3Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
МакедонијаПенов и Ѓорѓиевски со спротивставени ставови околу финансирањето на општинитеПенов и Ѓорѓиевски со спротивставени ставови околу финансирањето на општините од страна на централната власт.Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, воедно и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, имаат спротивставени ставови околу финансирањето на општините од страна на централната власт. Министерот Пенов вели дека се финансирани 135 проекти во општините и во планските региони, во вредност од 850 милиони денари и 192 проекти од ИПА2 Програмата на ЕУ, кофинансирани од буџетот на државата, додека градоначалникот Ѓорѓиевски тврди дека единиците на локалните самоуправи не добиваат доволно финансиски средства и дека има уназадување на односите со централната власт. -Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, преку буџетските програми за рамномерен регионален развој и за намалување на диспаритетите оваа година финансираше 135 проекти во општините и во планските региони, во вредност од 850 милиони денари или над 14 милиони евра за подобрување на патната и комуналната инфраструктура, за опремување на комуналните јавни претпријатија, управување со отпад, регулација на речни корита и други приоритетни прашања за граѓаните, посочи министерот Пенов на Годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на Министерството за локална самоуправа и УНДП. Додаде дека оваа година заокружен е и вториот ИПА Програмски период во кој што, како што посочи, преку петте ИПА Програми за прекугранична соработка се финансирани 192 проекти во вредност од 60 милиони евра. Кофинансирањето од 9 милиони евра е обезбедено од буџетот на државата. -И овие проекти се имплементираат во општините. Тоа се, пред се проекти за подобрување на енергетската ефикасност, реконструкција и изградба на детски градинки, на училишта и на други јавни објекти. Подобрена е опременоста на територијалните противпожарни единици, рече министерот Пенов. Додека градоначалникот Ѓорѓиевски, вели дека познато е дека единиците од локалната самоуправа не добиваат доволно финансиски средства и истовремено не ја добиваат и потребната доверба од централната власт. -За многу надлежности префрлени ни се многу помалку средства од реалните трошоци потребни за спроведување на таа услуга и затоа сме принудени како локални самоуправи, тие недостатоци да ги покриваме од приходите што се наменети за други развојни програми во нашите општини, истакна Ѓорѓиевски. Исто така нагласи дека во земјава не се почитува европската повелба за локална самоуправа, каде што, како што рече стриктно е нагласено дека за секоја префрлена надлежност на локално ниво централната власт треба да префрли и соодветни средства за нејзино спроведување. -И наместо да се јакне децентрализацијата на власта, која со себе носи зголемена демократија и учество на граѓаните во креирање на сопствените потреби ние имаме за жал уназадување, игнорантски однос на централната власт кон општините, недоверба и застој во спроведување на потребните реформи на локално ниво, вели Ѓорѓиевски. Ако се има во предвид дека 70 проценти од европското законодавство треба да се имплементира на локално ниво, според него тоа значи дека општините треба да добиваат неспоредливо многу повеќе средства од ова што го добиваме досега. Ѓорѓиевски го потенцираше и недостатокот на канализациски и водоводни мрежи во многу општини, како и дивите депонии за кои, како што кажа, резултати не покажала ниту централната власт, состојбата во образованието каде што рече дека недостасуваат некаде 30 проценти а некаде до 50 проценти средства што ги добиваат од блок дотациите, за кадарот на градинките, платите на локалните службеници итн. -ЗЕЛС во своите систематизирани ставови во 2024 година, меѓудругото се залага за повторно отпочнување на процесот на реформи во локалната власт, реформи за обезбедување на финансиска стабилност, реформи во организационата поставеност на општината и советите, како и за натамошниот развој на децентрализацијата, односно префрлување на нови надлежности на општината, но поткрепени со соодветни финансиски средства. Додаде дека поддршката од изработка на нови анализи што би обезбедиле објективни показатели за чинењето на новите услуги од префрлените надлежности е добредојдена. -Целта е централната власт да им префрли на општините онолку средства колку објективно би ја чинеле општината за нејзино спроведување, затоа и бараме поголема доверба во локалната власт, а на централната и останува да врши соодветен надзор на она што ние го работиме, кажа Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваХајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)Хајли Бибер повторно привлече внимание со модно издание во кое одлучи да ги прескокне панталоните. Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во проѕирни светкави хулахопки, црна танга и црн топ со отворени рамена. Фотографиите се дел од новата кампања за брендот Calzedonia. Манекенката ги сподели фотографиите на 28 октомври, а во описот на објавата ја означи Calzedonia и додаде емотикон во форма на црно срце. Со ова издание, таа покажа малку посмела страна од својот стил, само десет дена откако се појави на црвениот тепих во сосема поинаква комбинација. Имено, на гала вечерата на Музејот на Филмската академија на 17 октомври, таа носеше нежно розов фустан од Шанел, кој го надополни со бисерни обетки и темен лак за нокти. Ја остави косата пуштена, со разделба во центарот, а целото издание беше значително поромантично од нејзината најнова кампања. „Сакам мојот стил да го одразува тоа како се чувствувам“ Во интервју за Vogue Australia во февруари оваа година, Хајли зборуваше за својот пристап кон модата и откри што ја води при изборот на облека. „Се водам од тоа како се чувствувам и од мојот сопствен инстинкт. Секогаш сакам мојот стил да ме одразува мене и моето расположение“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber) Таа исто така објасни дека наоѓа инспирација во секојдневните работи, од патувања и фотографии до филмови и телевизиски серии. Таа е особено блиска до модата од деведесеттите. „Се чувствувам многу поврзана со стилот на деведесеттите затоа што изгледаше толку неоптоварен, и тоа навистина ми се допаѓа. Мислам дека дури и најобичните фармерки и маица можат да бидат многу секси“, истакна таа. Таа е свесна за своето влијание врз модата Во априлското интервју за списанието Interview, таа размислуваше и за своето влијание врз уличната мода, односно за фактот дека многу девојки наоѓаат инспирација за облекување токму во своите комбинации. „Гледам дека имам влијание во одредени кругови, но никогаш не би погледнала девојка и не би помислила: „Знам дека ја инспирирав“, рече таа. Сепак, таа призна дека е среќна кога гледа девојки како се обидуваат да ги рекреираат нејзините модни комбинации на социјалните мрежи. „Гледам девојки како пишуваат: „Еј, се обидувам да го рекреирам овој изглед на Хајли Бибер“. Тоа навистина многу ми ласка, а во исто време ме прави скромна“, заклучи таа.Тагови: Хајли Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПродолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS. Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН. Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени. Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор. Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина. Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево. Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.Тагови: ЕУФОР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамТојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво Тојота подготвува нова генерација хибридни погонски склопови што би можеле значително да ги намалат трошоците за возење.Јапонскиот производител развива целосно нов 1,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор, со кој идните хибриди би требало да постигнат повеќе од 15 проценти подобра потрошувачка на гориво. За разлика од претходниот пристап, Тојота овој пат не го адаптираше постоечкиот бензински мотор на хибридниот систем. Новиот мотор, електричниот мотор и електрониката беа развиени како една единица од самиот почеток, што треба да донесе помала тежина, покомпактни димензии и поголема ефикасност. Моторот ќе биде достапен во атмосферска и турбо верзија, а атмосферската варијанта треба да ги замени постоечките 1,8-литарски четирицилиндрични и 1,5-литарски трицилиндрични мотори во хибридите на Тојота. Големи промени доаѓаат и во електричниот дел од погонот. Новите електрични мотори, инвертори и контролна електроника ќе бидат помали и полесни, со употреба на компоненти базирани на силициум карбид, кои ги намалуваат електричните загуби. Со помалку механичко триење, подобро термичко управување и подобрена аеродинамика, Тојота има за цел да ја подобри потрошувачката на гориво за повеќе од 15 проценти. Интересно е што новата генерација хибриди ќе користи платформа што ја делат електричните и plug-in хибридните автомобили. Покомпактниот погонски склоп ќе овозможи пониска хауба на моторот, подобра аеродинамика и поголема слобода во дизајнот на ентериерот. Таквиот пристап би требало да го поедностави и производството, бидејќи Тојота ќе може полесно да го прилагоди бројот на електрични и хибридни автомобили според побарувачката на различните пазари. Сè уште не е потврдено кој модел прв ќе го добие новиот погонски склоп, но следната генерација на Corolla се споменува како еден од главните кандидати. Неофицијално се очекува дека новата технологија би можела да почне да се користи во 2027 година.Тагови: тојота хибриди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook