3НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
ЗдравјеОва е најопасното време за заспивање: Сите луѓе се навикнати на ова, а не знаат колку е штетноИако заспивањето доцна навечер може да изгледа подобро отколку воопшто да не спиете, ако редовно заспивате по полноќ, тоа може да доведе до низа здравствени проблеми, предупредува д-р Саураб Сети, гастроентеролог од Калифорнија, САД.Тој неодамна го привлече вниманието со предупредување за опасностите од користење пластични шишиња и загревање на храна во амбалажи од брза храна, бидејќи микропластика е пронајдена и во човечки мозоци. Сега, преку видео објавено на ТикТок (@doctorsethimd), каде што има над 504.000 следбеници, 42-годишниот доктор објасни колку е штетно за телото — особено за мозокот — доколку заспиваме по полноќ. Кој си легнува подоцна, побрзо се здебелува Во видеото, кое собра над 29.000 прегледи, тој ги наведува четирите начини на кои телото страда: „Ако редовно останувате будни по полноќ, може да доживеете неколку здравствени проблеми“, вели д-р Сети. „Тоа значи дека најчесто спиете помалку од препорачаните седум до девет часа.“ Според британската здравствена служба (NHS), препорачано е возрасните да спијат 7 до 9 часа — таканаречената „златна осумка“. Но, важно е не само колку спиете, туку и квалитетот на сонот, за телото да може да се регенерира и да функционира оптимално, пишува Сан. Првиот ефект од доцното легнување е зголемување на телесната тежина. Истражувањата покажуваат дека неквалитетен сон ги нарушува хормоните на гладот и ситоста, а заморот нè тера да посегнуваме по висококалорична храна. Можеби ве интересира: Се будите секоја ноќ во точно одредено време? Една студија објавена во JAMA покажа дека луѓето кои заспиваат по полноќ имаат 20% поголем ризик од дебелина или зголемен обем на половината, споредено со оние што легнуваат меѓу 20 и 22 часот. Поголем ризик од депресија и анксиозност Второ, заспивањето по полноќ доведува до пад на расположението. @doctorsethimd What Happens To Your Brain If You Regularly Stay Up Past Midnight ⁉️🤯 #medical ♬ original sound - Doctor Sethi ⚡️ Трето, зголемување на нивото на стрес. Според студија од Станфорд, објавена во „Psychiatry Research“, заспивањето пред 1 часот по полноќ — без разлика на личниот биолошки ритам — е поврзано со подобро ментално здравје. Оние што легнуваат по 1 часот имаат поголем ризик од депресија и анксиозност. Четврто, д-р Сети вели: „Може да имате потешкотии со концентрацијата и размислувањето во текот на денот.“ Првите неколку часа од спиењето (кои често се случуваат пред полноќ) се клучни за длабокиот сон и процесите на регенерација кои се неопходни за функцијата на мозокот и памтењето. Дополнително, раното легнување може да донесе и други здравствени придобивки. Студија на „British Heart Foundation“ покажа дека луѓето кои заспиваат меѓу 22 и 23 часот имаат најнизок ризик од срцеви и циркулаторни заболувања. Оние што легнуваат на полноќ или подоцна, имаат зголемен ризик. Друга студија објавена во „European Heart Journal“ ја потврдува истата врска — порано легнување е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести. Можеби ве интересира: Совети и вежби за полесно заспивање и подобар сон Советот на д-р Сети: „За да го подобрите целокупното здравје — вклучувајќи ја хормоналната рамнотежа, здравјето на цревата, црниот дроб и расположението — обидете се да легнувате пред полноќ и држете се до конзистентно време за спиење. Целете кон 7 до 9 часа сон секоја ноќ.“Тагови: време за заспивање здравје полноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во ГерманијаМицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран. Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио. Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ. Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија. Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок. Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката. Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок. Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ. Тоа што преземале банка сега е под истрага. Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп. Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух. И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Скопје,9.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter