот Мицкоски порачаа дека владината поддршка ќе продолжи, не само на руралните општини, туку на сите во државава.

„Денеска сме во посета Ново Село и Василево, каде што со дела практично ја потврдуваме нашата заложба како Влада да инвестираме во проекти коишто произлегуваат од потребите на граѓаните. За нас како Влада не постои заборавено место. На овие општини насушно им е потребна поддршката за реализација на вакви крупни проекти и во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на градежен бум кој ќе го зголеми квалитетот на живот на сите граѓани“, истакна министерот и информираше дека досега на вториот владин повик за поддршка на инфраструктурни проекти поднесени се повеќе од 410 апликативни формулари.

Премиерот Мицкоски оцени дека граѓаните веќе ја чувствуваат разликата дека во Македонија сега се гради, наспроти изминатите 7 години.

„Се решаваат децениски проблеми и ќе продолжиме да решаваме, тоа го ветивме пред граѓаните и тоа мораме да го испорачаме и го испорачуваме. Остануваме фокусирани да решаваме децениски проблеми на граѓаните, тоа е она што го очекуваат од нас“, истакна премиерот Мицкоски кој јавно му порача на градоначалникот на Струмица да заборави на политиканство, да работи во интерес на граѓаните и да аплицира на вториот владин јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер