Партиски средби за Законот за Јавно обвинителство

Ќе успее ли власта да убеди минимум 80 пратеници да гласаат за Законот за јавно обвинителство пред распуштање на Собранието? 

Министерката за правда Дескоска и денес продолжува со потрагата по гласови од помалите парламентарни партиина поединечни средби без присуство на медиумски екипи. За претставници од ВМРО ДПМНЕ вратата е затворена, освен ако се вклучат во преговорите со поднесување на амандмани на веќе креираниот владин предлог.

-Законот е се уште на маса и доколку ВМРО ДПМНЕ сака да учествува во процесот, тогаш нека подготви амандмани на овој текст. Се останато е алиби за недонесување на законот.– велат од Министерството за правда.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ го повтори ставот дека единствен прифатлив закон за опозициската партија ќе биде тој предлог што ќе го изготви стручната фела. Гордан Калајџиев, Гордана Силјановска, Тања Каракамишева, Владо Камбовски, Никола Тупанчевски и Гордана Лажетиќ се шестмината професори кои ги предлага Мицкоски, а ја повика и власта да даде предлог имиња на правници за изработка на законот.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да го гласа законот, одговори лидерто на СДСМ Зоран Заев.. Доколку сакале да предложат закон подготвен од експертите, тоа можеле да го направат досега, вели Заев..

Без пратеничките гласови од ВМРО ДПМНЕ, власта ќе има потешкотии да стигне до двотретинско мнозинство. До распуштање на Собранието пратеничката од ДПА Мерал Ферати ќе биде надвор од државата, а под знак прашалник е и поддршката од албанските опозициски партии, но и независните од ВМРО ДПМНЕ. Шестмина од нив вчера се сретнаа со амбасадорката на САД Кејт Брнз со која разговараа за овој закон, но меѓу нив не беше Елизабета Канческа Милеска. Пратеничката не одговори на повиците да одговори дали нејзиното отсуство значи дека не го поддржува Законот за ЈО.

Фон дер Лајен го осуди ранувањето на словачкиот премиер Фицо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.

„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.

Хезболах интензивно гаѓаше воени цели на северот на Израел

Либанското движење Хезболах денеска интензивно гаѓаше воени цели во северен Израел, како одговор на израелскиот напад во кој загина локален командант на проиранското движење.

Хезболах објави дека лансирал „десетици ракети Качуша“ во воената база Мерон во северен Израел и касарната Биранит.

Бомбардирањето е одговор „на нападот на израелскиот непријател во јужен Либан“, се додава во соопштението.

Сирените за тревога се огласија во Мерон.

Израелската армија изутрината соопшти дека го убила локалниот командант на Хезболах, Хусеин Маки во напад на крајбрежниот град Тир во јужен Либан./МИА

Утврдена кандидатската листа за член на Судскиот совет од Врховниот суд

За испразнетото место во Судскиот совет ќе се борат врховните судии Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, чија кандидатура предизвика жестока расправија на денешната седница на советот. 

Според дел од членовите, постои уставна пречка лимани да биде член поради нарушување на правичната застапеност во судскиот совет.

притисни ентер