Пендаровски: Пропорционален изборен модел со отворени листи и помал број на изборни единици

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати националната дебата за изборните реформи во Македонија што се одржува во организација на Институтот за европска политика - Скопје.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Со задоволство ја прифатив поканата на Институтот за европска политика да се обратам на оваа дебата посветена на реформите во изборниот процес.

Изборните реформи се исклучително важно прашање што го дефинира демократскиот развој и амбиент буквално во секоја држава во светот. Во таа смисла, нашето национално искуство во последниве три децении на плурални избори е различно. Повеќепартиските парламентарни избори во 1990 година беа нашето прво демократско искуство. Многумина имаат заборавено, да се потсетиме на статистиката. На изборите учествуваа 18 партии и 43-ца независни кандидати, а беа избрани 11 партии и тројца независни пратеници. Повозрасните паметат дека тогаш во Собранието за прв пат слушнавме различни мислења, ставови и предлози кои поаѓаа од различни партиско-политички платформи што бездруго беше додадена вредност на нашата парламентарна демократија. Меѓутоа, независно од сите политички и идеолошки разлики меѓу нив, пратениците од тој парламентарен состав успеаја во огромно мнозинство да се обединат околу стратешките државни интереси, на пример околу референдумот за македонската независност, првиот Устав на независна држава, системските закони, монетарното осамостојување и евроатлантска ориентација на државата.

За жал, низ годините и со модификацијата на изборните модели, од мнозински, прво преку комбиниран в0 1998 година, па се до чисто пропорционален со шест изборни единици од 2002-та, се намалуваше плуралноста и според бројките и според содржината, да бидеме реални. Помалите партии или се претопуваа во две-три големи предизборни коалиции или, заедно со независните кандидати исчезнуваа од македонската политичка сцена бидејќи не можеа да го достигнат ниту тн. природен изборен праг. Прашање кое бара сериозна политичка анализа е дали поголемата плуралност во раните 1990-ти значеше и помала политичка поларизација меѓу политичките субјекти и помеѓу граѓаните, и обратно, но, првичниот впечаток е токму таков.

Критичарите на нашиот актуелен изборен модел истакнуваат дека неговите негативни ефекти се зголемена централизација на моќта во политичките партии што го стеснува просторот за внатрешнопартиска демократија и следствено, тоа значи помала одговорност за лидерствата, како и развој на политичкиот клиентелизам помеѓу членовите и гласачите на конкретниот политички субјект. Иако е јасно дека ваквиот демократски дефицит не може да биде резултат само на изборниот модел, сепак, неговите специфики имаат свое влијание врз опстојувањето на овие негативни појави во нашиов општествено-политички контекст.

Мојот став со години наназад е дека на долг рок Македонија ќе биде подемократска држава ако повеќе политички субјекти бидат дел од еден подиверзификуван парламент. Тоа ќе значи дека повеќе граѓани ќе бидат претставени преку свои репрезенти во законодавниот дом, а во крајна линија тоа ќе придонесе не само за зголемена одговорност на партиите кон бирачите, туку и за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Уште на почетокот на мојот мандат ја поддржав иницијативата на неколку политички субјекти за реформа на актуелниот изборен модел. Генерално, мојата поддршка беше за создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи, (ова намерно го нагласувам), како и намалување на бројот на изборни единици на целата територија на државата. Во таа прилика ги повикав политичките партии од власта и од опозицијата да ја разгледаат можноста за изборна реформа и со политички консензус да постигнат договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде што граѓаните ќе имаат можност не само да избираат од политичките партии, туку да избираат и кандидати, односно, личности. Инаку, според мене, едно исклучително важно прашање за натамошната демократизација на земјата - отворените листи на кандидати за пратеници, во сите досегашни дебати на оваа тема се неправедно потиснати во втор план во однос на прашањето за бројот на изборните единици.

Лично сметам дека намалувањето на бројот на изборните единици со непостоечки или минимален изборниот праг, како и отворените листи, имаат потенцијал прво да ја збогатат парламентарната дебата и да придонесат за намалување на поделбите меѓу граѓаните. Исто така, верувам дека тоа ќе придонесе за зголемување на демократската политичка култура и поголем ангажман на граѓаните во политичкиот процес од кои, за жал, тие се повеќе апстинираат како што годините одминуваат. Впрочем, една од одликите на секое слободно и демократско општество е токму способноста, конструктивно, низ институциите, да се справи со разликите и несогласувањата кои природно постојат меѓу нас. А клучната институција за таквите дебати е највисокиот дом на демократијата – Собранието.

На крајот, дозволете ми да упатам уште еден апел до сите учесници на денешнава и на сите идни дебати на оваа тема, а, посебно до оние кои во иднина ќе одлучуваат за промени во изборниот модел. Имено, при разгледувањето на можните опции да се водат, пред сé, од јавниот интерес и подобрата иднина за сите наши граѓани, а помалку од партиските или личните интереси. Затоа што во зрелите демократии, никој не е вечно на власт.

Американка има хоби: 90% од телото ми е прекриено со тетоважи, но не сум лоша мајка (ФОТО)

Кајла е жена која, како и сите други, има хоби и нешто што ја интересира, меѓутоа, нејзиното хоби е невообичаено на многу начини, бидејќи е опседната со тетоважи.

Иако има околу педесет години, Кајла, која живее во Илиноис, признава дека понекогаш се тетовира двапати неделно, пренесува Мирор.

-Никогаш во животот не замислував дека ќе бидам вака истетовирана - вели Кајла, која признала дека заедно со партнерот Вампиро биле исфрлени од ресторан бидејќи имале премногу тетоважи на телата.

Имено, тие седнале во ресторанот, нарачале оброк, а потоа пристигнал келнерот, кој им рекол дека не се добредојдени на тоа место и дека мора да си заминат. И како што вели Кајла, тие во тој момент биле љубезни како и сите други гости, освен што Кајла и нејзиниот партнер физички изгледале поинаку. Сега стравува дека тоа ќе стане „обичај“, дека нема да смее да користи одредена услуга или слично, само поради нејзиниот изглед и љубовта кон тетоважите.

Сепак, Кајла признава дека најлошите реакции доаѓаат од интернетот.

- Најчестиот коментар што го гледам е 'беше толку убава додека не се уништи себеси со тетоважи'. Ништо од тоа не ми пречи, не е за внимание, едноставно ми се допаѓа како изгледам“, рекла оваа жена.

Коментарите што таа ги чита на социјалните мрежи понекогаш се навистина вознемирувачки: „Каков добар пример за вашите деца! Само не ги разбирам овие луѓе!“, „Каков пример давате?“, „Жал ми е за вашите деца „... се само дел од коментарите.

Но, имало и такви кои ја поддржале и ја бранеле од разни негативни коментари, велејќи дека „тетовираните луѓе и луѓето со пирсинг се најневеројатните луѓе што сум ги сретнал. Ако моите деца некогаш се изгубат, им велам да најдат некој кој има тетоважи или пирсинг или да најде моторџија Овие луѓе ќе ти помогнат да си го најдеш патот до дома“.

Некои други коментари биле дека тоа што некој има тетоважи, дури и многу од нив, не значи дека тоа е знак дека таа личност е лош родител.

„Таа е апсолутно убава со нив“, беше уште еден коментар кој, барем за кратко, стави крај на оваа преписка и дискусија на социјалните мрежи.

Осуденик на доживотен затвор, сопственик на озлогласен сајт- Рос Улбрихт е помилуван од Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека потпишал целосно и безусловно помилување за Рос Улбрихт, основачот на сајтот Silk Road на дарк вебот, која се користел за масовна трговија со дрога.

Улбрихт е прогласен за виновен во Њујорк во 2015 година за заговор со дрога и перење пари и беше осуден на доживотен затвор. Трамп на својата платформа Truth Social објави дека ѝ се јавил на мајката на Улбрихт за да ја извести дека го помилувал нејзиниот син, објави Би-Би-Си.

Веб-страницата „Silk Road “, беше затворена во 2013 година, откако полицијата го уапси Улбрихт, кој продаваше нелегални дроги користејќи биткоин, како и хакирање опрема и украдени пасоши.

„Олошите што работеа да го осудат беа дел од истите лудаци вклучени во модерното вооружување на моќта против мене денес. Тој доби две доживотни казни, плус 40 години. Глупости!“

Улбрихт беше прогласен за виновен за обвиненија, вклучувајќи заговор за трговија со дрога, перење пари и компјутерско хакирање. За време на судењето, обвинителите тврдеа дека веб-страницата на Улбрихт, сместена на скриената „темна мрежа“, анонимно продавала дрога во вредност од над 200 милиони долари.

Тој го водел Silk Road под псевдонимот „Dread Pirate Roberts“, повикувајќи се на лик од филмот „The Princess Bride“ од 1987 година. Обвинителите, исто така, тврдеа дека Улбрихт наредил шест нарачани убиства, вклучително и едно против поранешен вработен во Патот на свилата, иако немале докази дека убиствата навистина биле извршени.

Патот на свилата го добил името по историските трговски патишта што ги поврзувале Европа, Азија и делови од Африка. Веб-страницата се здоби со слава преку медиумски извештаи и онлајн дискусии. Корисниците можеа да пристапат на страницата само преку Tor, систем кој дозволува анонимно користење на интернет без откривање на идентитетот или локацијата.

Судските документи на ФБИ наведуваат дека страницата имала нешто помалку од милион регистрирани корисници, но иследниците не можеле да утврдат колку од нив биле активни. За време на изрекувањето на пресудата, судијката Кетрин Форест рече дека Улбрихт „не е подобар од кој било друг дилер на дрога“.

Таа рече дека страницата е негова „внимателно планирана животна работа“.

Судијката нагласи дека острата казна е и порака до другите кои би сакале да го имитираат дека ќе се соочат со „многу сериозни последици“.

„Сакав да ги поттикнам луѓето да прават свој избор во животот и да имаат приватност и анонимност“, рече Улбрихт при изрекувањето на пресудата во мај 2015 година.

Трамп претходно навести дека планира да му ја ублажи казната на Улбрихт за време на говорот минатата година на Националната конвенција на слободата. Слободарската партија се залагаше за ослободување на Улбрихт, сметајќи го неговиот случај како пример за прекумерно мешање на владата.

Републиканскиот конгресмен Томас Маси, сојузник на Трамп, ја пофали одлуката на претседателот.

„Ви благодарам што го одржавте зборот кон мене и кон другите кои се залагаа за слободата на Рос“, рече конгресменот од Кентаки.

Полицијата во САД има голем проблем: Стаорци ја изеле запленетата дрога, станале зависни(ВИДЕО)

Полицијата во Хјустон и градските власти предупредија на „инвазија на глодари“ што предизвикува големи проблеми во складирањето на докази и запленети предмети.

На јавноста ѝ било кажано дека стаорците биле „привлечени од запленетите наркотици“, со кои се хранеле, додека ги уништувале другите докази, пренесува UPI.com.

„Имаме стотици илјади фунти марихуана во магацините во кои уживаат стаорците“, изјави градоначалникот Џон Витмајр, најавувајќи ја новата акција.

Имено, властите планираат да ги реорганизираат просториите во кои се чуваат 1,2 милиони докази, како и да ги уништат запленетите нелегални супстанции пред 2015 година.

„Ние чуваме толку многу докази кои повеќе не се потребни и немаат влијание врз случаите“, додаде Витмајер.

Шефот на Центарот за форензичка наука, Питер Стаут, за новинарите изјави дека запленетите големи количества дрога ставаат во опасност други докази.

„Полицијата ангажираше служба за контрола и истребување на штетници, но глодарите се упорни. Тешко е да се справиш со нив“, рече Стаут.

Официјалните лица откриле дека стаорците еднаш изглодале низ кеса во која имало количество халуциногени печурки.

Овој проблем, сепак, не е ограничен само на Хјустон. Претставници на полицискиот оддел на Њу Орлеанс во март 2024 година рекоа дека доказите биле под „наезда од штетници“, вклучувајќи стаорци и лебарки.

„Стаорците јадат марихуана, сите се зависници“, изјавила портпаролката на полицијата Ен Киркпатрик.

притисни ентер