МакедонијаПалевски: Не се чувствувам ниту како монструм, ниту како убиецСудењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо.Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на обвинителството, беа сослушани и останатите обвинети. Во видеото погледнете го целиот извештај. Во Основниот кривичен суд во Скопје почна сведочењето на Љупчо Палевски, првообинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Палевски во своето сведочење рече дека не се чувствува ниту како монструм, ниту како убиец и негираше дека ги извршил грабнувањата и убиствата. - Не сум ги извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил. Така што не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство, рече Палевски. За медиумите рече дека се корумпирани и дека биле хранети со лаги кои требало да ги проверат. - Една ипол година врескаат дека докази има, јас додека бев во Турција, за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ме извести, ми даде принтана копија од вестите каде што бев опишуван, како што бев опишан. На прес-конференцијата одржана на 5 декември кога е поднесена кривичната пријава, гледам дека постоело само едно вештачење во моментите на одржување на тој прес, ЈО до подигнување на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и тоа две вештачења за папиларни линии и днк. Сите останати вештачења се правени после 5 декември, рече Палевски. Пред Палевски, сведочеа сите останати осомничени. Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. Тагови: Вања и Панче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари! Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат. Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа. Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување. Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата. Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата. Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати. Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври. БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува. Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа. Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати. И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство. Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата. Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема. Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветТесно во Бразил: Граѓаните избираат помеѓу Лула и БолсонароКандидатот на Работничката партија, Луиз Инасио Лула да Силва, би освоил 46 проценти од важечките гласови во првиот круг од претседателските избори во Бразил.Од друга страна, кандидатот на Либералната партија, Флавио Болсонаро, би добил 45 проценти, според најновата анкета на институтот Кваест, објавена пред гласањето. Разликата од еден процентен поен е во рамките на статистичката грешка од два процентни поени, поради што двајцата кандидати се во статистички еднаква позиција, објавува порталот Глобо. Според анкетата, Аугусто Кари, Ренан Сантос и Роналдо Кајадо се на третото место со по три проценти од гласовите. Резултатите укажуваат на висок степен на неизвесност пред првиот круг и голема веројатност дека бразилскиот претседател ќе биде решен во вториот круг помеѓу Лула и Флавио Болсонаро, објавува бразилскиот портал. Меѓу вкупниот број посветени и неопределени гласачи, Лула има 40 проценти поддршка, додека Флавио Болсонаро има 38 проценти. Кајадо, Сантос и Кари имаат по три проценти. Анкетата е спроведена од 2 до 3 октомври на примерок од 3.702 гласачи над 16 години. Статистичката грешка е два процентни поени, со ниво на точност од 95 проценти. Извор: Б92Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРегистриран силен земјотрес во ИндонезијаЗемјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри. Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина. Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05