МакедонијаПендаровски му додели „Орден за заслуги за државата" на Бигорскиот манастир„Орден за заслуги за државата" денеска доби Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител", по повод 1000-годишнината од неговото основање. Ова високо државно одликување на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј во претседателската резиденција на Водно му го додели претседателот Стево Пендаровски. На доделувањето на Орденот присуствуваа и премиерот Зоран Заев, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, членови на Бигорската обител, претставници на верски заедници… Претседателот Пендаровски по доделувањето на Орденот рече дека нашата генерација има извонредно ретка можност да биде сведок на еден импресивен јубилеј, каков што е 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител". – Бигорскиот манастир е едно од нашите најголемите духовни светилишта кое низ вековите и денес во континуитет претставува извор на писменост, култура и уметност. Бигорски не е само православен манастир и христијанско светилиште, тој отсекогаш бил прочуен на местото каде помош, поткрепа, човечки збор и утеха можеле да најдат сите без разлика на нивната верска, етничка и каква било друга припадност. Историјата на манастирот со не помалку и неговата духовна и културна мисија и ангажман лесно ги надминуваат државните граници и ги сплотуваат и обединуват луѓето, што сигурно е најблагородната можна кауза во светот од кој сме дел, истакна Пендаровски. Манастирот на радост на сите, продолжува да живее, да создава добрини и да остава вредности, потенцира претседателот и додаде дека повеќе од убеден е дека и во вториот милениум од своето посетоење традицијата ќе биде продолжена, а сите ние ќе бидеме задолжени со нови културни и духовни подвизи и дела достојни за почит. Потенцира дека и покрај убавите настани и јубилеи како денешниов оваа година ќе ја паметиме и по падемијата која од темел го промени нашето животно секојдневие. – Живееме во страв и претпазливост поради вирусот додека сме соочени со разните економските последици што тој ги предизвикува. Меѓутоа токму во вакви моменти повеќе од кога било ни е потребна верба, солидарност и меѓусебна почит, грижа и внимание, љубов подарување кон блиските, сиромашните, кон ранливите. Навикнати на комотноста секоја промена ја доживуваме фаталистички и многу полесно од порано дозволуваме да не совладаат нетрпеливоста, гневот и фрустрациите. Меѓутоа токму илјадагодишната приказна на Бигорски не подучува дека животот не е само мед и млеко и дека како што вели народната мудрост „во секое лошо има и по нешто добро". Човековата историја памети и други апокалиптични субитија, но човечкот род секогаш излегувал возобновен со нови животни искуства. Така ќе биде и овој пат, додаде Пендаровски. Епископот антаниски г. Партениј се заблагодари за Орденот и посочи дека со ова почесно одликување нашата држава покажува дека умее да го препознае и да го вреднува и она што според зборовите на Светото писмо е вистинско, чесно, праведно, чисто, љубезно, што е достојно за слава, она што е добродетел, што е за пофалба. Светиот Бигорски манастир, истакна епископ г. Партениј, не само што веќе еден милениум ги озарува овие простори со зраците на Божјата светлина и светост, со словото на Боженственото евангелие, туку низ историјата одгледал духовни и општествени дејци заслужни за нашата духовност, образование култура и државност. – Секојдневно се сведоци на девалвирање на вредностите што се дел од човекот, на разноразни клевети, озборувања и лажни вести кои причинуваат штета во психосоматскиот систем на човекот, а особено на младите. Ете зошто денешново високо одликување од страна на највисоката државна институција на древниот Бигорски манастир како место на постојана молитва и патоказ за духовна генерација испраќа силна порака во нашето општество за тоа дека калта на овој свет не може да го засени блесокот на златото (севкупното христијанско наследство и Светото православно предание), што ја одразува светлината на Божјата убавина на благородството и на љубовта, додаде епископот г. Партениј. По обраќањата настапи бигорскиот монашки хор. Централна прослава на 1000 годишниот јубилеј ќе биде одржана в недела во Бигорскиот манастир. Одбележувањето ќе почне во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА. По завршувањео на литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканШестмина уапсени во Србија за изборни малверзации- на луѓе од БиХ им наоѓале лажни живеалишта Во Мали Зворник, мала општина долж границата со Босна и Херцеговина, уапсени се шест лица, за кои обвинителството се сомнева дека им дале адреси на граѓаните на Босна и Херцеговина во Србија за пари за да можат да гласаат на изборите.Меѓу уапсените има вработени во општинската администрација и полициската станица, објави Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, пренесе Индекс. Обвинителството се сомнева дека од април до јули 2025 година, граѓани од Босна и Херцеговина поднеле барања за престој во Србија за да можат да гласаат на изборите. Во официјалните записи од терен, наводно, напишале дека овие граѓани живеат на регистрираните адреси, иако тоа не било вистина. Службени автомобили до Чациленд Еден од осомничените е обвинет и дека патувал од Мали Зворник до Белград со службени општински возила за да престојува во Пионирскиот парк, познат како Чациленд. Обвинителството наведува дека овие патувања не биле поврзани со работа. Друг осомничен е осомничен дека одобрил користење на службени возила без информации каде и кога оделе. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа. Потоа се очекува да бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.Тагови: србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани ИнфантиноПретседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари.Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари (3,5 милиони евра) до крајот на неговиот ангажман во САД, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на интерни документи и извори запознаени со случајот. Инфантино заработува над пет милиони евра годишно Инфантино, чија годишна плата е околу шест милиони долари (5,3 милиони евра), се пресели од Швајцарија во Мајами во 2023 година, а во мај 2024 година тричлениот комитет на ФИФА, одговорен за одредување на надоместоците на високите функционери, одобри предлог за надоместување на сите дополнителни даночни трошоци настанати со преселбата во САД. Одлуката беше донесена на состанок во Бангкок по иницијатива на швајцарскиот сметководител Бруно Чиомент, кој е и претседател на тој комитет и раководител на одделот за управување, усогласеност и ревизија на ФИФА. Но, според документите до кои дојде американскиот дневен весник, таа одлука за даночни олеснувања не била објавена во официјални извештаи, и покрај реформите за транспарентност воведени по големиот корупциски скандал што ја потресе ФИФА во 2015 година. Организацијата негираше какви било неправилности, тврдејќи дека биле почитувани сите внатрешни прописи и законски обврски и дека исплатите на високите функционери биле предмет на независна ревизија. Поширок модел на бенефиции Истрагата на „Њујорк тајмс“ укажува на поширок модел на бенефиции што ги уживале Инфантино и оние во неговиот најблизок круг. Меѓу нив е ангажирањето на приватната компанија за обезбедување GRIZ Global Solutions за заштита на претседателот на ФИФА и неговата сопруга за време на Светското првенство во 2026 година, со дневна такса од 1.300 долари по обезбедувач, што не ги вклучува трошоците за изнајмување возило и возач, и привилегиран пристап до натпревари и специјални чартер летови на ФИФА за индивидуални соработници и членови на семејството. Весникот, исто така, наведува дека промените во статутите и прописите на ФИФА за надоместоците на високите функционери, усвоени пред Светското првенство, ги прошириле овластувањата на претседателот и му донеле дополнителни бенефиции. Новиот правилник ги ублажи ограничувањата за подароци, ВИП покани и користење на приватни авиони, и ги прошири можностите за финансирање на сместувањето на претседателот. ФИФА, која веќе плаќа околу 600.000 долари годишно за изнајмување куќа во Мајами, претходно му обезбеди стан во Швајцарија и сместување во Париз. А Киоменто има посебни привилегии Киоменто, кој беше вклучен во одлучувањето за тие бенефиции, исто така имаше посебни привилегии за време на Светското првенство, вклучувајќи ВИП пристап до натпревари и патување со чартер летови на ФИФА. Неговиот годишен надомест, според весникот, е променет од 250.000 американски долари на 250.000 швајцарски франци, што е дополнително зголемување од околу 50.000 американски долари поради разликата во девизниот курс. Инфантино се соочи со критики во последните години поради неговиот близок однос со американскиот претседател Доналд Трамп, деловните зделки на ФИФА и напорите за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Неговата позиција беше дополнително потресена по откритијата дека водел тајни разговори за продажба на дел од правата за Светското првенство на компанија поврзана со братот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Според „Њујорк тајмс“, откритијата предизвикаа меѓународни критики и ја доведоа во прашање соодветноста на Инфантино да продолжи да го води управното тело на фудбалот, кое ќе избере нов претседател во март. Тагови: ФИФА Џани Инфантино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.„Репортери без граници“ го додаде американскиот претседател Доналд Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“ за 2026 година, обвинувајќи го за засилување на кампањата против медиумите откако се врати во Белата куќа за втор мандат. Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа. САД сега се рангирани на 64. место од вкупно 180 земји на светскиот индекс на слободата на медиумите на оваа организација. Трамп им се придружи на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на листата, објавена по повод меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, признат од обединетите нации.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00