ЖивотАгенциите за давање отказ сѐ побарани во ЈапонијаДавањето отказ преку агенција во име на работникот е сѐ позастапено во Јапонија последниве години. Така вработените ги напуштат компаниите, без да мора лично да дадат оставка, од причини како што се вознемирување на работното место или неповолна работна средина. Секторот бележи раст, па денес има 100 агенции коишто нудат вакви услуги. Во прилог на растот оди и недостигот на работна сила поради стареењето на населението, како и неусогласеноста на вредностите меѓу помладите работници и „старомодните“ компании, според тамошните медиуми. Цените за услугите се движат од 20.000 до 50.000 јени (120 - 300 евра). Корисници на ваквите услуги најчесто се помлади вработени, на возраст од 20 до 30 години, кои сочинуваат 60 отсто од клиентите на ваквите агенции. Меѓу најчестите причини за отказ, се непријатната личност на претпоставен или ангажираност на временски период, наведуваат некои агенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
БалканРаспишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомвриПо речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење. -Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата. -Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“ Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата. -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“ -Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“ Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењетоПет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен. Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПо прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последициПациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски. Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска. Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош. На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11