Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
ФудбалЕден навивач загина, 47 повредени на стадионот во Лима пред дербитоЕдно лице е убиено, а 47 повредени за време на навивачкиот собир на јужната трибина на стадионот „Алехандро Вилануева“ во Лима, пред фудбалското дерби помеѓу Универсидад де Депортес и Алијанза Лима, соопштија властите.Инцидентот се случил вчера околу 18 часот за време на навивачкиот собир познат како „бандеразо“, кога навивачите на Алијанза Лима мавтале со знамиња на стадионот познат како Матуте, во областа Ла Викторија, објави порталот „Инфобае“. Според првичните извештаи, структура се урнала во близина на портата 13, но бригадниот генерал Маркос Пахуело од противпожарната служба негираше дека трибината претрпела структурни оштетувања. Според него, инцидентот најверојатно е предизвикан од туркање меѓу навивачите што довело до гужва, „За жал, има еден смртен случај. Националната полиција истражува што се случило“, рече Пахуело, додавајќи дека инспекцијата на стадионот не покажала знаци на уривање или паѓање од трибините. Тринаесет противпожарни единици за спасување и осум екипи на брза помош беа испратени на местото на настанот за да им помогнат на повредените. Петнаесет лица беа однесени во Националната болница „Архиепископ Лоиза“, а уште 15 во Националната болница „Дос де Мајо“, додека другите здравствени установи беа ставени во состојба на готовност. Перуанскиот министер за здравство, Хуан Карлос Веласко, изјави дека повредените претрпеле претежно трауматски повреди и дека сите ќе добијат медицинска нега во рамките на националното здравствено осигурување. Полицијата го обезбеди просторот околу стадионот и започна истрага за да се утврди точната причина за инцидентот. Тагови: Лима Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаЗвонко Давидовиќ и Александар Трајановски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Звонко Давидовиќ и Александар Трајановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ХороскопДневен хороскоп за 18. ноември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 18. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Сѐ повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете сѐ што доаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕдинаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваатПроверете дали и вие ги имате овие знаци на потиснато незадоволство! Прв чекор е освестувањето на тоа како се чувствувате, а дури потоа може да направите промена кон поголем внатрешен мир и поисполнет живот. Чувството на несреќа не се манифестира секогаш како тага. Понекогаш, тоа се крие во секојдневни фрази што ги повторуваме толку често што престануваме да забележуваме што навистина чувствуваме. Еве некои од нив. 1. „Добро сум, навистина“ Кога некој ќе нè праша дали сме сигурни дека сè е во ред, веднаш повторуваме дека сме добро, обидувајќи се да се увериме себеси и другите. Понекогаш ни е полесно да ја отфрлиме туѓата грижа отколку да признаеме што навистина се случува. Тоа не значи дека секој што повторува дека е добро нешто крие, но ако постојано чувствувате непријатност зад таквите зборови, можеби вреди искрено да се запрашаме како ни оди. 2. „Не можам да се пожалам“ Оваа реченица звучи безопасно и често служи за завршување на разговорот. Сепак, понекогаш зад тоа стои верувањето дека нашите проблеми не се доволно големи за да зборуваме. Можеби некогаш сме се обиделе да се довериме, но не сме наишле на разбирање. Со тек на времето, учиме да молчиме дури и кога ни треба поддршка. 3. „Што да се прави“ Понекогаш ова е израз на прифаќање на она што не можеме да го промениме. Но, ако го користиме за секоја ситуација што не повредува или разочарува, можеби сме престанале да веруваме дека работите би можеле да станат поинакви. Прифаќањето не е исто што и откажувањето. Не можеме да контролираме сè, но тоа не значи дека треба да се откажеме од сопствените желби и потреби. 4. „Едноставно, уморен/а сум“ Заморот често е наједноставното објаснување за тоа што ни се случува. Но, зад постојаната исцрпеност понекогаш се крие емотивен товар. Кога долго ги потиснуваме нашите чувства и се обидуваме да држиме сè под контрола, може да се почувствуваме исцрпени дури и кога спиеме доволно. 5. „Сеедно ми е“ Без разлика дали станува збор за тоа каде ќе вечераме, што ќе правиме или дали некој коментар нè повредил, на сè реагираме исто: „Сеедно ми е“. Понекогаш ова е знак на опуштеност, но може да укажува и на тоа дека сме престанале да ги изразуваме сопствените желби, бидејќи очекуваме да бидеме разочарани или да наидеме на недоразбирање. Кога предолго ги потиснуваме сопствените потреби, лесно заборавиме дека и нашето мислење заслужува простор. 6. „На другите им е многу полошо“ Споредувањето со луѓе кои минуваат низ потешки животни ситуации може да ни помогне да почувствуваме благодарност за она што го имаме, меѓутоа проблемот настанува кога тоа го користиме за да си забраниме да чувствуваме тага. Туѓото страдање не го поништува нашето. Не мора да минуваме низ голема животна криза за да имаме право на поддршка и разбирање. 7. „Барем имам...“ „Барем имам покрив над глава.“ „Барем децата ми се здрави.“ „Барем не сум сам.“ Благодарноста може да биде важен извор на сила, но таа не смее да стане причина за игнорирање на сопствената болка. Можеме да бидеме благодарни за она што го имаме, а истовремено да чувствуваме тага, осаменост или незадоволство од одредени аспекти на нашиот живот. Едно чувство не го поништува другото. 8. „Навистина сум зафатен во последно време“ Обврските, работата и секојдневното брзање понекогаш стануваат згоден начин да се избегнат разговори или средби за кои немаме доволно емотивна енергија. Зад постојаната зафатеност може да се крие повлекување, тага или потреба да се дистанцираме од другите. Кога ни е тешко да објасниме што се случува, често е полесно да кажеме дека немаме време, отколку да признаеме дека не се чувствуваме добро. 9. „Извини, не знам од каде ми е сега ова“ Понекогаш, среде сосема обичен разговор, може одеднаш да почнеме да плачеме или гласот да почне да ни трепери. Нашата прва реакција често е да се извиниме и да се обидеме брзо да го вратиме разговорот на претходната тема. Како нашите емоции да се некаква непријатност која мора да ја оправдаме. Сепак, солзите и тагата не се нешто поради што треба да се срамиме. Тие можеби се само знак дека треба да застанеме и да обрнеме внимание на нешто што долго време го носиме во себе. 10. „Било и полошо“ Кога некој ќе нè праша како сме, наместо да споделиме како навистина се чувствуваме, ние ја споредуваме моменталната ситуација со некој потежок период од минатото. Ако во одреден момент ни било многу полошо, лесно можеме да заклучиме дека сега немаме причина за жалење. Сепак, тоа што сме преживеале тешки времиња не значи дека немаме право да чувствуваме болка или исцрпеност, ниту пак да побараме поддршка. 11. „Искрено, работите моментално одат навистина добро“ Понекогаш инсистираме на тоа колку сме среќни, дури и кога никој не нè прашал. Ова е особено често по долга тишина или во моменти кога сме биле блиску до тоа да ја покажеме својата ранливост. Се разбира, луѓето имаат целосно право да бидат среќни и тоа да го споделат со другите. Но, кога чувствуваме постојана потреба да докажуваме дека ни оди добро, можеби вреди да се запрашаме кому всушност се обидуваме да му го докажеме тоа? Не мораме секогаш да бидеме „добро“. Исто така, не мора да имаме јасно објаснување за секоја емоција што ќе нè обземе. Понекогаш, првиот чекор кон внатрешен мир е едноставно да бидеме искрени кон самите себе – да признаеме дека работите се тешки, дека сме уморни или дека ни е потребна поддршка. А кога ќе забележиме дека некој близок се крие зад слични чувства, можеби е поважно да го ислушаме без осудување, отколку да се обидуваме да го убедиме дека нема причина да се чувствува така.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter