Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
1Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
3МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
ЖивотПапата Франциск поради коронавирусот ги откажа сите јавни настапи Поглаварот на римокатоличката црква Папата Франциск ги откажа сите јавни настапи со цел да не се среќава со голем број на луѓе поради епидемијата на новиот коронавирус.Папата на верниците ќе им се обраќа преку Интернет, соопшти неговиот портпарол. Ватикан соопшти дека папата утре нема да им се обрати на верниците од прозорецот со поглед кон црквата „Свети Петар“, ниту во среда. Ова е првпат 83-годишниот Франциск да ги откаже јавните настапи откако беше назначен на функцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНевреме проследено со обилни врнежи во СловенијаНевреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони. Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна. Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМеси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда. Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес. „Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез. Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања. На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДоделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда. Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право. Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо: За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП. Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации. Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година. Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години. Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.Тагови: Нобеловата награда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter