Пендаровски до четврток треба да се изјасни за законот за попис

Премиерот Зоран Заев не гледа ништо спорно во одлуката на Претседателот Пендаровски да се консултира со експерти пред да одлучи дали ќе го потпише указот за законот за попис.

На таков начин, според Заев, ќе се добие непристрасна оценка иако лично не гледа ниту една причина за негово одложување..

„Не гледам промил причина за негово одложување, за негово неспроведување насекаде па и кај нас, а кај нас уште повеќе затоа што немаме попис од последните 10 години. Мене ми е драго што претседателот на државата со експерти уште еднаш ќе погледне, со едно непристрасно око да се види уште еднаш, да не испадне власта тврди едно, опозицијата тврди друго. Тоа ќе биде само уште еден коректив.“ изјави Зоран Заев, претседател на Влада

Повик до Претседателто да не го потпишува указот испратија од опозицкста ВМРО-ДПМНЕ, која во спротивно најави дека ќе собира потписи за поништување на законот.. Премиерто Заев, сепак смета дека е добро што нема повици за бојкот од страна на опозицијата..

тонско Мене ми е драго што кај опозицијата не го гледам зборот ‘бојкот’, туку ‘непризнавање на резултатите’, зашто да терате некој на бојкот е да ги терате граѓаните да го кршат законот. Кој ќе им ги плати казните на граѓаните што ги ставил во такви околности. Ако било кој македонски политичар даде инструкции да седат граѓаните дома, тогаш тие македонски граѓани ќе бидат помалку попишани. Албански политичар може истото да го направи, и тогаш Албанци ќе бидат попишани помалку.

А, додека се чека „аминот“ од Пендаровски, американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз излезе со поддршка за пописот. Во интервју за Гласот на Америка кажа дека ова е важен чекор за земјава која немала попис речиси 20 години и изрази очекување Владата да осигура дека пописот ќе го прават професионалци, што ќе обезбеди информации кои ќе и помогнат на државата во однос на иднината.

Пописот е предвидено да се спроведе од 1 до 21 април годинава. Заводот за статистика чека законот да стапи на сила, за веќе следната недела да биде објавена и методологијата за која уверуваат дека е согласно светските стандарди и по сите препораки на ЕУРОСТАТ.

Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на протоколите за работа

Полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат вчера во периодот од 19 до 22 часот, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од Ковид.

Од МВР денеска информираа дека при контролата било констатирано дека угостителски објект на ул.„Маршал Тито" во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот, најавуваат од МВР, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената средба за која знаеме е таа на Заев и Мијалков во ВМРО-ДПМНЕ

Единствената средба за која знаеме е таа на Заев и Мијалков, каде Заев му ветуваше слобода, за возврат бараше креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.

А ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже. Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже.

СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница.

Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков се уште ќе беше на слобода и сега заедно ќе правеа вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасат фотелјата на Заев и да ја купат слободата на Мијалков.

Криминалот повеќе не поминува. Одговорност ќе има. Во СДСМ тоа го знаат и затоа се нервозни.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски: Стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми

Владата зема 2 милијарди заеми, а тие пари не се стигнати кај фирмите.

Денес во Битола остваривме средба со претставниците на Стопанската комора, и да видиме кои се состојбите. За жал состојбите не се охрабрувачки. Гледаме дека стопанството во Битола се соочува со тешки проблеми.

Мислиме дека изминатиов период тие најавени 2 милијарди евра кои владата ги зема, се задолжи и ги потроши, за жал не покажуваат ефекти во стопанството. Што не доведува до заклучокот, дека она што го кажа вицепремиерот за економски прашања дека 350 милиони евра се само искористени во стопански цели, додека другите веројатно се искористени во непродуктивни или коруптивни цели, а не во интерес на стопанствениците или вработените.

Цениме дека Битола во моментов се наоѓа на маргините на невниманието на локалната и на централната власт и доколку се продолжи со ова невнимание и запоставување на општината може да има уште поголеми и потешки последици од стопански аспект, но и поголемо иселување, а бирото за вработување да ја зголемува бројката на невработеност.

Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер