Златко Перински нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје - Канал 5

Златко Перински нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје

Златко Перински e нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

Златко Перински нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје

Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар Борис Трајковски. Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица.

СДСМ: Финансиската полиција потврди, НБМ не побарала проверки за Алта банка - зошто Обвинителството молчи?

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, на надзорната расправа во Собранието потврди дека Народната банка ниту ја известила Управата за случајот со Алта банка, ниту побарала од неа проверки за лица од управниот или надзорниот одбор на банката.

Ивановски призна и дека Финансиската полиција нема отворен предмет.

Ова значи дека не се проверени потеклото на капиталот за кој медиуми во Србија наведуваат дека се криминално стекнати пари.

Значи клучни за Алта банка да влезе во Македонија биле консултациите на Трајко Славески со Христијан Мицкоски кои гувернерот јавни ги призна.

Мицкоски вчера во Собрание одбегна да одговори на прашањето од претседателот Венко Филипче со кого го направил дилот за влез на Алта банка во Македонија.

Во меѓувреме, истрагата во Србија се проширува, има нови осомничени и уапсени. Дубравко Мацура, брат на претходно уапсениот сопственик на банката Давор Мацура. Тој е осомничен дека неовластено влегувал во трезорот на банката, изнесувал готовина во евра и му ја предавал на својот брат. Во истиот случај е уапсена и директорка на „Алта пеј груп“ Татјана Бундало.

Значи таму има истрага, има приведени, одземена е лиценцата на Алта банка, се истражуваат 380 милиони евра....

Во Македонија нема ништо. Македонското Обвинителство сè уште молчи и не отвора истрага за Алта банка.

Зошто? Дали има телефонска нарачка ништо да не се презима за да се спаст Мицкоски, Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка?

СДСМ на 12 ноември поднесе кривична пријава против Трајко Славески и други службени лица во Народната банка.

Јавноста не знае дали се постапува по неа или се држи во фиока?

Скопје, 27.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Патници поради снежни врнежи останале „заробени во авионот осум часа“

Патници на летот на „Рајанер“ од Виена до Лондон поминале повеќе од осум часа во авионот поради обилни снежни врнежи и проблеми со системот за одмрзнување, а некои ги опишаа условите на авионот како неподносливи. 

Патници поради снежни врнежи останале „заробени во авионот осум часа“

Авионот требало да полета вчера во 9:40 часот, но полетувањето било одложено неколку пати. Патниците прво беа информирани дека летот може да се реализира околу 13:30 часот, поради технички проблем со системот за одмрзнување, но ниту тој рок не беше испочитуван.

Еден од патниците изјави за „Хојт“ дека атмосферата во авионот станувала сè понапната, наведувајќи дека стјуардесата седела во аголот и плачела.

Според него, некои патници сакале да го напуштат авионот, но капетанот преку интерфон објавил дека слетувањето не е дозволено. Патниците се пожалиле и на недостаток на храна и пијалоци, наведувајќи дека не им била обезбедена ниту бесплатна вода. Авионот полетал во 17:34 часот, според податоците од веб-страницата на Flytradar, откако претходно објавеното време на полетување од 16:10 часот не било реализирано.

„Рајанер“ соопшти дека има технички проблем со системот за одмрзнување што го управува контролата на летање на аеродромот во Виена, поради што авиокомпаниите се принудени да чекаат слободен термин за одмрзнување на авионите.

Компанијата изјави дека не можела да предвиди толку долго чекање и дека детално ќе го разгледа случајот со контролата на летање во Виена. Управата на аеродромот во Виена ги наведе континуираните обилни снежни врнежи како причина за доцнењето. Како што е објавено, екипите за зимско одржување постојано ги чистат површините на аеродромот, а сите авиони мора да се одмрзнат пред полетување. Поради ова, беа регистрирани доцнења при полетување, а во некои случаи и доцнења при слетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестоки немири на стадионот на Марсеј, снимена тепачка меѓу навивачите

Неколку навивачи на бугарскиот Левски Софија се повредени во судирите со навивачите на Олимпик во Марсеј синоќа пред натпреварот на Велодром во рамките на Лигата на Европа.

Видео: Жестоки немири на стадионот на Марсеј, снимена тепачка меѓу навивачите

Според извештајот на полициската префектура на департманот Буш-ду-Рон, повредени се десет лица, сите бугарски државјани. „Пет лица се пренесени во болница со повреди на окото, траума на главата и искривено рамо. Шест други лица се згрижени на лице место поради разни повреди“, објави полицијата, додавајќи дека во времето на објавувањето на изјавата „нема информации за можни апсења“.

Инцидентите започнале околу десет минути пред почетокот на натпреварот, кога неколку стотици навивачи на Марсеј од јужната трибина влегле на трибината Жан-Буен. Таму, тие бркаа група од неколку десетици бугарски навивачи, кои на крајот стигнаа до гостинскиот дел, каде што се собраа околу 500 навивачи на Левски. Избувнаа физички судири, при што многу навивачи на Марсеј носеа балаклави. Некои беа вооружени со јарболи со знамиња, додека еден активираше противпожарен апарат. Ситуацијата околу гостинскиот дел дополнително ескалирала со фрлање предмети и ракети, пред редарите да можат да ги смират судирите.

Натпреварот започна според закажаното, а десетици навивачи на Марсеј наскоро се вратија на јужната трибина. Гостувачкиот дел остана под надзор на голем број полицајци за немири. Тензиите повторно се појавија во неколку наврати, особено за време на полувремето, но остатокот од натпреварот помина без поголеми инциденти. Марсеј победи со 1-0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер