ЖивотПАТРИЈАРШИСКО ПОСЛАНИЕ ЗА РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО Сечесни во Христа браќа и најсакани чеда,+ В А Р Т О Л О М Е Ј ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП НА КОНСТАНТИНОПОЛ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ, ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА, БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР ОТКАЈ РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС *** Сечесни во Христа браќа и најсакани чеда, По благоволение одозгора, го празнуваме и годинава, со псалми и химни и духовни песни, Рождеството според плот на предвечниот Син и Слово на Бога, односно пројавувањето на таинството на Бога и на човекот. Според Светиот Николаj Кавасила, она што се извршува на Божествената Литургија е „тајноводство на вочовечувањето на Господ“, а славословниот возглас на нејзиниот почеток: „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух“, сведочи „дека преку вочовечувањето на Господ, луѓето за прв пат научија дека Бог е Три Лица“[1]. Свештениот отец возвестува дека Господ и Спасителот наш Исус Христос „прв и единствен го покажа вистинскиот и совршен човек, во однос на етосот, животот и на сѐ друго“[2]. Опфаќањето на човечката природа во Личноста на Синот и Словото Божјо и отворањето за човекот на патот на обожението според благодат, му придаваат на човека ненадминлива вредност. Заборавањето на оваа вистина води кон намалување на почитта кон човековата личност. Отфрлањето на возвишеното предназначение на човекот, не само што не го ослободува, туку и води кон разни деградирања и поделби. Без свеста за својот Божествен происход и без надежта за вечноста, човекот се соочува со тешкотии да остане човечен, немоќен е да се справи со противречноста на „човечката состојба“. Христијанското разбирање на човечкото суштествување принесува решение на проблемите што ги создаваат насилството, војната и неправдата во нашиот свет. Почитувањето на човековото лице, мирот и справедливоста се дар од Бога, но воспоставувањето на мирот што го донесе Христос бара соучество и соработка од луѓето. Христијанската позиција во однос на борбата за мир се темели на зборовите на Спасителот Христос, Кој благовести мир, поздравува со „Мир вам“ и ги поттикнува луѓето да ги љубат своите непријатели[3]. Откровението во Христа се карактеризира како „благовестие на мирот“[4]. Тоа значи дека за нас Христијаните, патот кон мирот е само мирот; дека ненасилството, дијалогот, љубовта, проштавањето и помирувањето имаат предност пред други начини на решавање на разликите. Богословието на мирот е јасно опишано во текстот на Вселенската Патријаршија „За животот на светот. Социјалната етика на Православната Црква“ (2020): „Ништо не се спротивставува повеќе на Божјата волја за Неговите творенија, создадени според Неговите образ и подобие, од насилството што се врши против ближниот... Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен... Мирот претставува вистинско откровение на подлабоката стварност на созданието, согласно со волјата на Бога и на обликот како што го замислил Он според Своите вечни совети“[5]. Мирот не е нешто што е дадено и самосмислено, туку е должност, потфат, постојана грижа и непрекината борба за негово одржување. Не постојат автоматизми и трајни рецепти. Спроти секоја закана за мирот, потребна е будност, волја за решавање на проблемите со посредство на дијалог. Големите херои на политиката се борците за мирот. Ние продолжуваме да ја нагласуваме миротворната улога на религиите, во една епоха кога религиите се подложени на критика, бидејќи, наместо да покажуваат сили на мирот, на солидарноста и на помирувањето, тие го хранат фанатизмот и насилството „во името на Бога“. Тука станува збор за извитоперување на религиозната вера, а не за феномен што природно произлегува од неа. Искрената верба во Бога е најстрогиот судија на религиозниот фанатизам. Религиите се природни сојузници на сите луѓе коишто се борат за мирот, за справедливоста и за заштитата на тварта од човечката катастрофа. Човештвото оваа година ја одбележува 75-годишнината од Универзалната декларација за човековите права (10 декември 1948), којашто претставува синтеза на основните хуманистички идеи и вредности, „заеднички идеал кон кого треба да стремат сите народи и сите нации“. Човековите права, чијашто централна точка на референца е заштитата на човековото достоинство и на неговите индивидуални, социјални, културни, економски и еколошки услови, можат да бидат разбрани во својата иницијална динамика, доколку бидат признаени како основа и критериум за светскиот мир, кој е поврзан со слободата и со справедливоста. Во оваа смисла, иднината на човековите права и на мирот е поврзана и со придонесот на религиите кон целта за почитување и реализација на истите. Со вакви размислувања и со празнични чувства, во целосна увереност дека животот на Црквата сам по себе претставува отпор кон нечовечноста, од каде и да произлегува таа, секогаш ве повикуваме на добрата борба за изградба на една култура на мир и помирување, во која човекот ќе гледа во својот со-човек свој брат и пријател, а не сплеткар и непријател, и потсетувајќи ве сите вас, браќа и чеда, дека Божик е време за самоспознание и за благодарност, за откривање на разликата меѓу Богочовекот и „човекобогот“, за осознавање на „великото чудо“ на слободата во Христа и за исцелувањето на „големата рана“ од отуѓувањето од Бога, со длабока почит свиваме колена пред Онаа Која во своите прегратки Го држи воплотеното Слово, Богомајката Марија, и пренесувајќи го до вас благословот на Светата Мајка, Великата Христова Црква, ви посакуваме среќен, здрав, доброплоден, мирен и радосен нов претстоен годишен круг на благоста Господова. Божик 2023 + Константинополскиот огнен молитвеник кон Бога за сите вас [1] Εἰς τήν Θείαν Λειτουργίαν, ΙΒ’, PG 150, 392D. [2] Περί τῆς ἐν Χριστῷ ζωῆς, ΣΤ΄, PG 150, 680C. [3] в. Матеј 5,44. [4] Ефес. 6,15. [5] § 42, 43 и 44. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМлада ѕвезда ја одби понудата на Реал за продолжување на договорот- од ПСЖ му нудат тројно повеќеТурскиот репрезентативец Арда Ѓулер (21) наводно ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, објавува турскиот Ајансспор, кој се повикува на ESPN. Според тие информации, шпанскиот клуб му понудил годишна плата од осум милиони евра, но младиот играч од средниот ред не ги прифатил понудените услови. Пари Сен Жермен е исто така заинтересиран за Ѓулер, кој наводно е подготвен да плати дури 200 милиони евра отштета за играч кој, според Transfermarkt, вреди 100 милиони евра. Францускиот шампион е исто така подготвен да му понуди на турскиот фудбалер годишна плата од приближно 22 милиони евра, што е речиси три пати повеќе од сумата што наводно му ја нуди Реал. Шпанскиот „Ел Гол Диџитал“ исто така пишуваше за евентуалното заминување на Ѓулер, во кој се наведува дека ПСЖ го следи развојот на ситуацијата околу неговиот договор. Сепак, засега нема потврда дека парискиот клуб му испратил официјална понуда на Реал или дека се започнати преговори за трансфер. Шпанците претходно напишаа дека Гулер веќе се преговарал за нов договор Информациите за одбивањето на понудата од страна на Гулер се разликуваат од она што го објавија шпанските медиуми на почетокот на октомври. Во тоа време, угледниот „АС“ објави дека Реал Мадрид и турскиот репрезентативец постигнале договор за продолжување на соработката до летото 2031 година. Според тој весник, новиот договор требало да вклучува зголемување на платата и продолжување на соработката за две сезони во споредба со постојниот договор кој важи до 2029 година. „Мундо Депортиво“ исто така напиша на почетокот на октомври, повикувајќи се на Фабрицио Романо, дека е постигнат договор за продолжување на договорот, но ја наведе 2032 година како година на истекување. Во меѓувреме, Реал Мадрид официјално не го потврди новото времетраење на договорот. Затоа, сè уште не е јасно дали преговорите станале покомплицирани во меѓувреме или најновите информации за одбивањето на понудата од страна на Гулер се неточни. Фенербахче би заработил и од евентуален трансфер Евентуалното заминување на Гулер од Мадрид би било финансиски значајно и за неговиот поранешен клуб Фенербахче. Турскиот гигант, при продажбата на младиот играч од средниот ред на Реал во 2023 година, се согласил за правото на 20 проценти од износот на неговиот следен трансфер. Доколку ПСЖ навистина плати 200 милиони евра, Фенербахче би можел да заработи 40 милиони евра според таа клаузула. Сепак, износот на надоместокот во моментов се базира исклучиво на непотврдени шпекулации за трансфер. Тагови: ПСЖ Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за Мексико ако не ги спречи големите групи мигранти кои, според него, се движат кон границата со САД. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој тврди дека по поразот на републиканците на конгресните избори, повторно се случува „инвазија“ на САД. „Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на конгресните избори - на кои ЈАС НЕ СЕ КАНДИДИРАВ - ИНВАЗИЈАТА на нашата земја повторно се случува“, напиша Трамп. „Мексико мора да ги запре сега“ Трамп тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и се движат кон Соединетите Американски Држави. „Се формираат огромни каравани и започнуваат нелегална кампања низ Мексико. Многу луѓе во овие каравани се оние што разни земји не ги сакаат - „Испратете ги во Америка“, велат тие - но нема да бидат прифатени!“, рече тој. TRUMP: Threatens to immediately double tariffs on Mexico unless it stops migrant caravans; says Texas governor, Border Patrol and ICE have been informed https://t.co/3q15P0d7yE — Trump Truths (@trumptruthsbot) November 12, 2026 Потоа му се закани на Мексико со економски мерки ако не ги спречи мигрантите. „МЕКСИКО МОРА ДА ГИ ЗАПРЕ СЕГА, а ако не го сторат тоа, царините за Мексико ВЕДНАШ ќе бидат ДВОЈНИ“, напиша американскиот претседател. „Нема да има отстапки“ Трамп рече дека Мексико, гувернерот на Тексас, американската гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE) биле информирани за неговото барање. Тој конкретно го спомена новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“. „Нема да има отстапки! Ви благодарам за вниманието“, заклучи Трамп. Трамп не даде докази во објавата за тврдењата за караваните со мигранти, ниту прецизираше за кои постоечки царини ќе се однесува најавеното удвојување.Тагови: Доналд Трамп Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИнфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“. Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе. Од mukbang до Холивуд Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи. View this post on Instagram A post shared by Trisha Paytas Hacmon (@trishapaytas) Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми. За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“. Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа. View this post on Instagram A post shared by Trisha Paytas Hacmon (@trishapaytas) Семејство и нови мемоари Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година. Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.Тагови: инфлуенсерка Јутјуб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook