Педофил киднапирал девојче во Калифорнија,ја убедил да се претвора дека е нема - Канал 5

Педофил киднапирал девојче во Калифорнија,ја убедил да се претвора дека е нема

Педофил од американската држава Вирџинија се соочува со обвиненија за киднапирање на 12-годишно девојче, пишува Си-Ен-Ен.

Педофил киднапирал девојче во Калифорнија,ја убедил да се претвора дека е нема

Властите го опишуваат 40-годишниот Нејтан Даниел Ларсон како „бел врховист“ и „застапник на педофилија“.

Ларсон моментално е во затвор во Денвер. Шерифот на округот Фресно изјавил дека Ларсон управува со веб-страница која охрабрува силување деца и објавување на таква фото-видео содржина.

Властите велат дека тој користел толку „софистицирани“ методи во конкретното киднапирање што се плашел дека може да има уште повеќе жртви.

Ларсон го запознал 12-годишното девојче, која живеела во Фресно преку социјалните мрежи во октомври. За време на два месеци манипулација, Ларсон ја убедил да му испрати свои голи слики.

Минатата недела тој полетал кон Фресно и ја убедил да излезе од куќата околу 2 часот по полноќ. Потоа повикал такси за да отидат до аеродромот. Ларсон го променил изгледот на девојчето со перика и и рекол да се преправа како нема за да не зборува со никого.

Полицијата подоцна тој ден објавила дека девојчето е изчезнато, а кога дознале дека киднаперот и девојчето се качиле во авион за Вашингтон со трансфер во Денвер, контактирале со тамошните власти за да ја проверат ситуацијата на тамошниот аеродром. Полициски службеник во Денвер го пронашол и уапсил Ларсон, а агентите на ФБИ го спасиле девојчето, кое не било повредено.

Канцеларијата на шерифот во округот Фресно бара негова екстрадиција во Калифорнија и ги повикува неговите други потенцијални жртви да се пријават.

„Поради софистицираната природа на начинот на кој Ларсон го киднапира девојчето од Фресно, детективите сметаат дека имало и други жртви во минатото“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Ова не е прв пат Ларсон да се соочи со сериозни обвиненија. Пред единаесет години, тој отслужил 14 месеци затвор затоа што испратил детална е-пошта до тајната служба на САД во која се заканувал дека ќе го убие претседателот на Соединетите држави. Ларсон ја испратил поштата во декември 2008 година кога Барак Обама станал избран претседател.

Тој исто така се зафатил со политика, па се кандидирал како независен кандидат на изборите во Домот на делегатите во Вирџинија 2017 година и изгубил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Советот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE.

Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“.

Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал.

Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер