Пачоски: Македонија може да извлече позитивен резултат против Словачка

Најдобра фудбалска селекција на Македонија ги одработува мини подготовките за претстојниот меч против Словачка, во квалификациите за Европското првенство во Франција следната година.



Имајќи го предвид квалитетот на противникот кој со максимални пет победи е на првото место во шестата квалификациската група, за очекување е на дуелот кој ќе се игра во Жилина, во недела, најмногу работа да има голманот Томе Пачовски.

- Играме против најдобрата селекција во групата, Тие ја победија и Шпанија. Сепак, ние нема што да загубиме ќе одиме таму да се надигруваме и да направиме позитивен резултат, изјави Пачоски.

Искусниот чувар на мрежата, потврдува дека со доаѓањето на новиот селектор Љубинко Друловиќ, во репрезентацијата владее позитивна атмосфера, и дека Друловиќ внел свежина и новини во работата.

- Се работи за искусен стручњак, кој одлично си ја знае работата. Доколку го спроведеме сработеното на тренинзите и договореното со селекторот и во недела, на мечот против Словачка, сигурен сум дека ќе може да изненадиме и направиме одличен резултат, дополнува Пачоски.

Самиот настап во репрезентативниот дрес на Македонија е дополнителен мотив за секој фудбалер, па затоа Пачоски не се сомнева дека секој кој ќе добие шанса за настап на средба ќе го даде максимумот.

Натпреварот меѓу Словачка и Македонија, ќе се игра во недела во Жилина со почеток од 20 часот и 45 минути.

Мицкоски: До 28 мај има можност коалицијата „Твоја Македонија“ да консолидира 61 пратеник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува до 28 мај да биде формиран новиот парламент и најавува дека до тој термин има можност ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ да консолидира 61 пратеник.

-Веќе има најави од новите пратеници кои планираат да ја поддржат новата влада. Очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил, рече Мицкоски вечерва во емисијата „Само интервју“ за Канал 5.

Тој повторно потврди дека коалицијата Вреди ќе биде нивниот главен коалициски партнер, која ја оцени како вистински претставник на албанската заедница во земјава, и додаде дека во идната влада се добредојдени сите кои ќе ја почитуваат предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

- Со освојување на 107.000 гласа, коалицијата ВРЕДИ го потврди својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. На секого ќе му дадеме шанса иако не очекувам ДУИ да ги прифати новите политики на владата. Ахмети се опкружи со погрешни луѓе затоа негова одговорност е да оди во опозиција. Сепак, потребни ни се 80 пратеници во Парламентот за системски реформи и затоа секому ќе му дадеме шанса, рече Мицкоски.

Најави дека демографијата и фертилитетот ќе бидат голем предизвик за новата влада и порача дека ќе се реформираат министерствата и ќе има префрлање на надлежности од едно во друго министерство, како и дека повеќе нема да има министри без ресор.

Утре, како што кажа, ќе има средба со коалициските партнери од „Твоја Македонија“ на која ќе ги слушне и нивните мислења и предлози за идната коалициска влада.

- Неформални комуникации со потенцијалниот коалициски партнер Вреди постојат и сега, но најпрво треба да имаме средби со коалицијата „Твоја Македонија“ и да одбереме луѓе кои ќе преговараат, а за нив треба одобрение да ни дадат и органите на партијата, посочи Мицкоски и додаде дека не сака да води преговори под притисок и ултиматум, туку со дијалог и аргументи.

Нагласи дека тој е првиот што сака да ја види земјава во ЕУ, но додаде дека не прифаќа ултиматуми со кои, како што рече, македонскиот народ ќе ги плаќа грешките на некои неразумни политичари.

-Мора да покажеме карактер ако сакаме да не почитуваат, а не да бидеме потчинети, потенцира Мицкоски.

Траги на подморница на дното на Атлантикот ја подгреаја теоријата за „бегството на Хитлер“

Подморницата пронајдена на дното на Јужниот Атлантик им припаѓала на нацистите и можеби била користена за префрлање на нивните водачи во Аргентина.

Подводното истражување започнало во 2022 година во близина на брегот на пристанишниот град Квекен, во најнаселената провинција Буенос Аирес, пренесува АП.

Многу историчари и нацистички ловци веруваат дека подморницата била користена и за „евакуација на Хитлер“, во време кога сојузниците ја освојувале Германија.

Ова е и најпознатата теорија за нацистичкиот водач, која инспирирала книги и документарни филмови.

АП известува дека нуркачите пронашле „јасни знаци на потекло“ на подморницата долга 24 метри.

Експертот за оружје од Втората светска војна, Фабио Бишиоти, го потврди откритието по истражувањето на крајот на април, објави Сан.

Нацистичкиот ловец Абел Басти објасни:

„Подморницата беше ископана до палубата и уништена со експлозив, што беше тешкотија. Мора да се направи детална реконструкција. Но, експертите јасно ги идентификуваат соодветните делови на германската подморница“.

Се додава дека куполата и перископот се со исти димензии како и на подморниците кои биле заробени за време на војната.

А новата истрага на организацијата „Група за изгубена врска“ наводно укажува дека нацистичките лидери, како што е Хитлер, успеале да заминат во Јужна Америка.

Според една верзија, која е популарна меѓу теоретичарите на заговор, Хитлер не се самоубил во 1945 година, во својот бункер, туку починал на 80-годишна возраст во Јужна Америка, патувајќи во Чиле, Бразил, Боливија, Колумбија и Парагвај.

Барселона „зароби“ уште една идна ѕвезда: откупната клаузула е 500 милиони евра

Младиот фудбалер на Барселона, Пау Кубарси, го продолжи договорот до 30 јуни 2027 година, соопшти денеска каталонскиот клуб.

Кубарси (17) пристигна во Барселона во 2018 година од Жирона. За првиот тим на каталонскиот клуб оваа сезона одигра 20 натпревари.

Во соопштението на Барселона се наведува дека откупната клаузула за младиот фудбалер е 500 милиони евра.

За шпанската репрезентација одигра два натпревари.

притисни ентер