Парламентарните избори во Грција ќе се одржат во мај, најави премиерот Мицотакис - Канал 5

Парламентарните избори во Грција ќе се одржат во мај, најави премиерот Мицотакис

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека општите избори ќе се одржат во мај.

Парламентарните избори во Грција ќе се одржат во мај, најави премиерот Мицотакис

Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да распише избори на почетокот на април.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека водството на партијата Нова демократија на Мицотакис пред левичарската опозициска партија Сириза се намалува по железничката несреќа на 28 февруари. Несреќата, во која директно се судрија патнички и товарен воз, однесе животи на 57 лица, предизвика гнев кај јавноста и масовни протести поради лошата безбедност на железницата.

„Можам со сигурност да ви кажам дека изборите ќе се одржат во мај“, рече премиерот Мицотакис во своето прво интервју за ТВ Алфа по катастрофалната несреќа кај Лариса, административниот центар на грчката провинција Тесалија. Мицотакис рече дека му било тешко да оди на местото на несреќата, но не размислува да поднесе оставка. Тој изрази уверување дека неговата формација ќе победи на изборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лице

На 11.09.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Д. (67) од Битола.

Претрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти

Разликата е евидентна денес имаме целосна транспарентност и отчетност.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти

За разлика од СДС и нивниот начин на владеење Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно транспарентна. Разликата е евидентна.

СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот а народот тоа многу јасно може да го види во луксузните јахти на Заев и Филипче, висококатниците во Дубаи и скапите турбо Фолк забави со Харис.

За разлика од нив, парите од прославата за независноста се транспарентно објавени и доколку од СДС сеуште имаат неразјаснати прашања одговорот може да го пронајдат во едночасовната прес-конференција на Владата.

СДС се против се што е добро за граѓаните и државата. СДС е против прослава за независност, против напредок и развој. СДС е најголемата антимакедонска партија и токму затоа се на дното а рејтингот секојдневно им се топи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје

Владата е рамноправен партнер на домашните компании кои инвестираат во зелена транзиција на државата и придонесуваат кон енергетската независност.

Николоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје

Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на отворањето на новите капацитети за производство на електрична и топлинска енергија на компанијата Теса Енерџи во Скопје.

Ова е многу значајно затоа што домашни компании покажуваат дека можат да бидат во чекор со најголемите светски трендови. Би сакал да му честитам на инвеститорот Ајри Шеј кој навистина направи еден храбар чекор да покаже како може да се инвестира со домашен капитал. Се надевам дека нема да застане тука и дека ќе има и нови инвестиции и дека ќе гледаме и нови постројки, а ние како Министерство за транспорт ќе продолжиме да ги поддржуваме овие инвестиции и во најбрз можен период да ги завршуваме сите административни процедури, како и можност да имаме уште повеќе вакви инвестиции, затоа што зелената транзиција е она што ѝ е потребно на државата. Секако, оваа инвестиција ќе придонесе и да се намали загадувањето во рамки на градот Скопје, што паралелно со останатите проекти коишто ги правиме за градот Скопје — како што е воведувањето на градски воз, како што е набавката на нови електрични автобуси — секако дека многу ќе придонесе во намалувањето на загадувањето” – истакна Николоски.

Тој додаде дека оваа е една од многу инвестиции кои се промовирани овие денови и кои придонесуваат за економски развој на државата.

“Имаме след од неколку дена на инвестиции коишто се инвестиции на 21-от век — дали се работи за ветерен парк, дали се работи за практично нов аеродром или се работи за оваа когенеративна централа. И додека едни се против дата-центри и да останеме или да се вратиме во 19-тиот век, ние храбро грабиме во 21-от век, и Владата предводена од премиерот Мицкоски има јасна визија каде треба да движи државата, а тоа е во насоката којашто ја гледаме и денес”- додаде заменик претседателот на Владата, Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер