Ова е најдобриот ресторан во светот! (видео)

Познатите светски готвачи во Сингапур во вторникот одлучуваа за овогодинешната листа на 50-те најдобри ресторани на светот, а првото место го доби ресторанот „Миразур“ од Франција.

Оваа награда се доделува веќе 18 години и верувале или не, оваа година за прв пат ресторан од Франција е на првото место.

„Миразур“ го води шефот Мауро Колагреко, а оваа година ресторанот доби и три Мишелин ѕвездички.

Меѓу најдобрите јадења кои се наоѓаат на овој бисер на светската кујна е цвеклото одгледано во нивата на ресторанот, со солена кора и крем од кавијар, јајца, исто така од нивата на ресторанот Миразур, со димена јагула, лешници и бриош од компир, јајца и тартуфи.

На второ место е ресторанот Нома од Копенхаген, кој повторно е отворен како нов ресторан во февруари 2018 година.

Новите правила кажуваат дека рестораните кои веќе биле прогласени за најдобри не можат да се кандидираат повторно, но Нома е исклучок бидејќи овој ресторан победувал 2010, 2011, 2012 и 2014 година, но во меѓувреме ја промени локацијата и ете го повторно на оваа престижна листа, пренесува британскиот „Индепендент“.

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

Пронајдени мигранти од Ирак и Турција

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

притисни ентер