БалканПарламентарни избори во Грција – втори за еден месецНешто помалку од десет милиони Грци, поточно 9.813.595 граѓани денеска гласаат на парламентарните избори во Грција, втори за еден месец.Нешто помалку од десет милиони Грци, поточно 9.813.595 граѓани денеска гласаат на парламентарните избори во Грција, втори за еден месец откако по изборите на 21 мај, поради пропорционалниот модел и укинувањето на бонусот пратеници за победникот, ниту една од партиите не успеа да формира Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Гласањето е од седум часот утрово до 19 часот по локално време, а е задолжително за сите граѓани со право на глас, со исклучок на оние кои не се во земјата или се на возраст од над 70 години. На изборите учествуваат 26 партии, четири коалиции и два самостојни и независни кандидат. Традиционално веднаш по затворањето на гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот. Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 20.30 часот по локално време. На овие избори ќе се спроведат и новините од мајските избори: повторно гласат Грците кои живеат во странство, без да биде потребно да се вратат во земјата и право на глас имаат и 17-годишните односно родените во текот на 2006 година, а за прв пат ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија. Изборниот законик во Грција, во изминатите години беше два пати променет, во 2016 година за време на Владата на СИРИЗА кога се изгласа пропорционалниот систем и се укина бонусот од 50 пратеници и во 2020 година за време на Владата на Нова демократија, кога одново се врати бонус системот за првата партија. Пропорционалниот систем важеше само на минатите избори и поради укинатиот бонус ниту една партија не успеа да формира Влада. Денеска пак, се спроведува мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност и враќање на бонус пратеници за првата партија, но бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници, како што беше случај во минатото туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и колку партии ќе останат вон Парламентот, а ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места. На 21 мај годинава, Нова демократија победи со освоени 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез. Излезноста минатиот месец беше 61,1 отсто наспроти 57,78 проценти на парламентарните избори пред четири година. Истражувањата на јавното мислење во Грција во изминатиот период прогнозираат убедлива победа на Нова демократија и веројатно повторување на изборниот резултат од минатиот месец, а во комбинација од предвидениот бонус пратеници за победникот би резултирало со формирање еднопартиска Влада на Нова демократија. Она што останува нејасно е бројот на партии што би обезбедиле влез во Парламентот, со оглед на тоа што според последните анкети, можно е потребниот изборен праг од три отсто да го поминат и две нови партии: Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу и десничарската Победа од Солун. Грчкиот Устав предвидува веднаш по изборите претседателот на државата на лидерот на партијата победник да му го додели мандатот за формирање Влада, а во конкретниот случај доколку се потврдат прогнозите, Мицотакис веројатно веднаш би формирал еднопартиска Влада. Без оглед на процедурите за формирање Влада, новиот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница ќе треба да ја одржи следниот понеделник на 3 јули. Изборите во Грција започнаа вчера со гласањето на Грците кои живеат во странство со пријавени 25.610 Грци и отворени 102 гласачки места во 85 града во 35 земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook