Седница на Владата - Канал 5

Седница на Владата

Владата денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 40-та седница.

Седница на Владата

На дневен ред, како што информира владината прес-служба, е Информацијата за подготовка на 18. состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика, кој ќе се одржи на 28 април 2022 година, но членовите на Владата ќе бидат запознаени и со Информацијата за склучена Програма за соработка на полето на образованието и науката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за периодот 2022-2025 година.

За заклучоците и одлуките од седницата Владата ќе информира преку соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни

Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицето на јавни места .

Словенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни

Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицата на јавни места до степен до кој можат да се препознаат цртите на лицето, што би ѝ го олеснило на полицијата идентификувањето на лицата.

Како што е наведено во нацрт-законот, ова правило нема да се однесува на специфичен вид облека, религиозен симбол или лични околности, а предвидени се исклучоци за случаи кога покривањето на лицето е неопходно од здравствени или професионални причини, како и во врска со спортски активности, уметнички, културни или традиционални настани, пренесува СТА.

За прекршување на овие одредби се предвидени казни од 100 до 200 евра. Подготовката на измените на законот започна откако коалицијата на партии „Истина“ (Resni.ca) поднесе предлог за референдум, на кој граѓаните би го изразиле своето мислење за тоа дали да се забрани покривањето на лицето на јавни места.

Иако барањето за референдум се однесува на општа забрана за покривање на лицето, претставниците на парламентарните групи за време на дебатата нагласија дека прашањето е бурката и дека е потребно да се воведат ограничувања, бидејќи во спротивно Словенците би можеле да се најдат во подредена положба во споредба со имигрантите.

Тие исто така изразија очекување дека имигрантите ќе се прилагодат на начинот на живот во Словенија.

Во Европа, забрана за целосно покривање на лицето воведоа Белгија, Франција, Бугарија, Австрија, Данска, Швајцарија и Португалија, забрана за делумно покривање на лицето, или покривање во одредени државни, образовни или здравствени институции, воведоа Холандија, Луксембург и Латвија, додека во Германија и Италија, одредени држави воведоа забрана за покривање на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Почитувани, утре Само Интервју со премиерот Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Што значи за Македонија политичкиот пресврт во Србија?

Дали ЕУ останува реална цел и како ќе се задржи европскиот курс, без уставни измени?

Ќе има ли етничко гласање во Брвеница, и што тоа ќе значи за владината коалиција?

Се бориме, но, дали и кога ќе се избориме со корупцијата?

Утре, Гоце Михајлоски во Само Интервју со премиерот Христијан Мицкоски..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новото спортско Ауди ќе се произведува врз платформа на Порше (ФОТО)

Porsche потврди дека претстојниот електричен спортски автомобил на Audi ќе ја користи платформата развиена за следната генерација 718 Boxster и Cayman. 

Новото спортско Ауди ќе се произведува врз платформа на Порше (ФОТО)

Информацијата дојде од невообичаено директен говор за време на состанокот за деловните резултати, каде што финансискиот директор на Porsche, Јохен Брекнер, ги откри деталите за соработката со Aуди.

Брекнер објасни дека Порше ја нуди својата платформа за проект што Audi интерно го нарекува C-Sport. „Ние ја нудиме нашата електрична платформа за 718 Boxster и Cayman, кои излегуваат следната година, за проект на Audi. Тие интерно го нарекуваат C-Sport, а ние ќе бидеме платени за тоа. Очекуваме тие пари во 2027 година“, рече Брекнер.

Основата на Porsche за спортскиот модел на Audi

Оваа изјава официјално го потврди она што се шпекулираше повеќе од една година. Даниел Шустер, портпарол на Audi за технички развој, претходно навести дека автомобилот ќе користи платформа што ќе се споделува во рамките на Volkswagen Group, а Porsche сега разјасни за која архитектура станува збор. Соработката е дел од поширок план за споделување на трошоците за развој и технологија во рамките на групата. Резултатот ќе биде електричниот спортски автомобил на Audi позициониран помеѓу поранешните модели TT и R8.

Споделувањето на платформата е логичен потег за трите модели што ќе се произведуваат во ограничени серии. Развивањето посебна архитектура за спортски автомобили е многу скапо, особено за електричните возила каде што поставувањето на батериите, ладењето и масовна дистрибуција претставуваат дополнителни предизвици.

Со споделување на хардверот, Porsche и Audi можат да ги распределат трошоците, додека секој автомобил ќе го задржи својот идентитет преку дизајн, подесување на суспензијата и моќност на моторот. Партнерството не е еднонасочно, бидејќи идниот Macan со мотор со внатрешно согорување повторно ќе биде базиран на моделот Q5 на Audi.

Три автомобили, три верзии

Додека новата генерација на Boxster и Cayman ќе го задржи платнениот или фиксен покрив, верзијата на Audi ќе има електричен тарга покрив. Производствениот модел базиран на концептот C ќе биде првиот Audi во историјата со такво решение, каде што двата панели на покривот се складираат под задниот капак.

Техничките спецификации сè уште не се објавени, но се знае дека Porsche ќе ги постави батериите на местото каде што се наоѓал бензинскиот мотор кај постарите модели 718. Таквиот пристап овозможува пониска положба за седење и подобра распределба на тежината. Плановите вклучуваат и систем за симулација на менување брзини и вештачки звук на моторот.

Спецификации и димензии

Audi Concept C беше претставен со погон на задните тркала и еден мотор, а компанијата потврди дека платформата може да поддржи и мотор напред за quattro погон. Концептот тежеше 1.690 килограми. Што се однесува до димензиите, Concept C е долг 4.520 милиметри, широк 1.970 mm и висок 1.285 mm. Овие пропорции го прават малку поголем од моделот R8, па се очекува дека сериската верзија ќе биде значително поголема од моделот TT.

Нов дизајнерски почеток за Audi

Concept C за Audi претставува повеќе од враќање на спортски двосед во гамата. Тој го означува почетокот на нов дизајнерски јазик што ќе ги обликува идните модели на брендот, и надворешно и внатрешно. Компанијата најавува целосен пресврт во дизајнот на ентериерот по години доминација на големите екрани и контролите чувствителни на допир.

Новата насока става помал акцент на екраните, а повеќе на физичките копчиња и прекинувачи и материјалите со повисок квалитет, вклучувајќи го и вистинскиот метал. Во суштина, проектот не е само за создавање привлечен електричен спортски автомобил, туку и за редефинирање на идентитетот на брендот, дури и ако е базиран на технологијата на Porsche.

Porsche веќе потврди дека ќе ги претстави новите електрични Boxster и Cayman следната година, но не е познато дали обете верзии ќе пристигнат истовремено. Производната верзија на Concept C на Audi треба да дебитира во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер