Палмер потпиша нов договор со Челси - Канал 5

Палмер потпиша нов договор со Челси

Англискиот репрезентативец Кол Палмер потпиша нов договор со Челси, пренесуваат англиските медиуми. Играчот од средниот ред имаше многу силна сезона со „сините“ и беше награден со договор со подобрени услови што веќе го потпиша.

Палмер потпиша нов договор со Челси

Челси минатото лето го ангажираше Палмер од Манчестер Сити во трансфер вреден 47 милиони евра и тој веднаш стана водечка фигура на „Стемфорд Бриџ“. Одигра 45 натпревари на кои запиша 25 гола и 15 асистенции, што му донесе и повик во репрезентацијата на Англија за Европското првенство.

Кога се пресели од Сити, Палмер потпиша до летото 2030 година, но со новиот договор останува во Челси до крајот на сезоната 2032/2033. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на загинати во тешката автобуска несреќа во Египет (ВИДЕО)

Најмалку 21 лице загина во автобуска несреќа на брегот на Црвеното Море во Египет.

Расте бројот на загинати во тешката автобуска несреќа во Египет (ВИДЕО)

Десетици лица се повредени кога автобусот се превртел помеѓу крајбрежните градови Дахаб и Нувеиба утрово, соопшти египетското Министерство за здравство.

Официјални извори изјавија дека меѓу загинатите има 10 Јорданци. Националноста на другите сè уште не е позната.

Д-р Хосам Абдел Гафар, портпарол на Министерството за здравство, изјави дека 20 амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во популарна област за нуркање.

Локалните медиуми објавија дека автобусот припаѓал на египетска компанија специјализирана за превоз на патници помеѓу Каиро и јорданскиот главен град, Аман.

Автобусот превезувал 43 лица

„Десет Јорданци загинаа откако патнички автобус се превртел на патот Дахаб-Нувеиба во египетската покраина Јужен Синај“, објави официјалниот јордански канал Ал-Мамлака.

Автобусот превезувал 43 лица, вклучувајќи 22 Јорданци.

Јужниот Синајски Полуостров е популарна туристичка дестинација позната по нуркањето во Црвеното Море и одморалиштата, вклучувајќи го и Шарм ел-Шеик.

Сообраќајните несреќи се чести во Египет, а честопати се обвинуваат за несовесно возење, лошо одржување на возилата и лабаво спроведување на сообраќајните закони. Минатиот месец, 15 лица загинаа, а 32 беа повредени во сообраќајна несреќа во египетската покраина Исмаилија.

Според Националната агенција за статистика на Египет, речиси 6.000 луѓе загинаа во сообраќајни несреќи низ целата земја минатата година, што е зголемување од 10,8 проценти во однос на претходната година.

Во декември, египетската влада ги заостри казните за сообраќајни прекршоци како одговор на зголемениот број на жртви, вклучително и повисоки казни за брзо возење и возење без дозвола.

Британски „Телеграф“ контактираше со Министерството за надворешни работи за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Се бара соодветна локација за приватен дата центар во индустриски капацитет, надвор од населено место

Во напредна фаза се преговорите за склучување меморандум за соработка со приватна компанија за отворање на дата центар во Македонија, информираше мининситерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за време на гостувањето во „Вести Плус“.

Андоновски: Се бара соодветна локација за приватен дата центар во индустриски капацитет, надвор од населено место

Посочи дека се уште се бара соодветна локација на отворање на таков дата центар, кој како што потенцираше, нема да ги загрози на ниту еден начин природните ресурси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германија прв пат тестираше балистичка ракета (ВИДЕО)

Германскиот Бундесвер успешно ја тестираше израелската балистичка ракета LORA во вторник вечерта, објави германското Министерство за одбрана.

Германија прв пат тестираше балистичка ракета (ВИДЕО)

Ракетата е произведена од израелската компанија Israel Aerospace Industries (IAI), а нејзиниот дострел е до околу 430 километри. Тестот беше спроведен во Северниот Атлантски Океан.

Доколку Берлин одлучи да го набави системот, LORA ќе стане првата балистичка ракета во арсеналот на германските вооружени сили, објавува Дојче Веле.

Инспекторот на германската морнарица, вицеадмиралот Јан Кристијан Как, го оцени тестот како успешен и рече дека, од перспектива на заштитата на Германија и нејзините сојузници, тој претставува „ново поглавје во областа на одвраќањето и борбената готовност“.

Тестот се одржа само неколку часа откако германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт ја обвини Русија за обид за саботажа на дрон во близина на аеродромот Лајпциг/Хале, додека министерот за надворешни работи Јохан Вадефул најави мерки против Москва.

Бундесверот веќе ги има германско-шведските крстосувачки ракети Taurus, кои имаат дострел од над 500 километри. За разлика од балистичките ракети, Taurus се лансираат од борбени авиони. Главната разлика е во тоа што балистичките ракети достигнуваат значително поголеми брзини и следат висока балистичка траекторија за дел од нивниот лет, додека крстосувачките ракети генерално летаат повеќе како авиони, на пониски височини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер