Пакетот 4+1 на маса пред министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија

Македонско – бугарските работни групи денеска и утре ќе заседаваат за отворените прашања меѓу двете земји. 

Први на состанок беа членовите на групата за инфраструктура, кои по средбата најавија дека во периодот кој доаѓа очекуваат зголемена соработка и проекти во делот на инфраструктурата и граничните премини.

-Се надевам сите овие средби ќе придонесат за развој на проектот за граничниот премин Клепало каде што ние се активираме силно со нашата работа.Гроздан Караџов – Министер за регионален развој на Бугарија .

Според најавите, утре би требало да се одржи и редовната средба за политичките прашања на експертите од двете министерства за надворешни работи. Во пресрет на состаноците пак, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека од нив не очекува напредок, и додава дека со Бугарија би разговарал за заедничка историја, но само како два различни народи.

За Симонида Кацарска од Институтот за европски политики пак, несомнено е дека има нова енергија во односите на двете држави, а работата на комисиите ја оценува како позитивна. Но, додава дека премногу е рано да се очекува кревање на бугарското вето во наредните неколку месеци. Според неа, земјава треба да биде внимателна и во делот за евентуално вметнување на Бугарите во уставот.

На скопскиот аеродром утре предвидено е да слета првиот авион од Софија, во рамки на новата авиолинија која произлезе од средбите Ковачевски – Петков. Авионското поврзување меѓу Скопје и Софија е првиот конкретен чекор од соработката која ја најавија премиерите Ковачевски и Петков по средбите во Скопје. Покрај авио линијата, најавено е и зајакнување на инфраструктурното поврзување и изградба на железницата до Бугарија.

Петрушевски: Еден месец СДС ни да гукне за Груби

 Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски.

Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски.

Венко Филипче не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, уште дословно се држи до нивните политики и крими коалиции.

Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДС која управувала со МВР не преземала ништо со години да го спречи неговиот криминал.

Венко Филипче и денешното СДС уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со Заев и Ковачевски.

СДС е континуитет на криминалите кои 7 години ги правеа.

Ако Венко Филипче не најде сили да се извини за Груби целосно ќе го зацементира СДС на дното.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на викендот се отстранети 70 кубни метри отпад од диви депонии

 Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар, информираат од јавното претпријатие.

Во општината Чаир повторно се реализирани активности на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата „Максут Садик“ се подигнати 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште.

Во оваа скопска општина е интервенирано и на две локации на улицата „Џон Кенеди“, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и градежен отпад.

Во текот на викендот, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и приближно 25 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања одложени на тревна површина долж улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.

Греење и повеќе храна за животните во битолската Зоолошка Градина

 Јавната општинска установа Зоолошка Градина-Битола со дополнителни мерки ја зголеми грижата за животинскиот свет во градината.

Заради ниските температури на воздухот во ноќните и утринските часови вршиме греење на кафезите, изјави за МИА Жарко Тренкоски, директор на ЈОУ Зоолошка Градина-Битола.

-Зимската сезона ја дочекавме подготвено, обезбедивме храна и резерви од храна за околу 200 диви животни во Зоолошката градина. Количините на храна се за 30 насто зголемени и освен пченка, пченица и луцерка за тревопасните и месо за месојадните животни, доставуваме и прихрана со витамини за да може полесно да ја минат зимата. Но освен со повеќе храна, на животните им помагаме со греење во кафезите бидејќи температурата на водухот е ниска, посебно во текот на ноќта и во раните утрински часови, посочи Тренкоски.

Во битолската Зоолошка Градина кон крајот на минатата година беа регистрирани принови во семејството на мајмуните и стадото на ламите, а во новата година се очекуваат и нови жители на градината.

-Во овој период од годината намалена е посетеноста на Зоолошката градина, но напролет очекуваме поголема фрекфенција на посетители, групи на ученици и туристи. Но и зимските посети се интересни, а посебно привлечно е да се гледаат мечките кои сеуште не се во хибернација, истакна Тренкоски.

Зоолошката градина се наоѓа на Тумбе Кафе во Битола, на површина од два хектари и има нетипичен, но оригинален „ридско-планински“ изглед.

притисни ентер