Пазар на органски производи во „Јавна соба" – три саботи урбано шопинг доживување

Се враќаме на вкусовите на нашите баби и дедовци, но со нови технологии, знаења и квалитет. 

Свежи органски домати, краставици, пиперки, рукола, зелка, компири, органски јаболков оцет, маџун и кашкавал, се само дел од палетата производи кои ќе може да се купат на првиот Пазар за органски производи – ПАЗАР.орг што се отвора денеска во 10 часот на зелената тераса на „Јавна соба", а ќе се одржува и следните две саботи, на 26 јуни и на 3 јули.

Да се подигне свеста кај граѓаните дека органската храна е поздрава, да се разбие стигмата дека е недостапна и скапа, како и да се поддржат домашните, локални производители, е целта на ова урбано шопинг доживување што го организираат „Јавна соба", првата задруга на потрошувачи на органска храна „Добра земја" и е-продавницата „Бакалница.нет".

-Се враќаме на вкусовите на нашите баби и дедовци, но со нови технологии, знаења и квалитет. Идејата ни е промоција на домашните производители, но имаме и просветителска улога во целава приказна зашто сакаме потрошувачите да ги навикнеме на производи кои се произведени локално и кои се со висок квалитет. Редно е и децата, посебно оние од Скопје, да пробаат непрскано јаболко или домат или барем да видат каков е нивниот изглед и по што се разликуваат од индустриските, велат организаторите.

Посетителите на Пазарот ќе имаат можност не само да купат, туку и да дегустираат храна, како и органско вино од мали семејни винарии за кои никогаш не слушнале. Сè тоа ќе биде зачинето со добра музика и мини игротека за деца.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер