Отворен за сообраќај јужниот крак на Коридорот 10 кај Грделичка клисура

По 50 години од почетокот на работите и по пет години интензивна градба Србија успеа да ја победи и скроти Грделичката клисура и да го комплетира целиот коридор 10 со автопатско решение од вкупно 823 километри. 

Со вчерашното свечено отворање и пуштање во сообраќај на градежното чудо како што го оценија медиумите, Србија ја комплетираше врската од север до југ со 26 те километри од Грделичка клисура кои беа и најтешки за изградба.

Со спектакуларен огномет и со бина поставена под мостот Врла кој се издига на 62 метри беше прославено пуштањето на делницата во која се вградени 211 илјади тони асфалт, било потребно да се отстранат 650 илјади тони камен, да се изградат 15 километри масивни потпорни бетонски ѕидови на косините кои беа и еден од главните проблеми и предизвикаа дополнителни работи откако лани попуштија .

Се изградија две клучки кај Предејане и Владичин Хан, се подигнаа 36 мостови во должина од 5,7 километри и два најсовремени тунела од кои едниот е и најдолгиот во Србија од 1,8 километра. Граѓаните од југот на Србија сега очекуваат ова да им донесе подобар живот, нови инвестиции и нови работни места.

На вчерашното свечено отворање присуствуваше и премиерот Заев и министерот за транспорт и врски Сугаревски. Заев рече дека со намалувањето на физичката и временската дистанца е соодветна на блискота која ја имаат двата народа.

Претседателот на Србија кој денот го помина во обиколка на автопатот со новинарските екипи во својот говор се заблагодари на сите граѓани и градежниците од многу соседни и европски земји кои помогнале овој тежок предизвик да се надмине..

Со пробивањето на последната делница низ Грделичка клисура се комплетираше автопат во должина од 2630 километри од Австрија на север до Солун во Грција на југ.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер