Пентагон: Разговорот на Бајден и Путин не даде причина за оптимизам

Пентагон соопшти дека последните американско-руски контакти на највисоко ниво не даваат „никаква причина за оптимизам“, пренесува АФП.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби го нарече едночасовниот телефонски разговор меѓу Бајден и Путин во саботата мрачен.

„Тоа секако не е знак дека работите се движат во вистинската насока. Тоа секако не е знак дека Путин има намера да деескалира. И секако не е знак дека тој повторно се обврзува на дипломатскиот пат напред“,изјави Кирби за Fox News Sunday на прашањето за недостиг на фундаментални промени по повикот.

„Значи, тоа не ни дава причина да бидеме оптимисти. “, заклучи Кирби.

Зошто Холандија е една од најсреќните држави во светот?

 Холандија важи за една од најсреќните држави во светот - со најсреќни деца во светот. Родителите во оваа западноевропска земја очигледно имаат јасно утврдени начела и правила на воспитание, пишува „Тајмс оф Индија“ (The Times of India). 

Следат неколку совети.

Поттикнување на независноста и самостојноста

Холанѓаните, уште од мали нозе, ги поттикнуваат децата да бидат независни и сами да одлучуваат. Ова кај децата негува чувство на самостојност и доверба во сопствените способности, а тоа придонесува за нивната севкупна среќа, но и цврстина и издржливост во животот.

Отворена комуникација

Холандските семејства обично ги одржуваат разговорите отворени, охрабрувајќи ги и децата слободно да ги изразуваат своите мисли и чувства. Ова поттикнува доверба и разбирање во семејната заедница и му овозможува на детето поделотворно да се справува со предизвиците и да бара поддршка кога му е потребна.

Образованието на прво место

Со сосредоточување на образовниот развој, а не само на оценките, децата во Холандија се охрабруваат да ги истражуваат своите интереси, да развијат вештини за критичко размислување и да ги следат своите страсти и она што ги исполнува.

Урамнотежен начин на живот

Родителите во Холандија претпочитаат урамнотежен начин на живот за своите деца, така осигурувајќи се дека малечкото ќе има доволно време за училиште, игра и за семејството. Во таа смисла, се почитува вредноста на одморот и слободното време, коешто помага во справување со стресот и за негување позитивен поглед на животот.

Играње на отворено

Без разлика дали се работи за возење велосипед, неколку часови в парк или шума, децата во оваа земја учат да го ценат престојот под отворено небо уште додека се најмали. Тоа е, како што велат наводите - благотворно и за физичката, и за менталната благосостојба.

Важноста на времето со семејството

Минувањето време заедно со семејството е важно за Холанѓаните, без разлика дали станува збор за ручек, вечера, викенд-патувања или заедничко хоби.

Прифаќање неуспех

Наместо да се плашат од грешка, Холанѓаните ги охрабруваат децата да ги гледаат грешките како можности за раст и учење, поттикнувајќи ја така издржливоста, истрајноста и позитивниот став кон предизвиците.

Грижа на животната средина

Без разлика дали станува збор за рециклирање, намалување на отпадот или учество во проекти за зачувување на природата, холандските деца го ценат и штитат природниот свет.

Поттикнување креативност

Холандските родители ја поттикнуваат креативноста и имагинацијата кај своите деца. Тоа секако обезбедува многу можности за уметничко изразување, истражување, иновации и испробување работи што го интересираат детето.

Одложено судењето за „Шпански скали“

Судењето за „Шпански скали“ се одложува по барање на бранител на четворица од обвинетите кој е спречен да присуствува на расправата.

Како што информираат од Основен кривичен суд Скопје, во договор со странките ќе бидат дадени нови термини за продолжување на главната расправа кои ќе бидат достапни преку календарот за судење на веб страната на судот

Во случајот „Шпански скали“ обвинети поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Синер ќе стане светски рекет број еден доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето на „Ролан Гарос“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да стане првиот рекет на светот врз основа на резултатите на Ролан Гарос, дури и без учество на турнирот.

За да се случи Синер да стане прв светски рекет, потребно е бранителот на трофејот на Грен слемот во Париз, Новак Ѓоковиќ да не стигне до финалето.

Ако Синер обезбеди полуфинале на „Ролан Гарос“, тогаш ни финалето нема да му биде доволно на Србинот.

Во моментов Ѓоковиќ е лидер на АТП ранг-листата со 9.990 бодови, Синер е втор со 8.860 бода.

притисни ентер