Отворена предистрага за сомневање за шпионажа во Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова - Канал 5

Отворена предистрага за сомневање за шпионажа во Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова

МВР одзеде компјутери и телефони, известен е ОЈО ГОКК.

Отворена предистрага за сомневање за шпионажа во Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова.

Како што се наведува, обвинителството ја започнало постапката на 18 декември 2025 година, веднаш по добивањето на известувањето од Секторот за компјутерски криминал при МВР, по што биле преземени низа законски мерки за обезбедување на доказите.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи спроведува опсежни активности поврзани со наводите за шпионажа. Како дел од истражните дејствија, полицијата веќе конфискувала техничка опрема од Кабинетот на Претседателот и извршила службени разговори.

Од МВР ги потврдија преземените технички и оперативни чекори на терен.

„Ве известуваме дека од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР се преземаат соодветни мерки и активности, односно одземени се компјутерска опрема и мобилни телефони.“

Специјализираните полициски тимови во моментов работат на детална обработка на сите пронајдени дигитални материјали.

„Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема.“

Случајот веќе е процесуиран до обвинителството за соодветно понатамошно постапување со вработените во претседателската институција.

„Извршен е службен разговор со лица вработени во Кабинетот на Претседателот и за истите доставено е известување до ОЈО ГОКК.“

Од полицијата најавуваат дека целосните информации за истрагата ќе бидат споделени по финализирањето на сите проверки.

„По целосно расчистување на случајот јасноста ќе биде соодветно известена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол во организмот и без возачка дозвола, возилото е одземено.

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка

На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје.

При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да поседува возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендери

Европа се соочува со суша, намалување на водните ресурси и пресушување на реките, што создава проблеми за енергетскиот сектор и го зголемуваат ризикот од недостиг на електрична енергија и нов раст на цените.

СДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендери

А Македонија веќе е зависна од увоз на струја, додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со проблеми со загадена вода.

Токму во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити.

Големите дата центри трошат огромни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на бројот на нови работни места и даночните приходи може да биде ограничен.

Еден голем дата центар може да троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно – количина споредлива со дневната потрошувачка на град со 15.000 до 30.000 жители.

Владата на Мицкоски не успева да обезбеди доволно чиста вода за пиење за граѓаните, а сега сака огромни количини вода да стави под ризицик за комерцијални дата центри.

Огромна потрошувачка на вода носи ризик од притисок врз водоснабдувањето, а огромната потрошувачка на електрична енергија отвора ризик од дополнителен увоз и повисоки цени.

Колку дополнителна струја ќе биде потребна за планираните дата центри и колку од неа ќе мора да се увезува?

И уште поважно – кој на крајот ќе ја плати таа струја?

Повторно граѓаните преку повисоки сметки.

Нема одговор ниту на прашањето од каде ќе доаѓа водата за дата центрите.

Колкава ќе биде потрошувачката? Дали ќе има испуштање затоплена вода назад во реките и какви последици тоа може да има врз биодиверзитетот и животната средина?

Водата и струјата не смеат да станат скапа авантура од која ќе профитираат блиските до Мицкоски и ВМРО-ОКГ, а цената ќе ја плаќаат граѓаните.

СДСМ е против ставање на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта.

Затоа бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи за ладење со испарување на вода.

Водата и струјата се стратешки ресурси на граѓаните, а не нов извор за тендерски профити на ВМРО-ОКГ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна хеликоптер во Бразил, има загинати (ВИДЕО)

Четири лица загинаа вчера во хеликоптерска несреќа во Рио де Жанеиро за време на 20-минутен панорамски лет во Националниот парк Тижука, објавија бразилските медиуми.

Се урна хеликоптер во Бразил, има загинати (ВИДЕО)

Пилотот и тројца колумбиски туристи загинаа, објави порталот „G1“.

Хеликоптерот се урна во тешко пристапна пошумена област.

Пожарникарите мораа да користат техники за пристап со јаже за да стигнат до местото на несреќата и да го изгаснат пожарот што избувна откако хеликоптерот се урна и ја зафати вегетацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер