Падна системот, откако предмалку почна продажбата на билети за турнејата на Бијонсе (ВИДЕО) - Канал 5

Падна системот, откако предмалку почна продажбата на билети за турнејата на Бијонсе (ВИДЕО)

Влезниците за претстојната турнеја на Бијонсе Cowboy Carter наскоро ќе бидат пуштени во продажба.

Падна системот, откако предмалку почна продажбата на билети за турнејата на Бијонсе (ВИДЕО)

Се очекува продажбата да започне напладне по локално време (18 часот по наше време), а интересот веќе предизвика пад на системот.

Имено, еден куп фанови се жалат на колапсот на Ticketmaster, системот за продажба на билети. Многумина чекаат во виртуелната редица долго време и се бесни што системот паднал пред билетите воопшто да бидат пуштени во продажба.

Да потсетиме дека турнејата „Каубој Картер“ е именувана по албумот што на Бијонсе ѝ го донесе првото Греми за најдобар албум на годината. Ова е прва ваква награда во нејзината кариера, иако досега четири пати беше номинирана во оваа категорија за албумите I Am... Sasha Fierce (2008), Beyonce (2013), Lemonade (2016) и Renaissance (2022).

Наградата ѝ ја врачи Тејлор Свифт, која исто така беше номинирана во истата категорија за нејзиниот албум The Tortured Poets Department и досега четири пати ја доби наградата за албум на годината.

Уште пред почетокот на церемонијата, нејзините 11 номинации оваа година и официјално ја направија најноминирана уметничка во историјата на Греми со вкупно 99 номинации. Таа, исто така, стана првата црнка што ја освоила наградата за најдобар кантри албум досега.

YouTube video

Турнејата на Бијонсе ќе започне на 28 април во Лос Анџелес, а треба да заврши на 13 јули во Атланта. Поради големиот интерес, организирани се дополнителни концерти во Лондон, Париз, Чикаго и Атланта, со што се продолжи времетраењето на турнејата. Пејачката претходно објави дека е на турнеја за да собере пари за настраданите од разорните пожари во Калифорнија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер