Пандев се простува од репрезентацијата со натпреварот Македонија- Холандија - Канал 5

Пандев се простува од репрезентацијата со натпреварот Македонија- Холандија

Македонија и Холандија од 18 часот го играат натпреварот од 3.коло од групата Ц на Европското првенство на арената Јохан Кројф во Амстердам.

Пандев се простува од репрезентацијата со натпреварот Македонија- Холандија

Двете екипи веќе ја знаат својата судбина пред овој натпревар. Холанѓаните го обезбедија првото место во групата, додека Македонците по овој натпревар ќе патуваат дома.

Имено, во случај на ист број поени, меѓусебниот однос се гледа на еврото. Украина и Австрија, кои играат истовремено, можат да ги изедначат бодовите, но и двата тима загубија од репрезентацијата предводена од Франк де Бур.

Од друга страна, Македонија по бодови може да се изедначи со Украина или Австрија, но забележа порази од двете селекции, па не може да ги престигне на табелата.

За Македонија играат: Димитриевски, Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Адеми, Тричковски, Елмас, Трајковски и Пандев.

Холандија ќе ја претстават: Стекеленбург, Дамфрис, Де Вриј Де Лигт, Блинд, Ван Аанхолт, Ф. де Јонг, Гравенберх, Вијналдум, Мален и Мемфис.

Македонскиот капитен Горан Пандев (37) го објави збогувањето од репрезентацијата по Еврото, па последниот натпревар за својата земја ќе го одигра против Холандија.

"Натпреварот против Холандија ќе биде мојот последен натпревар за репрезентацијата. Мислам дека е вистинско време да се збогувам. Утрешниот натпревар ќе биде посебен и се надевам на добар проштален перформанс. Се надевам дека овие момци, оваа генерација, ќе се квалификува на Светското првенство. Веројатно наскоро ќе ја завршам мојата клупска кариера, но што се однесува до националниот тим, ова е дефинитивно крај, бидејќи играњето на два фронта на 38 години е премногу “, рече Пандев.

Тој дебитираше за репрезентацијата во јуни 2001 година против Турција. Досега има собрано рекордни 121 настапи и исто така рекордни 38 погодоци. Во моментов е член на италијанска Џенова, а има играно и за Галатасарај, Интер, Лацио и Наполи. Најголемиот успех го постигна во дресот на Интер со кој ја освои Лигата на шампионите и Серија А.

Холандија во осминафиналето ќе игра против третопласираната репрезентација од групата Д, Е или Ф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа. Две години резултати. Една љубов - тендери.“

Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”.

Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите.

ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре.

Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ.

Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата.

Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта.

Резултатите ги знае народот.

Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл.

Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор.

Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници.

Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.

Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми.

Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?

СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име.

Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена.

Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме.

ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата.

Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка - тендер.

Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно.

Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија

 Во Русија, денес и утре продолжуваат изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот свик, за законодавните собранија во 39 региони, како и изборите за највисоките фу

Втор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија

Жителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат ќе учествуваат на изборите за Државната дума, објави ТАСС.

На федералните изборни листи се застапени 10 партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија.

Истовремено, се одржуваат избори за законодавните собранија во 39 региони, како и избори за највисоките функционери на конститутивните субјекти на Руската Федерација.

Во осум региони лидерите се избираат директно, додека во три региони ќе се избираат регионални парламенти.

Вкупно, на изборите се достапни околу 23.000 пратенички и други функции. Утринава во седум кинески градови започна предвременото гласање за изборите за деветтиот состав на Државната дума.

Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во Државната дума, заклучно со 20:13 часот по московско време на првиот ден од гласањето, изнесуваше 25,30 отсто. „Сите избирачки места во Русија беа отворени на првиот ден од изборите, а гласањето во рамките на Единствениот ден за гласање започна според планот, и покрај обидите за провокации“, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „РИА Новости“.

Повеќе од 2,8 милиони луѓе гласаа преку федералната платформа за далечинско електронско гласање (DEG). Излезноста изнесуваше 70 отсто од регистрираните учесници заклучно со 21:45 часот по московско време, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми.

Повеќе од 380.000 набљудувачи се вклучени во изборите, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и претставници на 13 меѓународни организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. 

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и ја следи приказната за три генерации жени кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, сместена во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари.

Тензијата во филмот произлегува од судирот со традиционалните вредности и општествената маргинализација, додека ликовите се борат за опстанок, достоинство и заедништво.

Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент е Лабина Митевска.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска, и фондовите „Еуримаж“ и „Медиа“

Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот килим е поставен пред Центарот за култура во Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер