Овации за Де Брујне кој се врати на теренот по 149 дена - Канал 5

Овации за Де Брујне кој се врати на теренот по 149 дена

Кевин Де Брујне го имаше својот прв настап за Манчестер сити по повредата. Белгискиот фудбалер за врска влезе како замена на денешниот натпревар од ФА Купот против Хадерсфилд во 57. минута. Во 74. тој направи асистенција за Жереми Док.

Овации за Де Брујне кој се врати на теренот по 149 дена

Триесет и двегодишниот Де Брујне за прв пат заигра за Сити по 149 дена. Поради повреда на бутен мускул тој е надвор од терените од 11 август 2023 година.

Публиката од трибините на стадионот „Етихад“ го поздравија Де Брујн со овации скандирајќи го неговото име. Дефанзивецот Рубен Диас веднаш по неговото влегување на теренот му ја даде капитенската лента на Кевин.

Манчестер сити го победи Хадерсфилд со 5:0 и се пласира во 1/16финалето на ФА купот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

11 загинати во масовно пукање во Квамахута: Полицијата открива детали за нападот

Единаесет лица загинаа, а тројца се повредени во масовно пукање што се случи доцна во ноќта во населбата Квамахута во Дурбан, во источниот дел на Јужна Африка.

11 загинати во масовно пукање во Квамахута: Полицијата открива детали за нападот

Пукањето се случило во Квамахута, јужно од Дурбан, објави јужноафриканскиот ТВ-канал „eNCA“, напоменувајќи дека меѓу жртвите имало и бремена жена.

„Жртвите, меѓу кои и бремена жена, биле собрани во една куќа, нешто пред 23 часот, кога вооружени напаѓачи упаднале на местото и отвориле оган“, изјави за медиумите премиерот на провинцијата Квазулу-Натал, Тамсанга Нтули, додавајќи дека две лица го преживеале нападот.

Според првичните информации, двајца напаѓачи упаднале во домот каде што имало 14 лица и отвориле оган. Десет лица загинале на самото место, додека единаесеттата жртва им подлегнала на повредите при транспортот кон болницата.

Пред да побегнат од местото на настанот, напаѓачите го запалиле возилото на сопственикот на куќата.

Според соопштението на полицијата во Квазулу-Натал, прелиминарната истрага открила дека некои од жртвите биле под надзор на полициските разузнавачки служби поради сомневања за незаконски активности, чии детали полицијата не можела да ги открие.

„Иако мотивот за пукањето сè уште не е потврден, не може да се исклучи можноста за судир меѓу ривалски групи“, се наведува во полициското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финале на Скопски градски фестивал: Васко Атанасовски и полифонија во петок

Во петок, 25 септември, со концертот на словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски и Полифонија, ќе заврши седмото издание на Скопскиот градски фестивал, во организација на Баги Комуникации.

Финале на Скопски градски фестивал: Васко Атанасовски и полифонија во петок

Зад фестивалот се неколку исклучителни концертни вечери, секоја со свој карактер, звук и енергија. Уметници од шест земји, премиерни изведби, нови музички соработки и различни генерации музичари ја создадоа годинашната фестивалска приказна, во која се сретнаа џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичките традиции на Балканот.

Силно фестивалско доживување донесоа Мартин Ѓаконовски, Gent Rushi и Thanos Stavridis, трио составено специјално за Скопскиот градски фестивал. Иако во Скопје за првпат засвиреа заедно, тројцата музичари од Македонија, Албанија и Грција на сцената функционираа како одамна изградена целина. Нивните различни музички искуства се споија во возбудлив и природен звук, во кој џезот, етното и медитеранските влијанија постојано се надополнуваа. Премиерата на делото создадено за фестивалот покажа колку интересна и автентична музика може да произлезе од една сосема нова уметничка средба.

Сосема поинаква концертна вечер донесоа пијанистката Милјана Николиќ со програмата „Балкански композитори“ и Мухамед Ибрахими со својот настап заедно со пијанистот Бобан Мирковски. Современата класична музика на автори од регионот и препознатливиот авторски израз на Ибрахими создадоа два различни музички света во една вечер и уште еднаш ја покажаа широчината на фестивалската програма.

Еден од концертите што остави најсилен впечаток беше настапот на Антонио Илиоски и Јана Лолова, со кој го промовираа албумот „Beyond The Silence“. Пред публиката поставија сериозен изведувачки предизвик – програма со дела од Брамс, Дебиси, Прокофјев и Шуман – и го донесоа со извонредна музичка сигурност и убедливост. Особено внимание привлече Антонио Илиоски: млад виолончелист со впечатлива техника, силно сценско присуство и интерпретативна зрелост која далеку ги надминува неговите години. Концертот беше едно од оние фестивалски откритија што најавуваат уметник од кого допрва многу ќе се слуша.

Една од најубавите слики на годинашниот фестивал дојде од летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк, каде настапи младата скопска група Фрекфенција, составена од ученици од основно училиште. Нивниот настап внесе поинаква енергија во фестивалот и покажа колку е важно простор да добијат и оние кои се на самиот почеток од својот музички пат.

Ова издание на фестивалот можеби најдобро покажа што сакаме Скопски градски фестивал да биде – место каде не се носат само готови концертни програми, туку се создаваат нови музички средби и соработки. Особено нè радува што видовме извонредни музичари од различни генерации и од шест земји на иста фестивалска сцена, а публиката со подеднакво внимание ги следеше многу различните концертни програми“, велат од Баги Комуникации.

По концертните вечери кои секоја на свој начин го одбележаа годинашното издание, во петок фестивалот ќе го заокружи Васко Атанасовски, еден од најпрепознатливите современи словенечки саксофонисти и композитори.

Во Скопје, Атанасовски ќе настапи со Полифонија, кој го сочинуваат врвните македонски музичари Сања Шуплевска – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Кристина Стојановска – виола, Александра Јаневска – виолончело и Гоце Маротов – контрабас.

Атанасовски зад себе има богата меѓународна концертна и дискографска кариера и препознатлив авторски јазик во кој се среќаваат џезот, импровизацијата и музичките традиции на Балканот. Со Полифонија ќе изведе свои авторски композиции и музика инспирирана од балканското музичко наследство, во концертот со кој ќе биде затворено седмото издание на Скопскиот градски фестивал.

Основан во 2020 година, Скопскиот градски фестивал во своите седум изданија изгради препознатлив програмски идентитет и свое место на домашната културна сцена. Повеќе од 100 уметници од Македонија и регионот досега биле дел од фестивалот, кој низ годините иницираше премиерни концертни проекти, нови уметнички соработки и средби на музичари, останувајќи доследен на идејата за квалитетна програма и отворен културен дијалог во регионот.

Концертот на Васко Атанасовски и Полифонија ќе се одржи во петок, 25 септември, во Камерната сала на Филхармонија.

Влезниците се достапни онлајн на платформата Wayin.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 24.09.2026 година (четврток), во текот на денот, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер