ЖивотЗошто Холандија е една од најсреќните држави во светот? Холандија важи за една од најсреќните држави во светот - со најсреќни деца во светот. Родителите во оваа западноевропска земја очигледно имаат јасно утврдени начела и правила на воспитание, пишува „Тајмс оф Индија“ (The Times of India). Следат неколку совети. Поттикнување на независноста и самостојноста Холанѓаните, уште од мали нозе, ги поттикнуваат децата да бидат независни и сами да одлучуваат. Ова кај децата негува чувство на самостојност и доверба во сопствените способности, а тоа придонесува за нивната севкупна среќа, но и цврстина и издржливост во животот. Отворена комуникација Холандските семејства обично ги одржуваат разговорите отворени, охрабрувајќи ги и децата слободно да ги изразуваат своите мисли и чувства. Ова поттикнува доверба и разбирање во семејната заедница и му овозможува на детето поделотворно да се справува со предизвиците и да бара поддршка кога му е потребна. Образованието на прво место Со сосредоточување на образовниот развој, а не само на оценките, децата во Холандија се охрабруваат да ги истражуваат своите интереси, да развијат вештини за критичко размислување и да ги следат своите страсти и она што ги исполнува. Урамнотежен начин на живот Родителите во Холандија претпочитаат урамнотежен начин на живот за своите деца, така осигурувајќи се дека малечкото ќе има доволно време за училиште, игра и за семејството. Во таа смисла, се почитува вредноста на одморот и слободното време, коешто помага во справување со стресот и за негување позитивен поглед на животот. Играње на отворено Без разлика дали се работи за возење велосипед, неколку часови в парк или шума, децата во оваа земја учат да го ценат престојот под отворено небо уште додека се најмали. Тоа е, како што велат наводите - благотворно и за физичката, и за менталната благосостојба. Важноста на времето со семејството Минувањето време заедно со семејството е важно за Холанѓаните, без разлика дали станува збор за ручек, вечера, викенд-патувања или заедничко хоби. Прифаќање неуспех Наместо да се плашат од грешка, Холанѓаните ги охрабруваат децата да ги гледаат грешките како можности за раст и учење, поттикнувајќи ја така издржливоста, истрајноста и позитивниот став кон предизвиците. Грижа на животната средина Без разлика дали станува збор за рециклирање, намалување на отпадот или учество во проекти за зачувување на природата, холандските деца го ценат и штитат природниот свет. Поттикнување креативност Холандските родители ја поттикнуваат креативноста и имагинацијата кај своите деца. Тоа секако обезбедува многу можности за уметничко изразување, истражување, иновации и испробување работи што го интересираат детето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРаспишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомвриПо речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење. -Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата. -Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“ Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата. -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“ -Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“ Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењетоПет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен. Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПо прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последициПациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски. Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска. Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош. На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook