Царинска управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се обиделе да криумчарат ботокс
СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание
1Царинска управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се обиделе да криумчарат ботокс
2СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание
СудбинаПадобранец со американско знаме се удри во огромен семафор на стадион (ВИДЕО)Падобранец вчера се удри во семафор на стадионот Лејн пред почетокот на фудбалскиот натпревар на Вирџинија Тек.Вирџинија Тек првично објави на перонот X дека падобранецот е „во стабилна состојба“ откако беше спасен, а инцидентот предизвика одложување на натпреварот. Идентитетот на падобранецот не беше објавен. „Нашиот примарен фокус е неговата состојба и благосостојба. Им се заблагодаруваме на сите служби за итни случаи, организаторите и медицинскиот персонал за нивниот брз, координиран и професионален одговор“, се вели во соопштението. Guy parachuting into Virginia Tech Spring game is stuck on the scoreboard after rough collision. #oops pic.twitter.com/2smQ30FAxN — JIMMY (@yakubbsmonster) April 18, 2026 Поминал без повреди Вирџинија Тек подоцна објави дека „брзиот одговор“ на службите за итни случаи му овозможил на падобранецот „безбедно да слета на земја без повреди“. Снимката покажува како падобранот се заглавува помеѓу буквите „C“ и „H“ на знакот на Вирџинија Тек на врвот од семафорот на стадионот.Тагови: падобранец стадион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се обиделе да криумчарат ботоксЦаринска управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се обиделе да криумчарат ботокс преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци.Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 1, при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење, за која била приложена фактура во која биле наведени 10 козметички примероци. При отворање на пратката, царинските службеници откриле 199 вијали со ботокс, кои се користат во естетската медицина и кои не биле наведени во фактурата. Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое поведе посебни предистражни дејствија, во чии рамки по налог на јавен обвинител извршен е и претрес на три локации. Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил истите во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Потоа, од второосомничената, вработена како медицинска сестра на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Tереза“, побарал да биде наведена како примач на стоката, која му помогнала во вршење на кривичните дела на начин што се согласила нарачката да пристигне на нејзино име и адреса и фактурата ја платила од својата трансакциска сметка. Царинска управа апелира до сите учесници во увозните постапки дека секој обид за криминал ќе биде најстрого санкциониран. Увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и секоја измама поврзана со увоз на ваква или слична стока претставува опасност за здравјето на граѓаните. Порачуваме дека Царинската управа и понатаму ќе има нулта толеранција кон сите што се обидуваат да работат спротивно на законот.Тагови: ботокс Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКлима уред или отворени прозорци? Еве кога возачите трошат повеќе горивоЗа време на летните горештини, многу возачи се прашуваат што е поекономично - возење со отворени прозорци или вклучување на клима уредот.Истражувањата покажуваат дека одговорот зависи првенствено од брзината на возилото. Според студија на Друштвото на автомобилски инженери (SAE), границата е околу 72 км/ч. При помали брзини, поекономично е да се отворат прозорците и да се лади кабината природно. Меѓутоа, при поголеми брзини, отворените прозорци значително го зголемуваат отпорот на воздухот, па потрошувачката на гориво може да се зголеми до 20 проценти. Од друга страна, користењето на клима уред генерално ја зголемува потрошувачката на гориво до 10 проценти, што го прави поекономично решение на отворен пат и автопат. Експертите забележуваат дека резултатот е под влијание на бројни фактори, како што се аеродинамиката на автомобилот, бројот на отворени прозорци и интензитетот на клима уредот. Меѓутоа, правилото од 72 км/ч може да послужи како добра насока. Во градското возење, дополнителен проблем е загадувањето на воздухот. Затоа, се препорачува климатизацијата да се користи со вклучена рециркулација на воздухот, за да не влегуваат издувните гасови од околината во кабината на возилото. Заклучокот е едноставен: во град, отворените прозорци можат да бидат поекономични, додека при поголеми брзини, климатизацијата е често подобар избор и за удобност и за потрошувачка на гориво. Извор: Б92Тагови: гориво клима уред Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијаниеЕвропскиот парламент во својот извештај за Македонија јасно и недвосмислено укажува на сериозни ризици од странско мешање и влијание кое директно го загрозува европскиот пат на државата.СДСМ навреме предупредуваше и гласно зборуваше за овие ризици а очигледно е дека ситуацијата е многу посериозна. Во извештајот се нагласуваат руските напори за проектирање влијание, кинеското економско и политичко влијание, како и растечките врски со Србија која спроведува илиберална агенда во регионот. Европратениците изразуваат загриженост од регионалните наративи и влијанието на „српскиот свет“ кое е насочено против европската ориентација на Македонија. Ова не е прв пат Европскиот парламент да укажува на овие опасности. Но, ова е прв пат кога ваквите предупредувања доаѓаат во момент кога Владата на Христијан Мицкоски отворено ја копира политиката на Вучиќ и „српскиот свет“ и во реторика, и во наратив, и во политичкиот модел. Додека Мицкоски и ВМРО секојдневно го туркаат антиевропскиот наратив, го навредуваат секој што се залага за ЕУ и ја блокираат европската иднина на граѓаните, Европскиот парламент јасно порачува дека странското мешање - руско, кинеско и преку регионални актери, станува сериозна закана за Македонија. Наместо да се бори против овие влијанија, Владата на Мицкоски активно учествува во нивното ширење. Наместо да ја зајакнува отпорноста на државата, ја слабее преку политички прогон, контрола на медиуми и откажување од реформи. Европскиот парламент го кажа она што граѓаните го чувствуваат секој ден. Македонија е изложена на странско влијание, а Владата на Мицкоски не само што не го спречува, туку активно придонесува за него. СДСМ останува јасно и доследно на страната на европскиот пат, на владеењето на правото и на отпорноста од секое странско мешање - било тоа руско, кинеско или регионално. Граѓаните заслужуваат Македонија да биде дел од Европа, а не заложник на туѓи интереси и туѓи наративи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter