Париз домаќин на првиот фестивал на дронови!! - Канал 5

Париз домаќин на првиот фестивал на дронови!!

Дронови - летала на далечинско управување кружеа на централната авенија во Париз, Шанзелизе, каде се оддржа првиот фестивал на дронови.

Париз домаќин на првиот фестивал на дронови!!
За време на фестивалот беа организирани неколку интересни настани, како трка на дронови, работилници за управување со леталата, ...

Над Париз инаку на цивилите им е забрането да летаа дронови, без специјална дозвола, но летањето на дроновите беше одобрено за време на фестивалот, со цел да се запознае јавноста со француската индустрија на дронови.

Франција е лидер во светот во трговијата со дронови за цивилите, со 300 000 продадени дронови минатата година, што е тројно повеќе во однос на 2014 година.

Дроновите, како хеликоптери, со три или четири елиси, за „пилоти“ почетници може да се купат и за помалку од 100 евра, а посовршените модели достигнуваат цена и до 1000 евра , без камера. Минатата година од производство на дронови и пласман низ целиот свет Франција заработила околу 300 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Во четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 главица кромид

1 домат

150 гр. свежи печурки

1 зелена лута пиперка

100 гр. кашкавал

малки мајонез

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер