Пендаровски: Никогаш да не се повтори 27 април, да се обединиме и да продолжиме напред

Денешниот датум, 27 април, пред две години на овој ден, ја имавме една од најгрдите епизоди воопшто во историјата на модерна Република Македонија, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски од Градскиот парк во Скопје. 

Имено на тој ден, знаете сите, беше организиран упад во највисокиот законодавен дом, во кој тогашната партија на власт се обиде да го спречи мирниот трансфер на власта .

На тој ден страдаа пратениците, страдаа новинарите, страдаа вработените во Собранието, дел од луѓето кои упаднаа добија судски пресуди, а за дел од нив се постапките во тек, она што е најважно и она што мислам дека во вториот изборен тек да се потенцира е дека не чувме политичка осуда, било каква осуда, макар од човечки аспект на луѓето, на политичката партија, на кандидатите кои и сега ја бараат вашата доверба во очи на 5-ти Мај и вториот круг на Претседателските избори.

Имено, партијата која тоа тогаш го организираше ВМРО ДПМНЕ, и нејзиниот кандидат односно кандидатка Силјановска ниту тогаш, ниту во изминативе две години во било кој повод не кажа ниту еден збор осуда за тој чин кој ја посрамоти Македонија и ја нареди во кругот на земји кадешто такви случаи се практикуваат во недостаток на базичен мир и безбедност за граѓаните.

Во модерна Европа таков чин нема забележано во изминативе векови, ние бевме првата Европска држава која тоа го направи и оние кои тоа го направија и ден денеска ја бараат вашата доверба врз истата платформа, врз истите политички постулати велејќи дека сакаат повторно да дојдат на власт и колнејќи се во правото и во правдата.

Почитувани граѓани, сите тие флоскули за право и правдина, би вределе, би имале тежина, само во случај ако г-ѓата Сиљановска и партијата која ја поддржува го осудат овој чин и конечно кажат дека од таквите луѓе кои тоа го организираа, сите ние треба да се срамиме.

Ова е многу побитно од тоа кој ќе добие на изборите, ова е многу побитно и од пратенички мандати и од советнички мандати, ова е многу побитно од бројот на гласови што ќе го добиеме, ова е побитно дури и од тоа дали ќе добиеме датум за преговори во Јули.

Едноставно како луѓе, мораме да се погледнеме во очи, да си кажеме дека тоа не беше во ред дека тоа не беше деморкатски, и дека такви практики никогаш повеќе во оваа држава нема да се повторуваат, сосема небитно кој е власт а кој опозиција.

Салах до Клоп: Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе се сретнеме повторно

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах се обрати до тренерот, Јирген Клоп, кој во неделата за последен пат го предводеше тимот од „Енфилд“.

-Беше одлично да ги споделам сите овие трофеи и искуството од последните седум години со тебе. Ти посакувам среќа во иднина и се надевам дека повторно ќе се сретнеме, напиша Салах на социјалната мрежа.

Клоп во голем стил се прости од Ливерпул. Победи и почна да го скандира името на новиот тренер.

Германецот го презеде Ливерпул во октомври 2015 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија, а воедно и победник на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Ливерпул двапати го освои англискиот Лига куп и стана победник на националниот куп.

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

СБ на ОН не изгласа предлог-резолуција поднесена од Русија

СБ на ОН не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија за преземање акција за спречување на распоредувањето оружје во вселената.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија со која се повикуваат сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената.

Предлог-резолуцијата доби седум гласа „за“, додека седум земји, вклучително и САД, гласаа против, а Швајцарија беше воздржана. За усвојување на резолуцијата беа потребни девет гласови во советот од 15 нации.

Со оглед на американската резолуција против нуклеарното оружје во вселената која не беше изгласана минатиот месец поради руското вето, американскиот претставник Роберт Вуд ја обвини Москва за манипулативна тактика.

Дебатата во Обединетите нации следи по американските извештаи во февруари за нуклеарните амбиции на Русија во вселената.

притисни ентер