3Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон
ЗдравјеНедоволната физичка активност го зголемува ризикот од смрт! Загрижувачки податоци кој секој што мрази вежбање треба да ги знаеФизичката активност, заедно со здравата и урамнотежена исхрана, е камен-темелник во превенцијата и контролата на многу болести. Со оглед на огромните придобивки што физичката активност ги има за здравјето на луѓето, фармацевтите во аптеките секојдневно се трудат да им ја објаснат нејзината важност на своите пациенти и да ги мотивираат да бидат физички активни. Постојат податоци кои велат дека 2.500 чекори дневно го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, додека 6.000 чекори дневно го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Вклучувањето во физичка активност има корисен ефект врз спречувањето деменција, депресија, анксиозност, несоница, подобра контрола на крвниот притисок, зголемен капацитет за учење и го подобрува целокупното човеково здравје. - Според Светската здравствена организација, лицата кои се недоволно физички активни имаат 20 до 30 отсто зголемен ризик од смрт во однос на луѓето кои се доволно активни, што треба да биде доволна причина за воведување на физичката активност. Луѓето кои не се физички активни имаат поголема веројатност да заболат од кардиоваскуларни болести, рак и дијабетес тип 2 Исто така, според Светската здравствена организација, повеќе од 80 отсто од адолесцентната популација во светот не е доволно физички активна, што е поразителен факт ако се земат предвид придобивките врз здравјето на луѓето кои изостануваат. Дури и лесна физичка активност придонесува за здравјето во споредба со седечкиот начин на живот – советуваат лекарите. Еден од главните совети е да пешачите секогаш кога можете - излезете од автобус или паркирајте го автомобилот подалеку од местото каде што работите и користете ги скалите. Иако физичката активност се препорачува за сите, вклучително и трудници, деца, стари лица и лица со хронични заболувања, важно е да се нагласи дека интензитетот на активноста мора да се прилагоди на состојбата на личноста. Од друга страна, пешачењето, возењето велосипед и другите форми на активен, немоторизиран транспорт се достапни и безбедни за сите. Фармацевтите, како најпристапни здравствени работници, имаат големо значење во советувањето и поддршката на пациентите да бидат редовно физички активни. Значењето на физичката активност за здравјето на луѓето е големо, затоа за да го заштитиме своето здравје и да придонесеме во благосостојбата на нашиот ум и тело потребно е да создадеме здрави навики и да применуваме редовна физичка активност. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЗеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени. „Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади. Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување. „Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветИран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)Државните медиуми на Иран објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. Камиони со лансери и ракетни тенкови може да се видат во ходниците. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се складирани противбродски ракети и моторни чамци. Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Лансирање ракета беше прикажано во посебни кадри, но не е потврдено дека овие сцени се снимени за време на обиколката. Точната локација на тунелот и датумот на снимањето не се независно потврдени. Iran’s IRGC released footage of Iran's Supreme Leader’s representative to the IRGC inspecting naval missile tunnels in southern Iran, housing anti-ship missiles and fast attack boats. https://t.co/R2v2YMOory — Clash Report (@clashreport) November 3, 2026 Видеото објавено по американските напади Видеото е објавено еден ден откако САД извршија ограничени напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американски функционер ги опиша како одбранбени напади и рече дека тие не значат враќање на големи борбени операции против Иран. Не е потврдено дека објавувањето на снимките е поврзано со нападите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter