3Поранешна руска шпионка откри како функционира „медената стапица“- бројот 7 игра клучна улога (ВИДЕО)
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
3Ник Кенон се обидел да направи групен разговор со шесте жени, кои му родија 12 деца- настанал хаос (ВИДЕО)
ЖивотПасијата по олд-тајмери на делчевецот ЛоренцоПасија е таа која те покрева и тогаш кога животот знае да ти удира шлаканици или кога мислиш дека сѐ околу тебе е монотоно и не ти дава да дишеш, или кога секојдневно согледуваш дека една искра може да направи пламен и да уништи се што си создавал со децении, па и да однесе човечки живот. Тогаш токму таа пасија, за која би урнал планини и минал мориња, те буди од секојдневието и те одржува цврсто на земјата. Велат дека соништата на големите сонувачи никогаш не се остваруваат. Но, 45-годишниот Лоренцо Трајановски од Делчево, пожарникар кој веќе 19 години се бори со огнените стихии, има несекојдневна пасија која му го обојува светот, а тоа се старите автомобили, популарните олд-тајмери. Лоренцо има 13 стари автомобили. Најстариот има 51 година, а најмладиот 37, или неговото богатство изгледа вака: VOLGA 1979, MOCKVICH 1980, ZASTAVA 750 (FICO) 1979, LADA ZIGULI 1979, VW BUBA 1967, WARTBURG 1980, RENO 4 1980, SKODA 105 L 1981, OPEL KADETT 1979, PEUGEOT 204 1973, TRABANT 601 1972. - Мене сите коли ми се омилени, не би сакал да ги потценувам останатите, но ете, би ја издвоил мојата VOLGA GAZ – 24 (руско производство) голем и широк изглед и комоција, долга пет метри, јачина 2.500 кубици, бензинец. Чувството да се возиш во неа е како во брод на мирно море. Стара е 40 години, но функционална како моментално да е направена. Сите делови одлично ѝ функционираат, преносот е на кардан, задна влеча, голема шалт табла, со голем волан. Оваа руска убавица наликува на американските CADILLAC, CHEVROLET, MUSTANG, на ниво на сегашната технологија, вели Трајановски. Вели дека подеднакво си ја сака и професијата, која го исполнува подеднакво како и хобито. Работи двосменски, со 12 работни часа во смена. На работа целото време им го посветува на камионите, посебно оние најстарите кои имаат и над 40 години. -Со самото тоа што ги гледам и анализирам, за мене претставува задоволство, а кога ги возам тоа е неописливо чувство, кое едноставно ме одржува во исполнет живот. Кога сум ноќна смена, наредните два дена сум слободен. Тие слободни денови ги користам уживајќи со моите 13 олдтајмери постари и од 40 години. Тие се едноставно дел од мене, а јас дел од нив. Имам доволно слободно време кое го користам за да им се посветам и сѐ што е потребно за нивно одржавање, вели Трајановски. Прва изложба во Италија Уште како дете, Лоренцо се радувал на првиот автомобил на неговите родители- застава 750 или популарно познато како „фиќо“. -Мојата секојдневна игра и исполнување беше неговото чистење и одржавање. Но, првиот мој стар автомобил беше VW BUBA. Го купив од мој пријател, го регистрирав и заминав да учествувам на една олдтајмер изложба во Италија. Тоа за мене беше исполнување на сон, она кога сонот станува јаве. Уште од тогаш ми се роди желбата таков настан да се одржи и кај нас. Но мојот темперамент, жар и преголема љубов не дозволи тоа да биде само желба, за подоцна тука да се случи изложба на олдтајмери, се сеќава Трајановски. Олдтајмерите за Лоренцио се најголемо богатство и на нив се посветува максимално и ги негува. - Знам сѐ за нив, на кој начин работат, како функционираат, дефекти, импровизирање и слично. Тоа е една љубов која ми ја апсорбира негативната енергија и ме исполнува со позитивна. Автомобилите, едноставно, ги чувствувам како преголем дел од мене, како членови на моето семејство. И покрај сегашниот преголем избор на нови автомобили, јас имам интерес само за стари. Што постари толку поголем интерес имам, посебно, ако се зачувани и одржувани. За мене, најдобро инвестирани пари за задоволство е да си купам стара кола, ни вели Трајановски. Овој страстен обожувач на стари автомобили се восхитува и на новата технологија во производството на автомобили, но вели дека негов интерес се единствено старите автомобили. -Старите се изработени од квалитетно железо, крила, браници, фарови, издржливи на секакви терени, моќни и едноставни за управување и ефтина потреба за делови. Додека новите автомобили се од посебна пластика и гума, електроника и прескапи делови, само еден дел за нова кола би чинел колку да се купат три стари коли. Лично да имам кола која вреди 25.000 евра би ја продал и би купил 15 стари коли. Не сум воопшто љубител на луксузни и скапи возила, истакнува Трајановски. Со кредити купува стари автомобили Старите автомобили ги пронаоѓа со секојдневни контакти со луѓе кои го имаат истото хоби, или по социјалните мрежи, каде се споделуваат информации за тоа кој и каква кола продава или каде се одржуваат изложби на стари автомобили. - Имало ситуации, каде што сум одел и во отпади да ја „спасам“ што би се рекло колата од пресата. Старите автомобили се дел од мене и за нив ќе го потрошам и последниот денар ако има потреба и тоа често се случувало. Се случувало и да имам голема желба за одреден автомобил, но финансиите ме спречувале да ја купам. Во таа ситуација, земав кредит од банка за да го добијам автомобилот. И тоа неколку пати сум го повторил, само колата да не заврши на отпад. Мене посебно ме радува тоа што сите мои коли се различен модел и различно функционираат. На пример, WARTBURGOT нема моторно кочење и нема картер за улје, туку користи бензин мешавина со улје двотактол, како што користат мопедите. WV BUBA нема ладилник за вода ниту користи вода, односно има воздушно ладење. LADA, VOLGA, MOCKVICH, имаат задна влеча за зимски услови не се баш подготвени и се малку слаби, но за товар ниедна друга кола не може да им биде конкуренција. За нив деловите се многу евтини и квалитетни за одржување. Интересно за VW K-70 е тоа што за тогашно време во 70-ите години има електронски саух, елегантен изглед, кожни седишта и многу квалитетна конструкција. Без разлика што моите коли се прилично стари, нивниот изглед премногу ми е важен и се грижам за тоа, исто како што родителот се грижи за своите деца, со посветено преголемо внимание. И покрај моите 13 коли, мојата желба за големо автомобилско семејство не згаснува, ќе го надополнувам со секоја добра прилика, вели Трајановски. За да се врати стариот сјај на прилично стар автомобил на Лоренцо му е потребно повеќе време затоа што става само оригинални делови, оргинални бои и затоа му е потребно околу пет до шест месеци, за да се постигне посакуваниот изглед, односно оргиналниот. Автомобилите ги рестарвира во соработка со два сервиса. Едниот е за механичкиот дел на колата, а другиот за каросеријата. -Јас сум максимално вклучен, кога се работи на моја кола, помагам и работам заедно со нив што ми претставува задоволство , затоа што се стекнувам и надградувам со повеќе искуства и знаења во таа област. Веќе имам набавено комплетен алат за рестарвирање и во иднина планирам самостојно да започнам со рестарвирање на старите возила, најавува Трајановски. Тој истакнува дека за него старо возило фрлено во отпад е преголем грев, болка, жал, бес, гнев и слично. - Јас сум премногу емотивно врзан за тие возила што местото каде што би се уништувало тоа богатсво го доживувам како класичен погреб. Досега четири коли имам купено да не речам спасено од тоа хорор место. Во секој случај кога ќе купам кола од такво место за мене е гордост и исполнетост. Кога таа кола ќе ја однесам на мојот паркинг покрај останите, тоа за мене претставува освоена битка, среќниот крај на една моја, а и нејзина приказна, додава Трајановски. „Kings of the roаds"eдинствено Здружение во Источна Македонија Идејата да формира здружение кое ќе ги обедини вљубниците во стари автомобили од регионов и кое ќе донесе поинаков поглед кон старите автомобили, ја носел подолго време. Во консултација со повеќе здруженија од Србија, Босна, Хрватска, Италија и Бугарија, се решава да го формира првото здружение. - Моја преголема желба, а и секојдневна мисла беше таа култура да заживее и во мојот град Делчево. Веќе сте сведок на исполнувањето на мојата желба, која стана реалност. На моите заложби на почетокот, моите сограѓани гледаа многу песимистички. Често го слушав прашањето дали сум нормален и зашто трошам пари на стари канти кој никој не би ги возел, едноставно смешно им беше. Моите роднини и пријатели ништо поинаку од моите сограѓани. Се соочував со секојдневни расправии, кавги, провокации и слично. Мојата љубов кон колите секако беше поголема, секако и мојата решителност и став, како и вербата во самиот себеси и во она што го сакам и борбата за тоа. Воопшто не ме интересираше мислењето на оние кои не ме поддржуваа. Но, сето тоа нагло се промени кога јас го одржав првиот „Retro cars show“ во Делчево на 2 октомври 2016 година. Беа воодушевени од мојот труд и посветеност на она што го сакам и работам. Оние кои најмногу се потсмеваа беа со најголеми импресии, и дури покажаа интерес да ги водам со мене на други изложби, истакнува Трајановски. Тој соработува со негови колеги по хоби од Прилеп, Битола, Велес, Скопје и Струмица. Комуницираат често, си набавуваат делови, си помагаат на секаков начин. -Соработката со сите здруженија ми е на високо ниво, се чувствува голема почит и култура во соработката и работата. Посебно ме прави среќен што соработувам со клубови во Бугарија, кои ќе земат учество на манифестацијата што ја организирам во март оваа година во Делчево. Тие ќе учествуваат со пет до шест автомобили, навистина, енормно вредни, американски модел. Овој пат нема да можат да дојдат и да учествуваат клубови од Белград и Загреб со кои, исто така, соработувам, раскажува Трајановски. Втора ревија на олд тајмери на 24 март во Делчево Првата ревија на олдтајмери во Делчево беше одлично организирана. По делчевските улици продефилираа 49 стари автомобили. -Расположението на присутните беше на високо ниво, моите сограѓани беа среќни што за прв пат гледаат нешто ново во Делчево. По таа изложба, секојдневно ме прашуваа кога и каде повторно ќе има манифестација од таков тип. Мојот план е на 24 март годинава, точно на мојот роденден, да биде втората ревија, која ќе биде уште побогата и поинтересна од претходната. Овој мој роденден сигурен сум дека ќе го памтам додека сум жив, вели Трајановски. Неговите планови се почести изложби во неговото родно Делчево, како и на европско ниво. Плановите му се да отвори еден мал музеј на ретро коли, каде што посетата на олдтајмерите ќе биде бесплатна за сите љубители. - Изградба на објект што треба да почне токму овој месец, каде што моите возила ќе бидат на некој начин заштитени, а и ќе има сервис за нивно одржавање. Во блиска иднина имам желба за отворање на регионален и професионален сервис за рестарвација на олдтајмери, за Македонија и пошироко, најавува Трајановски. Лоренцо е посебно задоволен што младите почнуваат да се интересираат за оваа култура кон старите автомобили. -Посебно ме радува што младите почнуваат да се интересираат за оваа култура, се консултираат со мене, се интересираат за местата каде ги набавувам, цената, староста на возилото, штедат пари за да купат, сакаат да бидат членови во мојот клуб, да присуствуваат и наскоро да учествуваат на изложби, да се дружат и запознаваат со нови пријатели кои ја делат истата страст. Моите поддржувачи во Делчево ги има во сѐ поголем број и тоа премногу ме радува, истакнува Трајановски. Не ги носете старите автомобили на отпад - Мој совет кон сите кои чуваат стари автомобили е да ги чуваат затоа што еден ден ќе се уште поголемо богатство, во никој случај да не ги фрлаат во отпад, а ниту да ги продаваат. Мала е цената што може да се земе ако се продаде олдтајмер, цена која пребрзо се троши. Продадов еднаш две коли Mercedes 115 и Audi 100 , сеуште не можам да се помирам со таа моја непромислена одлука, а назад веќе нема. Сега ги немам колите, а парите кои ги зедов се потрошија за кратко време, за ништо значајно. Но сите оние кои имаат олдтајмери и цврсто се одлучени дека не го сакаат, ги замолувам најпрвин да ме контактираат мене, нема да дозволам да бидат уништени, а во мојата колекција ќе бидат добредојдени, истакнуав Трајановски. Го оставивме Лоренцо да го дотерува варбургот, новото возило во неговата колекција. Гледајќи го како со страст работи давајќи му нов живот на старото возило, нѐ инспирира со други очи да ги гледаме старите автомобили, но и задолжително да бидеме дел од ревијата на олдтајмерите која треба во Делчево да донесе педесетина стари убавици, сите со своја приказна. Даниела ТакеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУпад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)Мустафа Болат (29) извадил пиштол од 9 мм и отворил оган врз Али Унлу во продавница во Вуд Грин, северен Лондон, по расправија со семејството на жртвата.Еден од истрелите бил испукан само неколку сантиметри од главата на Унлу, но неверојатно, сите три куршуми ја промашиле жртвата. Инцидентот е снимен со безбедносните камери на продавницата. Снимката го покажува Унлу како се врти непосредно пред разбојникот да отвори оган. Потоа жртвата возвраќа и почнува да се бори со напаѓачот. Двајцата се туркаат и влечат еден со друг сè додека не паднат врз фрижидер со пијалоци, испраќајќи корпи со овошје што летаат во сите правци, објавува Дејли Меил. Болат бил уапсен и обвинет за обид за убиство, но поротата го ослободила од обвинението откако тврдел дека „само се обидувал да ја исплаши“ жртвата. Тој бил ослободен и од обвинението за поседување огнено оружје и муниција со намера да се загрози животот. Болат му рекол на судот дека не сфатил дека оружјето што го држел е „вистинска смртоносна машина за убивање“. Тој исто така тврдеше дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека претходно имал можност да го убие Унлу и дека тоа не му била намера. Тој се изјасни за виновен за поседување огнено оружје со намера да предизвика страв од насилство и беше осуден на затворска казна во Олд Бејли во Лондон во петок, 6 ноември. Снимките од безбедносните камери, прикажани за време на судењето, го покажуваат Болат како влегува во продавницата во март и испука три истрели, пред Унлу да го фати и да го турне кон полиците на фрижидерот. Here's gunman Mustafa Bolat firing three shots in a corner shop to terrorise Ali Unlu at the WG Express convenience store in Wood Green. Mr Unlu fought back as the two men sprawled in the fruit section, sending apples spilling to the floor.https://t.co/0fpjMx9HnU https://t.co/DVTzcYcEe2 — CourtNewsUK (@CourtNewsUK) November 9, 2026 „Болат станува и го насочува пиштолот кон Унлу, кој инстинктивно ја подава десната рака и ја крева левата рака на Болат, која го држи пиштолот. Двајцата продолжуваат да се борат, паѓаат на ладилник, а потоа се движат кон дното на екранот“, рече обвинителот Николас Александар. Потоа напаѓачот е виден како мирно ја напушта продавницата, додека жртвата фрла шише во негов правец. Александар додаде: „Како што можете да замислите, имало голем број повици на 999 од луѓе кои пријавиле пукање во продавницата WG Express“. Болат, кој живее во Тотенхем, ѝ рече на поротата: „Не сум чудовиште, не сум ангел. Правам грешки како и сите други. Бев глупав што извршив сериозно кривично дело. Не се обидувам да го минимизирам кривичното дело што го извршив, само сакам да бидам сигурен дека поротата знае дека не сум убиец.“ Напаѓачот имал претходна пресуда за тешка телесна повреда во врска со напад со нож на 14 јули 2017 година. За време на вкрстеното испрашување на Болат, обвинителот рече: „Ова беше инцидент каде што возевте автомобил, а пред вас имаше друго возило. Во таа пригода имавте кујнски нож со вас.“ „Излеговте од вашиот автомобил, ја ставивте раката низ отворениот прозорец на автомобилот пред вас и замавнавте со ножот кон возачот на тој автомобил.“ „Возачот во таа пригода претрпе две повреди, на ногата и зглобот. Значи, вие сте лице способно да користи оружје.“ Болат беше уапсен додека возел автомобил, иако претходно му беше забрането да вози. Со тоа, тој ги прекрши условите на 12-месечна условна казна изречена во период од две години за опасно возење и одбивање да даде примерок за тестирање за алкохол и дрога. Во писмо до судијата, осудениот изрази каење и рече дека сега сака да води „законски живот“. Судијата Сајмон Мајо го отфрли тврдењето на Болат дека не знаел дека пиштолот всушност е функционален. „Уверен сум дека знаевте дека е вистинско огнено оружје“, рече судијата. „Влеговте во продавницата, го репетиравте пиштолот и го насочивте кон г-дин Унлу. Следеше жестока борба за време на која од пиштолот беше испукано неколку пати. Последиците лесно можеа да бидат катастрофални. Фактот дека никој не беше убиен или сериозно повреден беше во голема мера прашање на случајност.“ „Намерно внесовте наполнето огнено оружје и беше очигледно дека некој може да биде убиен или сериозно повреден. Целта на внесувањето на тоа оружје во продавницата беше да се заплаши и да се предизвика страв.“Тагови: продавница разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаИнфлуенсер понижувал сиромашен работник за да добие кликови- наместо да го понижи, добил 800.000 долари (ВИДЕО)Типичен работен ден во американската држава Мичиген се претвори во непријатно искуство за татко на четири деца, кој се обидуваше да ја заврши работата и да се врати кај своето семејство. Додека редеше замрзнати пици во супермаркет, еден млад човек му се приближи со телефон и реши да се пошегува на социјалните мрежи. Меѓутоа, она што требаше да биде уште едно вирално видео заврши на сосема неочекуван начин. Наместо да му се смеат на работникот, луѓето од целиот интернет застанаа на негова страна и започнаа кампања за собирање средства што надмина 760.000 долари. Според „Американ Форчун“, работникот познат како Волт З. немал поим дека еден од најнепријатните моменти на работа ќе му донесе толку многу поддршка од странци. „Мојот живот е веќе доволно тежок“ Сè започна кога младиот човек што го снимаше побара да му каже колку е часот. Кога Волт го извади телефонот, непознатиот инфлуенсер го приближи својот уред до него и пушти звук што имитираше успешно плаќање преку системот Apple Pay. Потоа рече дека штотуку зел десет долари од него. Всушност, не беа префрлени пари. Целта беше да се предизвика реакција од работникот и да се сними неговата збунетост или лутина. На почетокот, Волт се обиде да ја прекине непријатната ситуација и да продолжи да работи. Сепак, младиот човек повторно му се приближи и овој пат рече дека му зел дваесет долари. Во тој момент, работникот го изгуби трпението. - Мојот живот е доволно тежок. Немам време за вакви работи - рече тој, видливо вознемирен. Објасни дека неговите деца веќе си легнале, дека требало да биде дома еден час порано и дека следниот ден има нов работен ден. Морал да стане во пет часот наутро за да посети уште десет продавници. И потоа изговорил реченица што особено ги погодила луѓето кои подоцна го гледале видеото. - Веројатно заработувате пари од ова, а јас не можам ниту да ја платам хипотеката. Имам четири деца дома. Ова не е смешно! - рече работникот. View this post on Instagram A post shared by cmnewz (@coremedianewz) Интернетот одлучи да му помогне Видеото брзо почна да се шири на социјалните мрежи, но јавната реакција не беше она што веројатно го очекувал шегаџијата. Наместо да се исмева работникот, имаше гнев поради неговото понижување и излив на поддршка за човек кој отворено зборуваше за финансиските тешкотии на неговото семејство. Еден од луѓето кои беа особено погодени од видеото беше Лук Оукеншилд, воен ветеран кого Волт никогаш порано не го запознал. Тој одлучи да започне кампања GoFundMe на 27 октомври за да собере пари. Реакцијата беше релативно скромен првиот ден, но ситуацијата се промени многу брзо. До следниот ден беа собрани околу 5.500 долари, потоа износот надмина 100.000 долари, а до 30 октомври достигна половина милион долари. Според податоците објавени од Fortune на 2 ноември, кампањата собра 761.514 долари преку донации и ветувања. Меѓу донаторите беше и американскиот претприемач и политичар Вивек Рамасвами, кој придонесе 38.000 долари. Човекот кој ја започна кампањата живее во својот автомобил Постои уште еден необичен детаљ во целата приказна. Имено, човекот кој ја започна кампањата за помош на Волт, самиот се соочува со сериозни животни тешкотии. Оукеншилд изјави дека нема постојан дом и живее во својот автомобил. И покрај ова, тој одлучил да му помогне на еден потполно непознат човек чија ситуација длабоко го погодила. Тој објасни дека ја започнал кампањата затоа што добро знае што значи да се бориш со животните проблеми и дека не очекувал поддршката да достигне такви размери. Откако дознал за неговите околности, еден пријател започнал посебна кампања за да му помогне и него. Организаторот истакнал дека платформата GoFundMe го следи собирањето средства наменети за Волт, за да можат парите да стигнат до него. Компанијата стои зад вработениот За време на непријатната средба, Волт се плашел дека инцидентот може да му предизвика проблеми на работа. Сепак, Schwan's, кој е сопственик на брендот за замрзната пица Red Baron, јавно го поддржал својот вработен. Компанијата соопшти дека го контактирала за да провери како е и дека продолжува да го поддржува. На социјалните мрежи беше објавена и порака, во која се наведува дека Волт сè уште работи за компанијата и има база на обожаватели, вклучувајќи ги и неговите работодавци. Во меѓувреме, Инстаграм профилот од кој првично беше објавено видеото со шегата е избришан. Приказна што допре до милиони Fortune истакнува дека силната јавна реакција не е поврзана само со несоодветното однесување на авторот на видеото. Ситуацијата на Волт им потсети на многу Американци на нивните сопствени финансиски проблеми. Според анкетата на CNBC и SurveyMonkey од јули 2026 година, 63 проценти од Американците рекле дека живеат од плата до плата. Во такви околности, приказната за човек кој работи со полно работно време, издржува четири деца и се бори да го отплати хипотеката предизвика големо сочувство. Самиот Волт им се заблагодари на донаторите и рече дека поддршката што ја добиле тој и неговото семејство значи повеќе отколку што можат да изразат зборовите. Тој исто така нагласи дека сака да ја зачува приватноста на своето семејство, поради што засега најчесто се држи подалеку од јавноста. Приказната што започна со обид за понижување на еден работник, така, имаше сосема поинаков крај. Наместо да стане предмет на потсмев на интернет, таткото на четири деца ја доби поддршката од илјадници странци, кои решија да му помогнат да ги надмине финансиските тешкотии.Тагови: инфлуенсер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
СветИран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркетиТехеран ги отфрли обвинувањата од Париз дека стои зад неодамнешната серија сајбер напади врз фрижидерите на француските супермаркети. Иранското Министерство за надворешни работи ги нарече таквите тврдења неосновани и пристрасни и објави дека најостро ја осудува „истрошената политика на Франција за обвинување против Иран“, пишува Politico. Францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел Баро вчера изјави дека Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран е одговорен за невидени сајбер напади врз неколку трговски ланци минатиот месец. Баро додаде дека Париз не исклучува никакви опции како одговор на нападите што погодија 700 локации за дистрибуција на храна. „Ќе ги преземеме сите мерки што сметаме дека се соодветни и неопходни за да ги одвратиме идните напади и да ги казниме одговорните за оваа неприфатлива агресија, вклучително и оние што нема да ги објавиме во јавноста“, рече министерот. وزارت امور خارجه اتهامهای بیاساس و مغرضانه دولت فرانسه علیه ایران مبنی بر مشارکت در اقدامات ادعایی سایبری در فرانسه را کاملا مردود دانسته و سیاست نخنمای اتهامزنی علیه ایران را شدیداً محکوم میکند.. https://t.co/B8idaglHxB — وزارت امور خارجه (@IRIMFA) November 10, 2026 Истрагата се фокусираше на Револуционерната гарда Амбасадорот на Иран во Франција е повикан во Министерството за надворешни работи откако француските обвинители објавија дека отвораат истрага за хакирање. Според француските истражители, нападите ги извршила иранската сајбер единица Шахид Каве, која е поврзана со Револуционерната гарда. Париското обвинителство соопшти дека истрагата ќе се фокусира на шефот на тоа одделение. Наведоа и дека поради сајбер нападот избувнале дваесетина пожари. „Напаѓачите од далечина ја презедоа контролата врз опремата преку веб-интерфејсот и започнаа ненормални циклуси на одмрзнување со неограничено времетраење. Тие, исто така, ги исклучија безбедносните предупредувања на сензорите кои требаше да се активираат откако температурата ќе надмине одредена граница“, се вели во соопштението. Дискусија на ниво на ЕУ Претседателката на Европскиот совет Каја Калас вчера најави дека наводните ирански хакерски напади ќе бидат разгледани на состанокот на Советот за надворешни работи следната недела. Таа рече дека одговорот на Европа треба да биде силен доколку се потврди кој стои зад нападот. Европската комисија исто така ги истражува овие напади. Европскиот комесар за земјоделство и храна Кристоф Хансен ги опиша како „намерен обид да се наруши нашиот синџир на снабдување со храна“.Тагови: маркети фрижидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter