Панчо и Андреј: Музиката згасна, човечноста остана - Канал 5

Панчо и Андреј: Музиката згасна, човечноста остана

Никој, а особено најблиските не очекуваа дека тоа „утре“ ќе дојде толку рано, дека ќе остави недовршени разговори и здравици недоискажани.

Панчо и Андреј: Музиката згасна, човечноста остана

Но нивното присуство останува безвременско. Во сеќавањата и моментите, во песните и особено во делата, кои за ДНК дуото, Панчо и Андреј говореа погласно од нивната музика.

-Тие многу помагаа, беа многу хумани и добри дечки, беа навистина добри другари пред се.- Тамара Тодевска

-Тоа беа момци кои беа многу искрени. Беа многу коректни, многу хумани, некако ги препознаваа луѓето, нивната топлина, нивната душа. – Миле Кузмановски

Вака ги опишуваат оние кои беа дел од нивното секојдневие, пријатели кои ги познаваа кога камерите беа исклучени – кои засекогаш силно ќе ја чуваат трагата што врз нив Панчо и Андреј ја оставиле...

-Беа многу искрени, дури некогаш ми пречеше нивната искреност. Панчо беше многу директен и искрен и никогаш не беше со маска, беше директен и конкретен, тоа го кажуваше бидејќи многу се сакавме и многу го ценев тоа кај него. Кога ќе се споменат они, пред се тоа би сакала да се запамети, нивната човечност и што се жртвуваа за другите.- Тамара Тодевска

Статуетката од „Златна Бубамара“, признанието за нивната музика, набргу заврши на лицитација – оти млад живот беше во прашање.. Младиот Леонид тогаш доби 690.000 денари за своето лекување во Австралија – а Панчо за Канал 5 порача, народот е државата – мора да се држиме.

-Наградите на секој уметник како што кажав значат, нас ни се признание, убаво да стојат дома во некој агол, но ќе фаќаат прашина, а вака може да ја искористиме и да помогнеме каде што треба. Ние народот сме државата, така да, да се држиме меѓусебе и да бидеме јаки за вакви работи. - Владимир Блажев – Панчо (25.02.2024)

Но, Панчо и Андреј најмногу помагале токму тогаш кога никој не гледал – без потреба тоа да се знае, уште помалку да се каже.

-Беа многу хумани и не сакаа да зборуваат за тоа ама нормално, луѓето на кои им помогнале ќе кажат дојдоа Андреј и Панчо, па ни донесоа пакети со храна, бела техника. Беа луѓе кои треба да бидат пример за младите, како да се однесуваат. - Миле Кузмановски – Пријател и пејач

За младите не беа само пример, туку и поддршка, закрила – како повозрасни браќа.

-На почетокот, кога влегов во екипата, беше како „не сакам да го замарам човекот“ – и он беше „не, напротив, сакам да ми се јавиш за да ги решиме сите проблеми, да ти помогнам, пред се сум човек, сакам добро да направам. Тоа се негови зборови. Почесто не притискаше да го бараме, да ни помогне, да не упати. - Дамјан Столевски – DJ Nasty

-Со Андреј, исто така, седенки, пијанки, нон стоп даваше многу добри совети, ќе го каже на многу смешен, чуден начин ама баш поради тоа ти останува засекогаш во сеќавање. - Дарко Андонов – DJ Irie Scratch

23 години на сцената донесоа многу хитови, кои секогаш ќе се пеат и потпевнуваат. Но, поради околностите, „Ако утре ме нема“ остава поинаква трага – и кај публиката и кај оние кои најмногу ги сакаа.

-Не сакам да ја споменувам ако утре ме нема, таа песна нема никогаш да им ја простам. Моето тело се уште не ја прима таа информација.- Тамара Тодевска

-Уште кога ја снимија песната им кажав, ова е модерна верзија на „Ако умрам ил загинам, немој да ме жалите“. - Миле Кузмановски

Нивното прерано заминување остави едно тивко „ќе се видиме“ кое никогаш не дојде и повици што повеќе не заѕвонија.

-Се сеќавам последниот пат кога ми се јави(Андреј), ќе пукнам што не отидов на пиво тој ден со него, бидејќи ме викна на пиво ама живее во Бардовци – викам кај ќе доаѓам сега до бардовци на пиво, викам ајде ќе се видиме и толку беше. Тоа беше нашиот последен разговор и ми е жал многу што не отидов на тоа пиво со него. - Тамара Тодевска

-Се случувало некогаш по 10 пати да ни се јави. За жал ден денес ни фали тоа да ни се јави од некаде, да ни го направи притисокот, ни фали во секојдневието. - Дамјан Столевски

Во вечноста, со Панчо и Андреј, заминаа и Сара Пројковска – придружен вокал, Ѓорѓи Ѓорѓиев – тапанар, Александар Коларов – бас гитара, Мартин Атанасовски – „Буцо“ – Бит Боксер, Филип Стевановски – клавијатурист, Игор Велков – Тонец и Александар Ефремов – фотограф – луѓе кои не беа дел од бендот ДНК, туку дел од семејството ДНК.

-Односот со луѓето од бендот беше посебен, беа како едно. Они некако посебно ги третираа. - Тамара Тодевска

-Знам дека и горе свират, сите се таму, цел бенд, знам дека и горе прават музика и свират.- Миле Кузмановски

Нема збогум – оти нивната музика и стихови ќе ечат низ времето, нивните пораки ќе одекнуваат низ зборовите на новите генерации и ДНК никогаш нема да потоне во заборав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер