Партиите без формален став за предлогот за нов гувернер

Анита Ангеловска - Бежоска е новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернер на Народната банка на Република Македонија, откако актуелниот гувернер Димитар Богов се повлече од кандидатурата претходно доставена од  Иванов, под влијание

Политичките партии се уште тактизираат за предлогот Ангеловска - Бежоска да биде нов гувернер на НБРМ.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев вчера изјави дека новиот предлог на Иванов за жена гувернерка која доаѓа од редот на професионалци - експерти, ја заслужува поддршката. ВМРО-ДПМНЕ, пак, најавија дека ќе го разгледаат новиот предлог на Иванов и дополнително ќе се произнесат, а ДУИ се уште не го изнесе ставот во врска со предлогот Ангеловска - Бежоска да биде гувернер на НБРМ.

Претседателот Иванов на 27 април 2018 година го достави предлогот до Собранието со кој повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на НБРМ. Предлог, кој, како што се изјасни парламентарното мнозинство и ДУИ, нема да добие поддршка во Собранието и нема да биде изгласан, а во функција на надминување на состојбата се одржа и средба меѓу премиерот Зоран Заев и Ѓорге Иванов. На средба одржана на 7 мај беа согласни дека НБРМ не смее да се остави без гувернер.

- Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласија Иванов и Заеви и заклучија дека треба во соодветниот рок Македонија да избере гувернер.

Мандатот на актуелниот гувернер Димитар Богов истекува на 21-ви овој месец. Вчера ја повлече кандидатурата за втор мандат.

Во пишаната изјава за МИА Богов посочи дека со внимание ја следел дебатата во јавноста поврзана со предлогот по вторпат да биде именуван за гувернер на Народната банка на Република Македонија и оти одлуката ја донел имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите во политиката и роковите за избор на гувернер.

Оцени дека Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер и очекува решение во најкус можен рок, што ќе биде во интерес на Република Македонија.

Новиот гувернер кој ќе го наследи ќе биде Анита Ангеловска - Бежоска, доколку ја добие поддршката во Собранието на Република Македонија. На оваа функција ќе дојде од вицегувернерско место во НБРМ. Таа е осум години на функцијата вицегувернер во Народната банка на Република Македонија, задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика, а по втор пат за вицегувернер е избрана во септември 2017 година, кога добила поддршка во Собранието од 97 пратеници. Од вкупно 98 кои гласале само еден пратеник бил воздржан.

Претседателот Иванов смета дека Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Предлогот на Иванов за новиот гувернер во Собранието треба да добие поддршка од 61 пратеник. Според собраниски извори изборот ќе биде ставен на дневен ред на седница на Собранието закажана на 21 мај 2018 година.

Димитар Богов беше седум години гувернер, четири години вицегувернер во НБРМ.

Анита Ангеловска Бежовска треба да биде петтиот гувернер на Народната банка на Република Македонија и прва жена на оваа позиција. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека договорот од Преспа е предавнички, поништите го

Во Грција и понатаму една од главните политичките теми во пресрет на евроизборите е Преспанскиот договор, што се отвори по неупотребата на „Северна“ од страна на Сиљановска за време на заклетвата.

По многу жестоки реакции од Мицотакис, лидерот на СИРИЗА, Стефанос Каселакис му фрли ракавица од синоќешниот митинг во Солун. Ако навистина договорот од Преспа го смета за предавнички, да го раскине. Во спротивно да се извини на грчкиот народ, како и на Ципрас и Коѕијас.

-Испраќам јасна и едноставна порака до премиерот. Договорот од Преспа е билатерален. Ако продолжувате да сметате дека е предавнички, постои само еден начин. Да го сторите она што го кажуваа вашите претставници, а многумина од нив сè уште го кажуваат: „Ако ВМРО ни даде шанса, ќе го поништиме договорот“. Ова го кажуваа. Истото го посакуваат и т.н. „борци за Македонија“ што ги вадевте на улица и се ваши гласачи: Да го поништите. Па, еве го Скопје, отидете. Да видиме. Но, нема да го сторите тоа. И знаете зошто нема да го сторите тоа? Бидејќи Договорот од Преспа е тоа што го сакавте како партија, но тогаш Груевски во никој случај не прифаќаше да направи толку отстапки, како што направија пред Владата на СИРИЗА, пред Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, рече Каселакис.

Вучиќ утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на резолуцијата за Сребреница

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе отпатува за Њујорк, каде со делегацијата ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која наредната недела е на дневен ред на Генералното собрание на ОН, а амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата ги нарече „валкана игра“.

„Утре одиме во Њујорк, четири до пет дена ќе поминеме во Њујорк, ќе имам голем број средби, а во четврток сите заедно ќе се бориме“, истакна денеска Вучиќ во телевизиско интервју.

Тој рече дека со него во делегацијата треба да одат само оние кои се „подготвени за борба на секој можен начин“.

Предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за кој ќе расправа Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 23 мај, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за злосторството геноцид е индивидуализирана“.

Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора.

Осврнувајќи се на амандманите што Црна Гора ги достави на резолуцијата за Сребреница, а кои главно беа прифатени, Вучиќ тоа го нарече „валкана игра“.

„Тоа е валкана игра и перфиден трик. Тие намерно оставаат простор за јасен заклучок за морална и политичка одговорност“, рече Вучиќ и додаде дека по враќањето од Њујорк ќе каже со кого за тоа преговарата Црна Гора. /МИА

притисни ентер