3Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања
Шоу бизОваа пејачка се омажи за основачот на „Гугл“, има ново занимање и светските ѕвезди ја обожаваатИвана Берендика беше членка на женскиот српски бенд „Моделс“ и пленеше со својата убавина и шарм.Таа пееше во групата две години од 1997 до 1999 година, а подоцна ретко се појавуваше во медиумите. Убавата пејачка ја напушти Србија и својата среќа ја пронајде во Мајами, покрај нејзиниот богат сопруг, а со тоа стана една од најбогатите Србинки, заедно со својата колешка од групата „Моделс“, Сандра Мелниченко. Имено, Ивана се омажи за основачот на „Гугл“, Томас Јермолук, во 2005 година, кој е 20 години постар од неа. По венчавката, Ивана го остави микрофонот и се посвети на дизајнирање накит. Изгледа е добра во дизајнот, а во прилог на тоа зборува и фактот што нејзините модели ги носат светски sвезди како Меган Маркл, Кајли Џенер, Ријана, Ники Минаж, Алиша Кис, Миранда Кер и многу други. Извор: www.srbijadanas.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожариВо текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка на подрачјето на ПСГН Попова Шапка реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и РЦ ГР Север во Скопје и на Граничниот премин Долно Блаце спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај, укажувајќи им на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, при тоа информирајќи ги за функционирањето на системот „Безбеден град“. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.Тагови: безбеден сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦЛегалниот рекет на ПОЦ врз центарци е овозможен од коалицијата СДС и Левица кои наутро очигледно прва мисла им е, како денес да му слугуваме на Герасимовски и Зоран Заев.Наместо од денес, да ставиме крај на рекетарството на ПОЦ, овие луѓе ја одбија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени на паркинг услугите на жителите на Општина Центар. На сила остануваат да важат дуплите и тродупли цени и методи за изнуда на пари од центарци. На сила остануваат да важат политиките кои нѐ прават кираџии во сопствените домови, каде треба да плаќаме кирија за сокаците и тротоарите пред нашите згради. Тоа значи воведување на зонско паркирање. Зонското паркирање значи дека ние центарци можеме бесплатно да се паркираме само во нашата зона, но не и во друга зона. Тоа ако имате дете кое треба да го носите на некоја спортска активност во олимписки базен, вие ако живеете на Водно, ќе го паркирате возилото, ќе мора да плаќате или доколку го носите детето на фудбал во парк повторно мора да плаќате. Зошто центарци да плаќаат кога веќе плаќаат за својата општина? Зошто дополнителни пари ПОЦ да извлекува на граѓаните? Ова не е грижа за граѓаните, како што тие велат. Ова е само начин да се посегне подлабоко во џебовите на центарци, од луѓе кои одамна ја изгубија поддршката од народот. Почитувани, Герасимовски и коалицијата на СДС очигледно немаат намера да ги решаваат проблемите во Општина Центар. Нивна единствена намера е до следните локални избори, да соберат што повеќе пари и да ја соголат општината до коска, само за да ги делат тие пари по тендери и фирми блиски до Венко Филипче и фамилијата Заеви. Ова не се мерки за Центарци, ова се очајни мерки за спас на СДС од пропаст. Диана Ристовска Додевски, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕТагови: Диана Ристовска Додевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампањаРуски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter