ХороскопДневен хороскоп за 21. мај 2024 годинаДневен хороскоп за вторник, 21. мај 2024 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни. Кариера Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете. Здравје и совет Луѓето не се играчки. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност. Кариера Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги. Здравје и совет Игнорирајте ги провокаторите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси. Кариера Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување. Здравје и совет Не чепкајте таму каде што не треба. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми. Кариера Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите. Кариера Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите. Здравје и совет Бидете она што сте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака. Кариера Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно. Здравје и совет Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави. Кариера Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно. Здравје и совет Бидете пореални. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација. Кариера Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера. Здравје и совет Помалку јадете , движете се повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри. Кариера Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа. Здравје и совет Не си поигрувајте со луѓето. Риби 20.2.- 20.3. Љубов И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов. Кариера Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи. Кариера Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки. Здравје и совет Поработете на својата спретност. Бик 21.4- 20.5. Љубов Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите. Кариера Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен станНови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан.. Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом. Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти. Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназијаГрадоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев присуствуваше на пуштањето во функција на реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија.-После долго време, од почнување на работење на самата гимназија, Општина Кавадарци прави темелно и комплетно реконструирање на спортската сала.- изјави градоначалникот Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење париОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица .Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор од државата. Во текот на подолг временски период, односно од 2021, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец, со груби закани изнудувала пари од оштетени лица, присилувајќи ги и најчесто искористувајќи ја нивната зависност поради претходна позајмица. Така, една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар. Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. Имајќи ги во своја корист ваквите договори, групата осомничени започнале повторно да и се закануваат на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг. Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook